Пребарувај по блогов! (пиши клучен збор + enter)

Харвард стил за цитирање

На линкот може да го симнете Харвард стилот за цитирање кој ќе ни биде од полза за изработка на нашите семинарски за предавањата по предметот „Печатени и електронски медиуми“, како и за понатамошните трудови што ќе ги изработуваме во иднина.

Доколку имате каков било проблем или прашање, слободно обратете се на маилот на асистентката по овој предмет, Андријана Коровешовска:
andrijana.korovesovska@gmail.com

Презентации по Н.А.Ж.

Почитувани колеги,

Се извинувам што поради здравствени причини не бев во можност да происуствувам на денешниот час. Досегашните презентации, поради големината на фајловите, ви ги пратив преку ww.yousendit.com. Се надевам дека ќе ви помогнат за полагање на испитот. Доколку имате некакви прашања, ви стојам на располагање. Се гледаме по три недели.

Поздрав,

Елена Петреска

* * * Линковите до презентациите последователно се дадени подолу. Доколку имате некаков проблем со симнувањето на истите, пишете во коментар.

1.) Презентација по Н.А.Ж.

2.) Презентација по Н.А.Ж.

3.) Презентација по Н.А.Ж.

4.) Презентација по Н.А.Ж.

Резултати од есеј по институции и право на ЕУ одржан на 17/03/10

Ивана Карановска 2210 - 5 бода

Емилија Маневска 2201 - 7 бода

Маја Терзикова 2140 5 бода

Елена Костиќ - 0 бода

*Ова е бодовна скала дадена доколку максимално може да се освојат 10 бода од есеј. Доколку кај некој студент есејот е предвидено да носи 20 бода тогаш резултатот се множи со 2.

** Не знам дали овие студенти се од нашата група, но демонстраторот Михаил ми ги прати да ги објавам, бидејќи најверојатно се студенти по новинарство.

Вежба по „П.Е.М.“

За следниот час по предметот „Печатени и електронски медиуми“ да се напише размислување од минимум 2-3 страни, за ВЛИЈАНИЕТО НА ИНТЕРНЕТОТ ВРЗ ЛУЃЕТО, односно за НЕГАТИВНИТЕ ИМПЛИКАЦИИ НА ИНТЕРНЕТОТ, за вежбите со демонстраторката Андријана Коровешовска: andrijana.korovesovska@gmail.com


Оцени кај проф. Јакимовски

Во четврток во 13:30 минути зимаме оцени кај проф. Јакимовски по предметите Јавно мислење и Нов. во печатени и електронски медиуми.

Прегледани домашни по „Новинарски аналитички жанрови“

Прегледаните домашни задачи, по предметот „Новинарски аналитички жанрови“, што ни ги зададе асистентката Марија Савиќ, ќе ги добиеме на мејл од понеделник, па натаму.

Домашна задача

За во понеделник, за часот кај Дани, имаме домашна задача да направиме интервју со некој по наш избор. Важно е интервјуто да не биде превземено, да внимаваме на содржината и на начинот на кој поставуваме прашања.
*правилата за добро водење на интервју ги имаме во книгата по Односи со јавноста

С.П.С.

Да се напише 1-1,5 стр. за филмот "The Queen" што го гледавме во вторникот со асистентката Ина, но и за и англискиот политички систем.
Да се предаде во печатена форма или на маил: inadodovska@yahoo.com
(а најдобро и на двата начина).

Посета на печатница

Во четврток (11.03.2010) ќе одиме во печатница со Васко Попетревски. Требда да се организираме во две групи во од по 20 студенти (најубаво е рамномерно да се распоредиме во две групи).

1.) Првата група да дојде кај Фонтана во 17:40. Со првата група треба во 18:00 да бидеме во пецатницата.
2.) Втората група ќе треба самата да дојде до печатницата во 18:45.

***Печатницата позната е по името - Графички центар - Скопје (ГЦС), се наоѓа покрај Вардар, на спротивната страна од таа на која е хотелот Александар Палас. Се поминува поранешната зграда на Орка, сега нова болница во изградба и веднаш потоа лево има тесно неасфалтирано патче кое води долу кон Вардар, па десно покрај Вардар се стигнува до печатницата.

Група 1: (МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВАТ УШТЕ 5-6!)
1. Моника Ристеска
2. Елена Ристевска
3. Наташа Јорданова
4. Елена Петковска
5. Ивана Јариќ
6. Весна Јовановска
7. Ивана Соколовиќ
8. Александар Јакимовски
9. Иванка Златевска
10. Ангела Николовска
11. Симона Симионова
12. Фросина Здравеска
13. Марија Велковска
14. Ивана Вангелова
15. Сања Тодевска
16. Ана Кукоска
17. Лина Симеонова
18. Габриела Петковска
19. Олгица Арсовска
20. Дарко Стојчевски

Група 2: (ПРАЗНА!)
1.
2.
3.
...

