Пребарувај по блогов! (пиши клучен збор + enter)

Силабус по предметот „Политички систем“ кај Проф. д-р Саво Климовски

(Кликнете на сликите за подобар поглед)

Силабус по предметот „Политички систем“ кај Проф. д-р Саво Климовски, за сите колеги кои го бараа.

Применета економика - мала промена во распоредот за следната недела

Предавањата по предметот „Применета економика“ кај Проф. д-р Софија Тодорова, предвидени за следната недела, се одложуваат за еден ден, односно наместо во понеделник, ќе се одржат во вторник на 05.05.2009 од 12:00 до 15:00 часот.

За вториот час да бидат подготвени студентите кои треба да предаваат за 17 и 18 тема.

На третиот час ќе се одржи вториот есеј, на кој имаат право само оние студенти кои го правеле првиот.

Останатите кои не го правеле првиот есеј или пак, оние кои не се задоволни од резултатот постигнат на првиот есеј, имаат право да полагаат само 1 есеј во 12та недела на материјалот од целата книга.

Есеи - етика

Есеите по етика:

1. Тема од учебникот раскажана во 3-6 страници

2. За животот на некој филозоф, од листовите кои ги делеше асистентот;

Есеите можат да се предадат на 07.05.2009 на предавањето, или пак на 28.05.2009 во 11 часот бидејќи асистентот нема да присуствува на другите предавања.

Распоред за полагање на втори колоквиуми и испити во јунска испитна сесија

II КОЛОКВИУМ IV СЕМЕСТАР 2009 ГОДИНА

Предмет

Кол. 1

Кол. 2

Испит

Датум

Ден

Час

Теории на новинарство

Х

1.06.2009

Пон.

12:00

Применета економика

X

2.06.2009

Вто.

12:00

Етика во новинарството I

Х

3.06.2009

Сре.

12:00

Интеркултурна комуникација и медиумите

Х

4.06.2009

Чет.

12:00

Политички систем

Х

8.06.2009

Пон.

14:00

Права и слободи на човекот во РМ

Х

9.06.2009

Вто.

14:00


ИСПИТ ЈУНИ IV СЕМЕСТАР

Предмет

Кол. 1

Кол. 2

Испит

Датум

Ден

Час

Теории на новинарство

Х

15.06.2009

Пон.

12:00

Етика во новинарството I

Х

16.06.2009

Вто.

12:00

Интеркултурна комуникација и медиумите

Х

17.06.2009

Сре.

12:00

Применета економика

Х

18.06.2009

Чет.

12:00

Политички систем

Х

19.06.2009

Пет.

12:00

Права и слободи на човекот во РМ

Х

20.06.2009

Саб.

12:00



Распоредот е преземен од страната на Правниот факултет.

Интеркултурна комуникација и медиумите

Книгата по предметот Интеркултурна комуникација и медиумите, се вика "Пукнатини во културата" (org. Dragan Kokovic "Pukotine kulture"), треба да се купи од книжарата на Филолошки факултет и истата е напишана на српски јазик.

Предавањата по овој предмет, од понеделник ќе се оддржуваат на Филозофскиот факултет, поради тоа што во тој термин нема слободна просторија кај нас.

Модератори

Нови модератори на блогот ќе бидам Моника Ристеска, Ивана Цветановска и Ивана Милосковска.

Би ги замолила сите да ги објават своите e-mail адреси во еден пост за да може секој кој сака да ги контактира и да им достави информации кои би се објавувале на блогот да може да го направи тоа едноставно и брзо.

Прв есеј по „Теории на новинарството“

Денес ќе се одржи првиот есеј по предметот „Теории на новинарството“ кај проф. д-р Веле Смилевски.
Станува збор за вест во низа од по 3 поединечни вести на актуелна тема и ќе носи вкупно 5 поени.

Се бара модератор!

Дечки, со оглед на моите секојдневни обврски забележителна е неактивноста на овој блог. Со други зборови, мајка не успева секогаш да пофати конци помеѓу работните и факултетските обврски. Со цел да го заджиме животот на блогот...

Ова е официјален повик за сите кои се заинтересирани да го администрираат блогот со моја помош. Потребни се од еден до тројца модератори кои навремено ќе ја освежуваат базата на податоци и ќе ве држат информирани.

Се надевам дека ќе се најдат јунаци кои своите сознанија ќе сакаат да ги споделат со сите нас. Ве поканувам да се пријавите во што поголем број на мојата е-маил адреса... за оние кои не ја знаат таа е e_ristevska@yahoo.com или нека остави коментар на блогот.

Chears