Пребарувај по блогов! (пиши клучен збор + enter)

Оценки

Оцени по предметот „Аналитички жанрови во новинарството“ и „Технологија и организација во новинарството“ кај проф. Д-р Веле Смилевски ќе се впишуваат на 01. 09. 2010 среда во 16:15 часот во кабинетот на професорот.

Од проф. Д-р Веле Смилевски

Се бара ланската скрипта по С.И.

Доколку некој ја има минатогодишната скрипта по Слобода на изразвање од Проф. д-р Љубомир Јакимовски, нека пише во коментгар или нека ми пише на маил.

Потребна и е на професорката.

Поправен есеј по „Слобода на изразување“

Поправниот есеј по „Слобода на изразување“ ќе се одржи после испитот на 06.09.10 (понеделник).

Оцени по Слобода на изразување

Студентите кои немаат земено оцена по предметот Слобода на изразување, истото можат да го направат на 01,09,2010 (среда) во 12 часот, во кабинетот на професорката Тасковска

Апсолвентски стаж

Добив информација од колегите дека мора да се потпише петиција за одобрување на апсолвентски стаж од (барем) една година. Во спротивно, сите оние кои во Септември нема да ги положат заостанатите предмети, истите ќе мораат да ги презапишат без оглед на тоа дали сеуште имаат шанси за полагање.
Би ве замолила, да се јавите во што поголем број и да не дозволиме и на крајот на студиите да ги оставиме работите такви какво што сакаат да ги наметнат.
Исто така, некој од организаторите, нека каже дали може и ние кои дипломиравме, да застанеме и да ве поддржиме во целта, со групно собирање пред факултет или во потпишувањето.