Пребарувај по блогов! (пиши клучен збор + enter)

Кратко инфо

Има мала промена во распоредот. Предавањата по предметот Интеркултурна комуникација и медиуми наместо од 17 часот како што беше наведено во распоредот ќе се одржуваат од 16 часот.

П.С. Петок... Мома (на Млечен)... 22 часот... Присуство задолжително :)

Промена на терминот за земање оценки

Има мали промени во терминот за земање оценки по предметот Македонски јазик 3 кај проф. д-р Катерина Велјановска. Оценките ќе се впишуваат во индексите на 06.03.2009 (петок) во 09.45 часот.


Значи некој од групата ќе треба да ги собере индексите и да ги однесе кај асистентката, а може да се подигнат после 11 часот. За детали околу ова ќе се договориме денеска на предавање.

* промените во распоредот на предавања се внесени и на блогов

Земање оценки

Оценките по предметот Македонски јазик 3 кај проф. д-р Катерина Велјановска ќе се впишуваат во индексите на 03.03.2009 (вторник) во 11.00 часот.


Со оглед на тоа што во тој термин ние ќе завршиме со предавање, ќе ги собереме индексите заедно со пријавите за овој предмет и некој ќе ги остави кај асистентката Катерина Митиќ за да бидат напишани. Потоа во текот на денот или следниот ќе треба некој да ги подигне повторно од кај асистентката.