Пребарувај по блогов! (пиши клучен збор + enter)

Втора рата за апсолвентска

Колеги до четврток е крајниот рок да се плати втората рата за апсолвентската вечер. Ќе ве замолам сите да го испочитувате и да донесете пари кај Наташа Јорданова. Таа ја заменува координаторката на нашата група.
Оние колеги кои сакаат да присуствуваат, а немаат платено прва рата можат да платат целосно до четврток и ќе влезат во списокот.

Tеми за ЕСЕЈ и Скрипта по Т.О.М.

* Есејот по предметот „Т.О.М.“ треба да го пишуваме по примерот на есеите што ги работевме по предметот „Известуванје во новинарството“ (ако ни треба жанровско лоциранје, треба да бидат најблиску до коментар).

Темите (од кои бираме една) се:

1.) Намалување на партиципациите за студирање;
2.) Пандев - национална икона;
3.) Проектот "Скопје 2014".


* Комплетната скрипта (составена од 3 книги) по предметот „Т.О.М.“ кај асистентот Васко Попетревски вчера е оставена во „нашата“ фотокопирница на Битпазар (Кај Попот).

Дополнителен час по Н.А.Ж.

Дополнителниот час (вежби со асистентката Марија Савиќ) по предметот „Новинарски аналитички жанрови“ ќе се одржи во среда (28.04.10) во 11:00 часот (пред редовниот час по „Слобода на изразување“.

На овој час ќе вежбаме и ќе добиеме поконкретни насоки за првиот есеј-коментарот што ќе го правиме во четврток со професорот Веле Смилевски.

Губиме вежби по Н.А.Ж. со Марија Савиќ

Утре нема да имаме час со асистентката Марија Савиќ.
Следната недела најверојатно ќе го работиме првиот есеј.
Ќе одржиме и дополнителен час, на кој Марија ќе ни даде попрецизни насоки за коментарот (есејот).

Термин за часот по Т.О.М.

Утре часот по Т.О.М. ќе се одржи во 13:00 и нема да трае долго.
Ќе се договараме за есејот, затоа присуството е пожелно.

Промена на термин за часот по С.П.С.

Наредните часови по предметот: „Современи политички системи“ ќе се држи од 9:00, наместо од 8.00.

Апел за праќање на семинарските по П.Е.М.

Доколку не се собере соодветен број на семинарски по предметот: Печатени и електронски медиуми, за жал за испитот ќе мора да учиме од стариот материјал кој е доста обемен!

Наместо да се пишуваат две различни семинарски од по 10 страни (на 2 теми), може да се напише и една голема семинарска од 20тина страници, која ќе се состои од два дела (на иста тема).
Ако работите во групи, бројот на страници треба да е поголем.
Тие што нема да пратат 2 семинарски (или 1 голема), нема да го добијат максимумот поени за активност.
Семинарските не се задолжителни и тие што нема да пратат ниту една, нема да имаат поени за активност.

ЦИТИРАЊЕ по светски стандарди:
прво име и презиме, запирка, во коси букви наслов на делото од кое се цитира, издавач, град, година на издавање и страна од која се цитира. Секој цитат мора да почне со навод и да заврши со навод.


Задолжително е цитирање на користената литература и за секоја семинарска да се испратат по 10 прашања со по 5 одговори.
Пожелно е да подготвите и Power Point презентација.

Темите се слободни, но да бидат побврзани со предметот.

Предлог тема: „Уредувачка политика на медиумите во поврзаност со политизацијата/политичките структури)“.

Адреси за праќање на семинарските:
Aсистентката: andrijana.korovesovska@gmail.com
Професорката: kristiico@yahoo.com

Промена на термин за есејот по С.П.С.

Есејот по С.П.С. е закажан за петок (23.04.10) во 10:00 часот наутро.
Ќе се чекаме пред канцеларијата на асистентката Ина Додовска, за да најдеме слободна просторија за полагање.