Интернаципнален Фестивал за Филмска Камера „Браќа Манаки“
Во склоп на Интернаципналниот Фестивал за Филмска Камера „Браќа Манаки“, кој ќе се одржи од 16-22 октомври во Битола, работилница ќе одржи филмскиот критичар и уредник на светски познато списание Варајети, Кирстин Вајлдер.
Работилницата ќе трае четири дена (17 – 20 октомври), a поканети се сите заинтересирани новинари и студенти по новинарство. Работилницата е на англиски јазик.
Ве известуваме дека на седум студенти ќе им обезбедиме сместување во студентски дом (за сите четири дена) и акредитација, со која ќе можат да ги проследат и сите останати програми во склоп на фестивалот.
Доколку сте заинтересирани пишете на monika.risteska@gmail.com и дополнителните информации во врска со аплицирањето ќе ги добиете по маил.
Своите апликации може да ги испратите најдоцна до петок 24.09.2010 на мејловите:
М-р Билјана Петровска: bile_pet@yahoo.com
М-р Даниела Блажевска: danielablazevska@gmail.com
работилница 420 Macedonia четврток, 23 септември 2010 г. 0 коментари
Претплати се на:
Коментари на објава (RSS)
0 Responses to "Интернаципнален Фестивал за Филмска Камера „Браќа Манаки“"
Објави коментар