Пребарувај по блогов! (пиши клучен збор + enter)

Соопштение за есеи и семинарски

***Есеј по предметот Известување во новинарството ќе правиме на 02.12(среда), а темите за истиот ќе ги добиеме на предавање оваа недела кај Васко Попетревски.

***На 28.12(понеделник) ќе се полага есеј по предметот Новинарство во печатени и електронски медиуми кај професор Љ. Јакимовски. На предавањето по истиот предмет кое ќе се оддржи на 14.12 асистентката ќе ни посочи на некои правила во врска со есејот, а темата ќе биде од изучениот матријал. На пр. Агресија, Насилство во медиумите.... во кои е најважно да се истакне сопствениот стил на пишување.

***По предметот Односи со јавноста кај проф. Томе Груевски треба да се направи семинарска работа која носи 20 поени, наместо стандардниот есеј. Темите и правилата за семинарската, можете да ги погледнете во силабусот по истиот предмет.

***Оние студенти кои НЕМА да учествуваат во проектот за МОБИНГ во кој сме веќе поделени во групи, можат да направат семинарска работа и по предметот Новинарство во печатените и електронски медиуми на тема избрана од книгата по тој предмет.

1 коментари:

420 Macedonia responded on 23 ноември 2009, во 19:46 #

Сите колеги што беа и се заинтересирани за волонтерство во „Дневник“ во коментар на блогов или кај мене на e-mail: monika.risteska@gmail.com
нека се доискажат во врска со рубриката што ги засега, како и со месецот во кој би сакале да волонтираат.