Пребарувај по блогов! (пиши клучен збор + enter)

Се прикажуваат објави со етикета настани. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета настани. Прикажи ги сите објави

Форум Скопје

Форум Скопје се одржува на 06.03. и 07.03.2009, во Домот на армијата во Скопје. Форумот е културно-политичка манифестација со интернационален карактер и со посебен акцент на културата.

Оваа година ќе бидат одржани повеќе панел дискусии на различни теми и ќе учествуваат повеќе гости од Македонија и странство. Меѓу позначајните теми на Форумот се дијалогот и начинот на комуникација меѓу цивилното општество и креаторите на политики, дефинирање на политика и стратегија во културата, улогата на медиумите во, креативноста како корисна алатка во процесот на развој на секторите и други.

Особено интересна за студентите по новинарство ќе биде онаа која се однесува на новинарите и нивната улога во информирањето за културата. Според програмата, дискусијата ќе се одвива на 07.03.2009 во 14 часот. Модератор на панелот ќе биде Michael Zeeman, новинар од Холандија. Освен интересната дискусија за теми кои ги засегаат новинарите, ова е одлична можност да се воспостават контакти со колеги од странство и носители на одлуки кои ќе ви користат во понатамошната работа како новинари.

За да ја погледнете целата програмата за Форумот преземете ја од следниов линк.

Ако сакате да се информирате подетално за Форум Скопје, посетете ја нивната страница.

Back

Еве ме мене назад... и веднаш една интересна вест за да ви ги тргнам мислите од колоквиумот барем за миг. Настан кој вреди да се посети.


По повод Меѓународниот ден на студентите 17 Ноември, студентската асоцијација AEGEE Скопје, ќе организира промотивна интерактивна работилница на тема "Стереотипите и нивните можни решенија". Темата ја рефлектира идејата на прославувањето на Меѓународниот ден на студентите, преку неполитично одбележување на мултикултурализмот. Работилницата завршува со коктел- забава на која студентите ќе имаат можност да разменат искуства и да се забавуваат.


AEGEE Скопје Ве поканува заедно да го одбележиме Меѓународниот ден на студентите!!!

Датум:
17 ноември 2008
Време:
19:00 - 22:00
Локација:
Културен Центар Точка
Каде е Точка? 
позади Соборен Храм

Пријавувањето е задолжително на маил адресата sofijazov@gmail.com.

***

За идејата:

На пример, ако се шетаме навечер во паркот сами и случајно бидеме пресретнати од тројца пензионери, кои одат со бастун и се облечени во крзнени палта, ние можеби нема да се чувствуваме толку исплашени, доколку би биле пресретнати од тројца средношколци кои носат кожни јакни, пушат, зборуваат гласно употребувајќи пцости и недолични зборови. Зошто е тоа така??????????