Пребарувај по блогов! (пиши клучен збор + enter)

Се прикажуваат објави со етикета останато. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета останато. Прикажи ги сите објави

Форум Скопје

Форум Скопје се одржува на 06.03. и 07.03.2009, во Домот на армијата во Скопје. Форумот е културно-политичка манифестација со интернационален карактер и со посебен акцент на културата.

Оваа година ќе бидат одржани повеќе панел дискусии на различни теми и ќе учествуваат повеќе гости од Македонија и странство. Меѓу позначајните теми на Форумот се дијалогот и начинот на комуникација меѓу цивилното општество и креаторите на политики, дефинирање на политика и стратегија во културата, улогата на медиумите во, креативноста како корисна алатка во процесот на развој на секторите и други.

Особено интересна за студентите по новинарство ќе биде онаа која се однесува на новинарите и нивната улога во информирањето за културата. Според програмата, дискусијата ќе се одвива на 07.03.2009 во 14 часот. Модератор на панелот ќе биде Michael Zeeman, новинар од Холандија. Освен интересната дискусија за теми кои ги засегаат новинарите, ова е одлична можност да се воспостават контакти со колеги од странство и носители на одлуки кои ќе ви користат во понатамошната работа како новинари.

За да ја погледнете целата програмата за Форумот преземете ја од следниов линк.

Ако сакате да се информирате подетално за Форум Скопје, посетете ја нивната страница.

Полуфинале на ораторска вечер „Иво Пухан“

Во понеделник, 01.12.2008 во 12 часот, во свечениот амфитеатар (амф.1) на Правниот факултет, ќе се оддржи полуфинале на Ораторката вечер „Иво Пухан“.

Ова воедно е покана за сите оние студенти кои сакаат да присуствуваат.

МладиИнфо

http://www.mladiinfo.com е портал каде на еден куп можете да најдете корисни информации за стипендии, грантови, семинари, размени на студенти, пракса и се она кое може да ви помогне да се изградите професионално.


Покрај тоа што е забавен, посветен на сите млади луѓе, порталот овозможува да се поврзете со слични портали и веб сајтови каде би можеле дополнително да ископате информации кои ќе ви користат.

Се надевам ќе го погледнете и ќе пронајдете барем нешто што ќе ви фати око, но секако може да го следите континуирано бидејќи податоците постојано се освежуваат и се објавуваат нови. 


Извор: www.mladiinfo.com

mladiinfo.com provides the service information about scholarships, studies, masters phd, trainings, conferences, grants, internships and jobs for young people.

 

Покана

Емисијата EXPLOSIVE сака да ги покани студентите од втора година на новинарските студии при Правниот факултет во Скопје како публика во својата наредна емисија. Гостите ќе присуствуваат на снимањето на емисијата, со можност да поставуваат прашања и секако добро да се забавуваат. Снимањето е во петок од 18 до 20:30 часот, а сите кои сакаат да се пријават нека исконтактираат со Искра Коровешовска.

Конкурс за најдобра летна фотографија

Ете гледате колку треаеше распустот :))))

Ова е начин да го споите убавото со корисното... и летото да го искористите креативно!

Криејтив комонс Македонија објавува конкурс за најдобра фотографија или најдобар видео клип направени со помош на вградена камера од мобилен телефон. Темата е „лето“ по повод стапувањето на ова годишно време, а конкурсот ќе трае до 23 септември, односно до крајот на летото.

Сите пријавени фотографии и кратки видеа ќе бидат достапни преку веб-сајтот за авторски содржини: www.cc.org.mk под лиценцата Наведи извор 2.5 Македонија. Тоа значи дека секој ќе може да го употреби вашето дело, но при тоа ќе биде обврзан да го наведе изворот на оригиналното дело. Целта на овој конкурс е поттикнување на што поголем број корисници на мобилен телефон од Македонија (и аматери и професионалци), да споделат e-содржини со остатокот од светот.


Вашите дела или линкови до нив, поставувајте ги на порталот во категоријатаКриејтив комонс конкурс“, во поткатегоријатафотографијаиливидеосоодветно, заедно со вашите лични податоци: име, презиме и возраст. Доколку имате прашања во врска со начинот на поставување на делата, испраќајте ги на contact@cc.org.mk.Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

Авторот на најдобрата фотографија или кратко видео ќе биде награден со мобилен телефон Sony Ericsson K810i. Изборот на најдоброто дело ќе биде направен од страна на стручно жири.“

Повеќе информации за конкурсот може да видите овде.

Одмор

Знам дека и утре има испит, но еве ден порано објавувам распуштање на блогот.

Ви посакувам убави одмори, многу сонце, долги плажи, топла вода и луда забава. Сите да ми се вратите во септември со нови сили, поубави, попаметни и позаљубени.


Ако има некоја информација во овој „спор“ период ќе ја споделам со вас, а ако нема... само уживајте и секогаш со отворени очи и уши, новинари мои!!!

Ве сака, Елена Ристевска