Пребарувај по блогов! (пиши клучен збор + enter)

Се прикажуваат објави со етикета учебници. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета учебници. Прикажи ги сите објави

Институции и право на ЕУ

Примерок од скриптата по предметот „Институции и право на ЕУ“ кај проф. д-р Стефан Георгиевски, е оставен во фотокопирницата во која секогаш фотокопираме (веднаш на автобуската, спроти Бит-пазар).
Скриптата е насловена:
„ВОВЕД ВО ПРАВОТО НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА (ПРВ ДЕЛ) - НОВИНАРСТВО.

Односи со јавност

Ristevska wrote: Важно е дека линкот за симнување е променет и новиот линк ќе ви го даде фајлот во вашиот прелистувач како pdf документ (download file и внесувате шифра која ви ја генерира страницата) кој потоа можете да го сочувате на комјутерот. Се надевам дека овој пат нема да има проблеми со симнувањето на фајлот... а доколку има ве молам пишете!

Учебникот по предметот „Односи со јавност“ кај проф. д-р Томе Груевски е во PDF формат и можете да го симнете кликнувајќи тука!

Деталната предметна програма ќе ја знаеме кога ќе го добиеме силабусот по овој предмет, каде точно ќе бидат наведени главите кои се потребни за учење.

Во ЧЕТВРТОК (01.10.09) во 9:45 кој може нека дојде пред МТВ. Ќе имаме практичен час со Даниела Блажевска.

Интеркултурна комуникација и медиумите

Книгата по предметот Интеркултурна комуникација и медиумите, се вика "Пукнатини во културата" (org. Dragan Kokovic "Pukotine kulture"), треба да се купи од книжарата на Филолошки факултет и истата е напишана на српски јазик.

Предавањата по овој предмет, од понеделник ќе се оддржуваат на Филозофскиот факултет, поради тоа што во тој термин нема слободна просторија кај нас.

Учебник Комуникациски теории

Со оглед на тоа што оваа учебна година нема да добиеме бесплатни учебници од предметот Комуникациски теории I, тие ќе мора да се купат. Сите студенти кои сакаат да земат учебник ќе треба да се запишат на список кој ќе го направиме, а учебникот чини 460 денари и ќе го подигнеме кај предметниот професор.