Пребарувај по блогов! (пиши клучен збор + enter)

Оценки по „Етика во новинарството“

Оценки по предметот „Етика во новинарството“ кај Проф. д-р Иванчо Атанасовски ќе земаме на 30 јуни (вторник) во 10:00 часот.

Списоци за полагање

Списоците со студентите кои имаат право да ги полагаат вторите колоквиуми (испит) од 4 семестар во групата Новинарство.

Преземи тука...

Теории на новинарството

Применета економика- новинарство

Етика во новинарството

Интеркултурна комуникација и медиуми

Политички систем- новинарство

Права и слободи на човекот во РМ


Распоредот за полагање на вторите колоквиуми и испитите од 4 семестар може да се погледне тука.

* податоците се преземени од страницата на Правниот факултет

За пријавување на колоквиуми

Вторите колоквиуми студентите НЕ ТРЕБА да ги пријавуваат, туку ќе бидат објавени списоци на сите студенти кои имаат право да полагаат.

Студентите кои нема да се најдат на тие списоци, а сметаат дека имаат право да полагаат, ќе треба да се обратат во Компјутерскиот центар, за надминување на проблемот.
Студентите ќе мора ЗАДОЛЖИТЕЛНО да ги пријават поправните колоквиуми и испити во термини кои ќе бидат дополнително определени.

Распоредите за полагање по простории ќе бидат истакната намалку 24 часа пред полагање.



***Преземено од страницата на Правен факултет

Mailing list

Студентите кои сакаат да комуницираат преку маил (во врска со испитни материјали) нека остават свој маил во коментар под овој пост.

Поправен есеј по „Права и слободи на човекот во РМ“

Поправниот есеј по предметот „Права и слободи на човекот во РМ“ кај Проф. д-р Рената Дескоска, ќе се одржи во четврток на 21.05.09.
Материјалот предвиден за поправниот есеј е од целата скрипта (127 стр.) која може да се купи во фотокопирницата на Бит-пазар и чини 90 ден.
Есејот се состои од 4 прашања кои носат по 5 поени, на кои треба описно да се одговори.

Резултати од есејот по „Политички систем“

Резултати од есејот по предметот „Политички систем“ кај Проф. д-р Саво Климовски, кој се одржа на 12.05.2009.
Се известуваат студентите дека поправниот есеј ќе се одржи следниот вторник на 19.05.2009.

Индекс

Име и презиме

Поени

2338

Елена Романова

8

2305

Саша Додевска

10

2196

Васко Спасовски

10

2327

Весна Јовановска

10

2337

Ивана Цветановска

10

2299

Пеце Ацев

10

2375

Александра Маневска

10

2350

Андријана Тарабунова

10

2318

Онур Тахир

10

2344

Ивана Момировска

10

2293

Ана Кукоска

11

2281

Симона Симонова

11

2333

Славица Момировска

12

2311

Марија Главчева

12

2232

Мартин Насковски

13

2342

Ивана Соколовиќ

13

2316

Деспина Ѓорѓиевска

13

2300

Игор Смилевски

15

2328

Викторија Милановска

15

2297

Марија Велкова

15

2303

Фросина Здравевска

15

2373

Сашка Мишевска

15

2312

Христина Николовска

16

2290

Јана Јосифовска

16

2341

Наташа Јорданова

16

2248

Катерина Величкова

16

2282

Мартина Jованова

17

2286

Верица Стојанова

17

2139

Наталија Крстова

20

2296

Моника Ристеска

20


Повторна измена во распоредот за полагање

Распоредот за полагање на колоквиуми и испити во јунската сесија е повторно променет.
Овој пат, овозможено ни е полагање на испитите и во колоквиумската(1-9 јуни) и во испитната сесија (15-20 јуни, како втора можност).

За да го погледнете распоредот кликнете тука.
Распоредот е преземен од страната на Правниот факултет.

Втор есеј по „Теории на новинарството“

Следниот час по предметот „Теории на новинарството“ на 13.05.2009 ќе се одржи вториот есеј по овој предмет.
И овој есеј исто така, ќе биде вест во низа на актуелна тема, од по 3 поединечни вести, но овој пат ќе носи 15 поени.
(Нема да има поправен).

Измена во распоредот за полагање

Поправена е неправилноста во распоредот за полагање на вторите колоквиуми и испити во јунската испитна сесија.

Колоквиумот по предметот „Применета економика“ ќе се одржи на 02.06.2009 во 12:00.
Испитот по истиот предмет си останува на 18.06.2009 во 12:00.

Можно е да настане промена во однос на времето.

(Кликни тука!)

Есеј по „Политички систем“

Следниот час по предметот „Политички систем“ на 12.05.2009 ќе се одржи есеј.
Ќе имаме избор од неколку зададени теми на самиот час.
Темите ќе бидат од целиот материјал, но како олеснување да се фокусираме на Македонија и нејзиниот правно-политички систем.

Теми за учење по Теории на новинарството (за испит):

1. Глобална класификација на новинарските жанрови
2. Информативни жанрови
3. Аналитички жанрови
4. Белетристички жанрови
5. Вест
6. Правила (принципи) за пишување вести
7. Правилото 5+2
8. Превртена пирамида
9. Правилото одложено дејство
10. Правилото Лид-глава на веста
11. Видови вести
12. Пишани, говорни и визуелни вести
13. Вест од основен тип-вест во низа
14. Интерпретативна вест
15. Флеш, антрафиле...
16. Протоколарна вест
17. Фото вест, фото репортажа
18. Филмувана вест
19. Извештај
20. Сличности и разлики меѓу вест и извештај
21. Видови на извештај
22. Обичен, стандарден извештај(коментаторски, репортерски, збирен)
23. Коментар-општи особености
24. Структура на коментарот
25. Видови коментари
26. Статија-општи особености
27. Новинска критика
28. Информативна, аналитичка и оценувачка компонента на критиката
29. Репортажа-особености
30. Теми на репортажа
31. Јазик и стил на репртажа
32. Репортер- сведок и учесник
33. Видови репортажи
34. Медиумски аспекти на репортажите
35. Репортажа во печатот
36. Радио репортажа
37. Телевизиска репортажа
38. Цртица-специфики
39. Споредба меѓу цртица и репортажа
40. Патепис
41. Интервју
42. Аспекти на интервјуто
43. Видови интервју
44. Комбинирано интервју
45. Подвидови интервју
46. Фељтон
47. Наслови и најави.

***Темите се од книгата "Основи на новинарската теорија и практика" од која учевме по предметот Вовед во новинарство.

Содржина на книгата „Пукотине културе“

Есејот по предметот „Интеркултурна комуникација и медиумите“ треба да се напише дома, а темата е слободна, но во рамките на предметот.
Еве ја содржината на книгата „Пукотине културе“ од Драган Кокович, предодредена за овој предмет.



Есеј

Во четврток, на првото предавање по Права и слободи на човекот во РМ, ќе се оддржи првиот есеј по овој предмет. Есејот ќе биде составен од 5 прашања, на кои треба да се даде описен одговор, а материјата за која ке правиме есеј е од 1-81 страна од новата скрипта, која треба да се земе од фотокопирницата карши Бит-пазар и чини 90 денари.