Пребарувај по блогов! (пиши клучен збор + enter)

Презакажување на испитот и колоквиумите по Вовед во право

Дечки како што сите знаете, еве ни денес не се објавени резултатите од колоквиумите и испитите по некои предмети. Настана иницијатива за која мора сите да се консултираме и затоа и го пишувам овој пост.
Бидејќи резултатите од вториот колоквиум по право се уште не се објавени, а веќе требаше да бидат пријавени поправните колоквиуми, а треба да се пријави и испитот по право, има предлог да се обратиме до асистентот Манасиев и да побараме презакажување на терминот за полагање кој е закажан за понеделник 04.02.2007, за недекој ден од неделата после тоа. Пишувајте сите како ви изгледа оваа инцијатива, бидејќи треба да се консултираме со асистентот и можеби со професорот, па може и ќе се собираат потписи.

Слики од кафана

Сите што сакаат да ги видат сликите од петокот од кафана, само клик од десно на Journalism Group Photos, one click a lot of fun!!! Уживајте.
п.с. вечер се оди во Маракана!

More, more, more....

Преземено од страната на Правен факултет...

Студентите од прва година поправните колоквиуми (прв или втор) или тој што ќе го преполагаат ги пријавуваат преку своите електронски досиеа од 28 до 30 јануари.

Студентите од прва година (редовни и вонредни) цел испи пријавуваат од 31 јануари до 2 февруари.

Распоред на испити во испитна сесија

Понеделник, 04.02.2008- Вовед во право (17:30- 19:30) тест и есеј


Вторник, 05.02.2008- Македонски јазик 1 (11:00- 13-00) тест и есеј

Среда, 06.02.2008- Вовед во новинарство (13:00- 15:00) тест и есеј

Четврток, 07.02.2008- Вовед во економика (11:00- 13:00) тест и есеј

Петок, 08.02.2008- Англиски јазик 1 (15:00- 17:00) тест и есеј


  • Во февруарската поправна / испитна сесија, студентите полагаат:

Прв тест – за студентите кои не го положиле или не се задоволни од резултатот

Втор тест - за студентите кои не го положиле или не се задоволни од резултатот

Цел испит - за студентите кои не ги положиле двата теста или не се задоволни од резултатот

Цел испит за вонредни студенти

Есеј за студентите кои не правеле есеј или не се задоволни од резултатот и за вонредни студенти

* Студентите кои сакаат да поништат резултат од тест, треба само да го пријават тестот кој сакаат повторно да го полагаат.

Корисни информации од огласна табла

Семестарот ќе се заверува од 15.02.2008.

Колоквиумската недела трае од 21- 26.01.2008

Сесија трае од 04- 08.02.2008

Вториот семестар почнува од 18.02.2008 (со тоа што сите кои сакаат да го посетат предавањето на француските новинари може да дојдат на 14.02 во 13 часот)

Испитот по Македонски јазик е презакажан за 26.01.2008, сабота во 10 часот.

На 26.01.2008, повторно ќе се организира забава во кафе Allure... за малце да се опуштиме после напорната недела.

А... пазете го анимираново филмче. Верверичка самоубиец на 100 начини :P



Обавезно видете го и второто самоубиство, кога е во сауна. Крш!

Проблеми со пријавување на колоквиуми

Преземено од страната на Правен факултет...

Студентите кои наидоа на проблем при пријавување на вторите колоквиуми, ги замолуваме да пробат да пријават повторно. Студентите кои не оствариле 61% присуство на час нема да можат да пријават колоквиум.

Студентите кои ги презапишале предметите Вовед во правото, Економика и Социологија на право, не треба да ги пријавуваат колоквиумите.

*Само што се обидов да пријавам Македонски.... и успеав да го пријавам и вториот колоквиум... така што најверојатно само оние кои навистина немаат 61% присуство, не можат да пријават... Пробајте сите!

Пријавување на вторите колоквиуми за студентите од прва година

Преземено од страната на Правен факултет...

Студентите од прва година задолжително ги пријавуваат вторите колоквиуми преку своите електронски досиеа почнувајки од 14.01.2008 година. Право да пријават колоквиум имат студентите кои одтвариле 61‘ присуствување мора да добиете потврден одговор дека УСПЕШНО сте пријавиле колоквиум, а доколку не го исполнувате потребниот цензус од 61‘ присуство ќе ви покаже дека НЕМАТЕ ПРАВО да пријавите колоквиум поради недоволно посетувана настава. Студентите кои нема да пријават колоквиум, во никој слуќај нема да можат да го полагаат колоквиумот.

п.с. За шифрите на вашите електронски досијеа, ќе се обратите кај Сашка Мишевска.

Право за утре...

За предавањето Вовед во право, за утре, обврска за презентација имаат овие студенти... по број на индекс...

2328 419-422
2375 425-428
2370 428-433
2324 434-437
2319 437-440
2308 446-450
2302 450-455
2284 455-459
2391 459-462
2312 462-465
2337 466-472

Важно, важно!!!

1. Демонстраторката по Вовед во новинарство, Илина, ви порачува:

„Во петок, 11.01.2008, во 14 часот, ќе се прави првиот и вториот дел од есејот!!! Ќе се најдеме пред елката!!! ;-)“

Претпоставувам ова е информација за сите оние кои не присуствуваа на некој од есеите, а воедно и шанса на сите оние денес кои ме прашаа кому да му ги предадат семинарските што ги работеле. Значи дечки, кај Илина во петок во 14 часот.


2. Вториот есеј по Вовед во економика ќе биде во среда, 16.01.2008, во 12 часот. Со оглед на тоа што резултатите од првиот есеј не се премногу задоволувачки, тој носеше 10 поени, а толку ќе носи и вториот.

На есејот ќе бидат дадени 5 теми, од кои 3 ќе бидат теми со наше лично мислење во врска со некои економиски проблеми, а 2 теми ќе бидат како и предходно, од книгата.

Исто така во среда, по есејот, сите оние на кои им останаа делови од Макроекономика недопредадени (последните две теми) ќе ги презентираат своите делови кај асистентот.


Распоред за втора колоквиумска недела

Дечки, на страната на Правен факултет е објавен распоредот за полагање на колоквиуми (и испити) во втората колоквиумска недела. Може да го видите таму, а еве го и овде преземено.

Понеделник, 21.01.2008- Вовед во право (14:30- 15:30)

Вторник, 22.01.2008- Македонски јазик 1 (12:00- 13-00)

Среда, 23.01.2008- Вовед во економика (14:30- 15:30)

Четврток, 24.01.2008- Вовед во новинарство (14:30- 15:30)

Петок, 25.01.2008- Англиски јазик 1 (12:00- 13-00)

п.с. Нешо ме праша за темите за семинарски по Вовед во право... Немам информација, му испратив маил на асистентот, но се уште немам одговор. Кога ќе имам, ќе објавам на блог!

Среќна Нова година


Дечки сите желби да ви станат стварност во новата година. Да бидете среќни и сите испити да ги положите.



Секако да бидете вљубени и успешни.