Пребарувај по блогов! (пиши клучен збор + enter)

Се прикажуваат објави со етикета Семинарска работа. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета Семинарска работа. Прикажи ги сите објави

Апел за праќање на семинарските по П.Е.М.

Доколку не се собере соодветен број на семинарски по предметот: Печатени и електронски медиуми, за жал за испитот ќе мора да учиме од стариот материјал кој е доста обемен!

Наместо да се пишуваат две различни семинарски од по 10 страни (на 2 теми), може да се напише и една голема семинарска од 20тина страници, која ќе се состои од два дела (на иста тема).
Ако работите во групи, бројот на страници треба да е поголем.
Тие што нема да пратат 2 семинарски (или 1 голема), нема да го добијат максимумот поени за активност.
Семинарските не се задолжителни и тие што нема да пратат ниту една, нема да имаат поени за активност.

ЦИТИРАЊЕ по светски стандарди:
прво име и презиме, запирка, во коси букви наслов на делото од кое се цитира, издавач, град, година на издавање и страна од која се цитира. Секој цитат мора да почне со навод и да заврши со навод.


Задолжително е цитирање на користената литература и за секоја семинарска да се испратат по 10 прашања со по 5 одговори.
Пожелно е да подготвите и Power Point презентација.

Темите се слободни, но да бидат побврзани со предметот.

Предлог тема: „Уредувачка политика на медиумите во поврзаност со политизацијата/политичките структури)“.

Адреси за праќање на семинарските:
Aсистентката: andrijana.korovesovska@gmail.com
Професорката: kristiico@yahoo.com

Соопштение за есеи и семинарски

***Есеј по предметот Известување во новинарството ќе правиме на 02.12(среда), а темите за истиот ќе ги добиеме на предавање оваа недела кај Васко Попетревски.

***На 28.12(понеделник) ќе се полага есеј по предметот Новинарство во печатени и електронски медиуми кај професор Љ. Јакимовски. На предавањето по истиот предмет кое ќе се оддржи на 14.12 асистентката ќе ни посочи на некои правила во врска со есејот, а темата ќе биде од изучениот матријал. На пр. Агресија, Насилство во медиумите.... во кои е најважно да се истакне сопствениот стил на пишување.

***По предметот Односи со јавноста кај проф. Томе Груевски треба да се направи семинарска работа која носи 20 поени, наместо стандардниот есеј. Темите и правилата за семинарската, можете да ги погледнете во силабусот по истиот предмет.

***Оние студенти кои НЕМА да учествуваат во проектот за МОБИНГ во кој сме веќе поделени во групи, можат да направат семинарска работа и по предметот Новинарство во печатените и електронски медиуми на тема избрана од книгата по тој предмет.

Семинарска по „Новинарство во печатени и електронски медиуми“

За следниот час (23.11.2009 - понеделник) по предметот „Новинарство во печатени и електронски медиуми“ кај Проф д-р Љубомир Јакимовски, да се изработи семинарска работа од 3 - 5 стр. на тема:

„Како македонските медиуми известуваа за македонската енциклопедија?“