Пребарувај по блогов! (пиши клучен збор + enter)

Англиски јазик 3

Предавањата од предметот Англиски јазик 3, наместо од 13 часот како што беше наведено во распоредот, ќе започнуваат од 13:30 часот. Промените ќе бидат внесени и во распоредот на оваа страна.


По овој предмет се користи истата книга која ја користевме и во претходните два семестри, како и работната тетратка која во овој семестар ќе треба да се пополни до крај.

Сите колеги кои сакаат да презентираат теми по овој предмет (за поени од активност), можат веќе да се пријавуваат, а имињата на тие кои ќе одберат теми ќе бидат објавувани на блог пред секое предавање.


Пример уплатница за партиципација


* клик на сликата за подобар преглед

* пример- уплатницата е преземена од страната на Правниот факултет

Институти на јавно и приватно право

Предавањата по предметот Институти на јавното и приватното право, за студентите од студиите по новинарство, закажани за ден 25.09.2008 година (четврток) се одложуваат. Терминот за надополнување на овие предавања дополнително ќе биде определен во согласност со студентите

Октомвриска дополнителна сесија ќе има само за студентите кои имаат запишано 6 (шести) семестар - т.е. за студентите кои треба да дипломираат. Што значи, оваа сесија не важи за нас.

* преземено од страницата на Правен факултет

Вовед во политички науки

По договор со професорот Бајалџиев, предавањата од овој предмет, наместо во понеделник, ќе се оддржуваат во четврток од 8-11 часот во амфитеатар број 10.

Со цел студентите да се здобијат со поени од активност по овој предмет, ќе имаат право да избираат делови од тематски целини и да ги презентираат. Студентите се пријавуваат за време на тековните предавања.

Распоред на предавања за трет семестар

Вторник
Комуникациски теории 16- 19:30 часот (амф. 4)
Проф. д-р Т. Груевски

Среда
Јавно мислење 08- 11:30 часот (мал амф. 1)
Проф. д-р Љ. Јакимовски

Четврток
Вовед во политички науки 08:30-11 часот (амф. 10)
Проф. д-р Д. Бајалџиев

Институти на јавно и приватно право
12- 15 часот (мал амф. 2)
Група професори

Петок

Македонски јазик 3 08:30- 11 часот (мал амф. 1)
Проф. д-р К. Велјановска


Англиски јазик 3 11:00- 13:30 часот (амф 10)
Проф. д-р Д. Цветановска

* фала Пеце

Испит Историја на новинарство

Поради технички проблеми испитот од предметот Историја на новинарство кој беше закажан за 09.09.2008 не се оддржа и се презакажува за:

Среда, 17.09.2008- Историја на новинарство (11:00- 12:30)

*информацијата е преземена од страницата на Правниот факултет

Заверување втор семестар

Преземено од страната на Правен факултет:

Студентите кои го немаат заверено 2 семестар, треба тоа да го сторат најдоцна до 05.09.2008 (петок) на Студентски прашања. Оние кои немаат заверено семестар, ќе немаат право да полагаат испити и да земаат оценки. Доколку немате заверено семестар, а треба да полагате некој од испитите тоа треба да го направите до полагањето на испит.