Пребарувај по блогов! (пиши клучен збор + enter)

Се прикажуваат објави со етикета пракса. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета пракса. Прикажи ги сите објави

Есеј по „Уредување во новинарството“

1.) Сите студенти барем еднаш да се појават во редакција ВЕСТ и да покријат барем еден настан. Термините остануваат во четврток и петок во 09.30. Кој сака да дојде повеќе пати - добредојден е. Тоа е за негово добро.

2.) На 8.12 не се работи, на 15.12.2009 задолжително да се појавите на час за да се вежба Критериум за избор на вести, Како да се направи приказната со краен рок и Дефинирање на работна задача. Тоа ќе биде темата на Есејот.

3.) Есејот ќе се прави на 22.12.2009. Oбрнете внимание на одделот Како да се направи приказната со краен рок и Дефинирање на работна задача. Ќе добиете неколку замислени ситуации од кои за 2 часа ќе мора да се направи радио, ТВ прилог или текст за весник, интернет издание. Затоа препорачливо е да се појавите на час на 15.12.2009.

4.) Во атачмент во пдф формат ви е прирачникот за предметот од којшто ќе бидат извлечени прашањата за испитот. Обрнете внимание на вежбите и практичните примери. Прирачникот не е обемен, Прочитајте го пред 15.12, па ќе продискутираме на час.

5.) Ако некој не е задоволен од резултатите од есејот, стојам на располагање до крај на семестарот или во испитната сесија да направиме и поправен есеј. Датумот ќе го договориме дополнително.

Поздрав
Горан Михајловски

Пракса во „ДНЕВНИК“

Потсетување до сите кои се заинтересирани да ја посетуваат редакцијата на весникот „Дневник“.
Потребни се дополнителни информации:
- во коментар, запишете ги вашите податоци (име, презиме и индекс), кој месец сакате да одите, како и рубриката која Ве интересира.
Пожелно е секој да има реализирано посета од 1 месец.

!!!Пријавувајте се до крајот на оваа недела, за да можат да се формираат групи од по 5 студенти, кои ќе почнат со пракса, веќе од наредниот понеделник (07.12.09)!!!

За месец ДЕКЕМВРИ, досега се пријавија:
1.) Славица Момировска 2333 - Спорт
2.) Ивана Момироска 2344 - Култура


За останатите месеци веќе пријавени се:


ФЕВРУАРИ:

1.) Ана Кукоска 2293 – Култура

2.) Александар Јакимовски 2339 - Спорт / Хроника

3.) Ивана Соколовиќ 2342


МАРТ:
1.) Моника Ристеска 2296 – Омнибус / Хроника / Метропола
2.) Сашка Додевска 2305 – (само не економија)
3.) Александра Маневска 2375 – (само не економија)

Посета на редакција

Во рамки на практикумот Уредување во новинарството, стучниот соработник за овој предмет, Горан Михајловски, предложи посета на редакцијата на дневниот весник Вест.

Посетите ќе се одвиваат во текот на вториот дел од семестарот и тоа во четврток и петок во 9:30 часот. Секоја група ќе се состои од 7-8 студенти кои се пријавуваат на блог или на мојата електронска адреса e_ristevska@yahoo.com. Бројот на посети на редакцијата не е ограничен.

Редакциските посети започнуваат оваа седмица, и тоа во четврток (19.11.2009 во 9:30 часот) и во петок (20.11.2009 во 9:30 часот). Би ги замолила колегите да се пријавуваат само кога ќе бидат апсолутно сигурни дека ќе бидат во можност да присуствуваат. Список на студенти кои ќе го посетат весникот ќе биде објавен на блог најдоцна до утре (за четврток) и задутре (за петок).


Список за посета, четврток 19.11.2009

1. Моника Ристеска 2296
2. Ивана Јариќ 2345
3. Александра Маневска 2375
4. Сашка Додевка 2305
5. Ангела Николовска 2361
6. Симона Симионова 2281
7. Пеце Ацев

Список за посета, петок 20.11.2009
1. Андријана Тарабунова 2350
2. Ана Кукоска 2293
3. Марија Главчева
4. Моника Ристеска 2296
5. Лина Симеонова 2129
6. Габриела Петковска 2325
7. Ивана Соколовиќ 2342

Пракса во „Дневник“

Сите студенти кои се заинтересирани да одат на пракса во „Дневник“ кај асистентот Сашо Кокаланов, нека се пријават во коментар под овој пост, наведувајќи ја и рубриката во која би сакале да се вклучат.