Пребарувај по блогов! (пиши клучен збор + enter)

Конкурс за најдобра летна фотографија

Ете гледате колку треаеше распустот :))))

Ова е начин да го споите убавото со корисното... и летото да го искористите креативно!

Криејтив комонс Македонија објавува конкурс за најдобра фотографија или најдобар видео клип направени со помош на вградена камера од мобилен телефон. Темата е „лето“ по повод стапувањето на ова годишно време, а конкурсот ќе трае до 23 септември, односно до крајот на летото.

Сите пријавени фотографии и кратки видеа ќе бидат достапни преку веб-сајтот за авторски содржини: www.cc.org.mk под лиценцата Наведи извор 2.5 Македонија. Тоа значи дека секој ќе може да го употреби вашето дело, но при тоа ќе биде обврзан да го наведе изворот на оригиналното дело. Целта на овој конкурс е поттикнување на што поголем број корисници на мобилен телефон од Македонија (и аматери и професионалци), да споделат e-содржини со остатокот од светот.


Вашите дела или линкови до нив, поставувајте ги на порталот во категоријатаКриејтив комонс конкурс“, во поткатегоријатафотографијаиливидеосоодветно, заедно со вашите лични податоци: име, презиме и возраст. Доколку имате прашања во врска со начинот на поставување на делата, испраќајте ги на contact@cc.org.mk.Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

Авторот на најдобрата фотографија или кратко видео ќе биде награден со мобилен телефон Sony Ericsson K810i. Изборот на најдоброто дело ќе биде направен од страна на стручно жири.“

Повеќе информации за конкурсот може да видите овде.

Одмор

Знам дека и утре има испит, но еве ден порано објавувам распуштање на блогот.

Ви посакувам убави одмори, многу сонце, долги плажи, топла вода и луда забава. Сите да ми се вратите во септември со нови сили, поубави, попаметни и позаљубени.


Ако има некоја информација во овој „спор“ период ќе ја споделам со вас, а ако нема... само уживајте и секогаш со отворени очи и уши, новинари мои!!!

Ве сака, Елена Ристевска

Вовед во право

Сите оние кои треба да земат оценки по предметот Вовед во право, кај професорот Мицајков, тоа можат да го направат утре, 09.07.2008, во 15 часот.

Оценки Информатика во новинарството

Оценките по предметот Информатика во новинарството кај професорот Зоран Костов, ќе се впишуваат во индексите утре, 08.07.2008 (вторник) во 11 часот.


п.с. Ај нека е аирлија 100- ти пост :))))

Индекси

Индексите се оставени кај професорот Људмил Спасов за да бидат внесени оценките по Македонски јазик. Во 15 часот денеска, двајца колеги ќе ги соберат и ќе ги донесат утре наутро во 10 часот, за да можеме да земеме оценки по предметот Современа европска и македонска историја.

Им честитам на сите колеги кои денеска зедоа оценки и им благодарам на трпеливоста и посветеноста.

Ве сака, мама.

Распоред за земање оценки

Значи комплетниот распоред на земање оценки во моментов е овој:

* Англиски јазик 2, проф. д-р Даница Цветановска, 02.07.2008 во 9 часот

* Македонски јазик 2, проф д-р Људмил Спасов, 02.07.2008 во 10 часот



* Современа европска и македонска историја, проф. д-р Владо Поповски, 03.07.2008 во 10 часот

- оние кои ќе полагаат поправен по СЕМИ утре, 02.07.2008, за земање оценки ќе се договорат дополнително и доколку е можно ќе ги земат во петок, 04.07.2008


* Медиуми и општество, проф. д-р Зоран Костов, 04.07.2008 во 9:30 часот


Оние студенти кои денеска не земаа оценка по предметот Историја на новинарство, бидејќи во досиејата не им се внесени оценките од предметот Англиски јазик 1 од предходниот семестар, ќе треба да разговараат со професорката и во ЕКТС да им биде впишан тој предмет, а потоа ќе можат да си ги земат оценките од втор семестар.