(пријавувањето е на блог во коментари, една група може да има максимум 20 студенти)

Известување!!!

Дечки, со оглед на тоа што утре е 10.03.2010, ве молам сите тие кои сакате да одите на апсолвентска вечер да ја уплатите првата рата од 800 денари. Некои колеги ме замолија да носат пари уште утре и задутре, па затоа до четврток сите кои ќе сакаат да платат, да го сторат тоа. Во овие термини на предаваеата кои ги имаме може да платите кај мене, Елена и Наташа.Сите оние кои нема да ја уплатат ратата нема да можат да го сторат тоа потоа, што значи нема да може да добијат влезница за апсолвентска вечер.

оцени по ЕУ

Во четврток во 12:00 да се однесат индекси со пријави кај демонстраторот Михаил Стојаноски за оцени по „Институции на ЕУ“.
Подигање на индексите истиот ден во 16:00 часот.

„П.Е.М.“

Семинарските, заедно со одговорените прашања покрај на професорката, да ги праќате и на демонстраторката по „П.Е.М.“ на нејзиниот маил:

andrijana.korovesovska@gmail.com

Часовите ќе ни почнуваат веднаш после практикумот со Даниела.

Оцени кај проф. Груевски

Оценките по предметите Односи со јавност, Комуникациски теории 1, Историја на новинарството и Уредување во новинарството ќе се внесуваат во индекс на 10.03.2010 во 13 часот.

Теми за „Печатени и електронски медиуми“

  1. Телевизијата како медиум и зависноста од неа (Елма и Верица)
  2. Македонските ТВ канали и партиското влијание врз нив (Ивана Ц. и Деспина)
  3. Споредба на македонскиот јавен сервис со балканските, европските и светските. (Весна, Ивана М. и Славица)
  4. On-line новинарство (Ристевска и Наташа)
  5. Религијата и медиумите
  6. Споредба на македонските приватни медиуми со балканските, европските и светските (Игор и Кика)
  7. Интернет новинарство (Моника, Ивана Ц. и Деспина - втора тема)
  8. Македонски јавен сервис (Елена Т. и Елена Романова)
  9. Глобализација и медиуми (Јана и Наталија)
  10. Медиумско третирање на ХИВ и СИДА (Ивана Ј.)
  11. Цензура (Ана и Андриана)
  12. Слобода на мислење и изразување (Моника)
  13. Радио (Андриана и Ана)
  14. Медиуми и маркетинг (Главчева и Пеце)
  15. Медиумска манипулација и односи со јавност (Сашка Д. и Александра)
  16. Креирање на сопствениот имиџ преку медиумите (Ивана Соколовиќ)
  17. Фотоновинарство (Ристевска и Наташа)
Секоја семинарска (3-5 или 5-10 стр.) исцрпно треба да се изработи со наведување на детални референци од каде што се извадени податоците.

Семинарските може да бидат индивидуални или групни.не мора строго да се придржуваме кон овие теми (можеме да предложиме и наша).

За секоја предадена семинарска треба да се состават по 10 прашања со по 5 можни одговори и да и се испратат на професорката (за да направи селекција од истите) и на мене за да бидат закачени на блогов.

Пожелно е секој да изработи по 2 теми.

Маилот на проф. д-р Mаја Мишковска е: kristiico@yahoo.com
Мојот маил е: monika.risteska@gmail.com

Оценки по „Н.П.Е.М.“

Оценките по предметот “Новинарство во електронски и печатени медиуми“ кај проф. Љубомир Јакимовски ќе бидат внесени во индекс на 5, март (петок) 2010 година. Студентите своите индекси треба да ги донест на 5, март во 8:00 часот во просторијата за демонстратори кај м-р Билјана Петровска-Митревска. Во истиот термин ќе бидат дадени и оценки по предметот Јавно мислење кај проф. Љубомир Јакимовски.

Апсолвентска вечер

Се известуваат студентите кои планираат да одат на Апсолвентската вечер во Холидеј Ин, дека треба да платат 800 денари (прва рата) кај колешката Елена Ристеска која ќе биде на факултет утре, во понеделник и во вторник. Студентите кои во овие термини нема да платат, нема да бидат запишани на списокот и нема да може да присуствуваат на Апсолвентската вечер.

Оцени по Известување!

Сите што немаат земено оценка по „Известување во Н.“ утре да ги соберат индексите + пријави на паузата, бидејќи Васко Попетревски ќе дојде во 9:45 за да ги земе!