Пребарувај по блогов! (пиши клучен збор + enter)

Испитни прашaња по Вовед во новинарство

Ова се испитните прашања кои професорот ни ги кажа.

1. Стил (општи стилски одлики)

2. Посебни стилски одлики (индивидуален стил)

3. Публицистички стил (во контекстот на функционалните стилови)

4. Видови стилови

5. Информативен стил

6. Аналитички стил

7. Белетристички стил

8. Информација (поим)

9. Новинска информација

10. Извори на информации

11. Наведување на изворот на информација

12. Анонимен извор на информација

13. Вредносен минимум на информацијата (фактори на прагот)

14. Фактори кои влијаат на вредносниот минимум на информацијата.

(фрекфенција, изненадување, константност, консонанта)

15. Степени на актуелност

16. Дневно актуелен настан

17. Актуелна појава или процес

18. Веч но актуелна тема

19. Принцип на актуелизација

20. Актуелност

21. Аналитичност

22. Анализа, како метод на истражување и начин на разработка на фактите.

(дедуктивна и индуктивна постапка)

23. Аргументираност

24. Објективност

25. Принцип А Б Ц ( точно кратко јасно )

26. Содржајност на новинарски производ

27. Патот на новинарскиот производ од идеа до финален резултат

28. Структура на редакција

29. Деск (уредник)

30. Редактор

31. Новински агенции (глобални особености)

32. Агенциско информирање

33. Емотивна дистанца

34. Новинарско “јас”

35. Идеологијата и новинарството

36. Сличности и разлики меѓу литературата и новинарството

37. Право на информација

Резултати од колоквиумот Економика

Дечки има резултати по Вовед во економика на страната на Правен Факултет, најдоле во делот каде пишува Резултати од ноемвриска колоквиумска недела. Поделени се по тестови кои сме ги пополнувале.
Поздрав.

Предколоквиумско опуштање

Дечки како се чувствувате пред првиот колоквиум. Знам дека сте малце возбудени можеби и малце испаничени.... ама нема потреба :)

Ви посакувам многу среќа на сите и кршете нога. И се надевам дека песничево ќе ве опушти.



Поздрав, Елена.

Колоквиум Економика

Здраво дечки. Како оди учењето Економика? Тања Божиќ ме прашала кога се полага колоквиумот. Во распоредот кој беше објавен на страната на Правен факултет пишува дека се полага на 22.11. (четврток) од 11- 12 часот.

Последното известување во врска со Економика исто така може да го последнете на web страницата.... а во него го има следново....
Поглавија за учење за новинари се 1, 2, 3, 4, 7, 8, 9, 10, 11.
Неколку примери како изгледаат прашањата...

ТРИ ПРИМЕРИ НА ИСПИТНИ ПРАШАЊА

1) Кое од следниве тврдења е нормативно? (1б)

а)

Емпириските истражувања потврдуваат дека повисокиот буџетски дефицит негативно влијае на стапката на економски растеж.

б)

Повеќето граѓани сметаат дека побогатите домаќинства треба да плаќаат многу повисоки даноци.

в)

Според економските истражувања за земјите во транзиција, влезот на странски банки придонесува за намалување на каматните стапки.

г)

Поновите економски студии укажуваат дека институционалните реформи се мошне значаен фактор на економскиот раст.

д)

Државниот завод за статистика објави дека стапката на економски раст во првиот квартал од 2007 година изнесува 7%.

2) Која од следниве опции е карактеристика на командната економија? (1б)

а)

Изложеност на големи економски флуктуации (осцилации) во производството;

б)

Релативно рамномерна распределба на националниот доход;

в)

Интензивен економски растеж;

г)

Профитна мотивација на производството;

д)

Неприкосновена заштита на приватната сопственост.

3) Ако поседуваме капитал, земјиште и претприемнички способности и со нивното ангажирање во производството остваруваме доход, тогаш треба да се очекува дека ќе оствариме: (1б)

а)

наемнина, рента и профит

б)

камата, рента и профит

в)

камата, наемнина и профит

г)

камата, рента и наемнина

д)

рента, наемнина и монополски профит

Јована фала на брзата реакција.... и ви посакувам уште поуспешни денови на учење кои следат.

Неколку прашања од вежбите економика

Ова се некои прашања што ги фатила Фросина на вежбите Економика кои се одржаа во четвртокот.
Фала ти Фросе од мене и верувам дека од поголемиот дел на нашата група.

1. Кои постапки на фирмите се сметаат за недозволени според антимонополските власти:

а) дискриминација на цени
б) врзани договори
в) ограбувачко формирање на цените
г) одржување на малопродажни цени
д) сите претходно наведени одговори се точни

точен одговор: Д

2. Кој од следните чекори не е дел од научниот метод:

а) препознавање на проблемот
б) развивање на модел за проблемот
в) тестирање на хипотезите
г) носење нормативни судови базирани на резултатите од тестирањето

точен одговор: Г

3. При намалување на обемот на производство тогас ATC:

а) се намалуваат
б) се зголемуваат
в) остануваат исти
г) стануваат варијабилни
д) тонат (sunc costs)

точен одговор: Б

4. Доколку вршиме анализа на распределбата на доходот според професии за каква распределба станува збор:

а) функционална
б) персонална
в) прераспределба на доходот
г) лоренцова распределба на доходот

точен одговор: Б

5. Доколку Стопанска Банка ги зголеми каматите и тоа го следат сите други банки тогаш станува збор за:

а) неценовна конкуренција
б) трошоци плус метода
в) ценовно лидерство
г) икс неефикасност
д) ниту еден од овие одговори

точен одговор: В

Децооооо........ краток преглед

1. Нема учебници по Англиски јазик..... ако тоа се прашувавте, не се стигнати и не знае библиотекарот кога ќе стигнат.

2. Вовед во право- треба да се учи се.... освен оние лекции над кои е прецизирано дека се за политички студии.

3. За систематскиот преглед се уште не е јасно... ама изгледа никој не знае што треба да се прави (едни викаат да се оди.... може ќе ни даделе потврди.... други пак дека не може додека немаме индекси) и јас сум целата во прашалници?!?!?!?!?!?!

4. Епа толку е за денес.... утре има вежби економика од 10 часот... кој сака може да оди.

Материјал за учење


Фросина ми прати маил да ме праша што треба да се учи по Вовед во право бидејќи некои делови за држава не се предадени. Па мислам дека треба се да се учи, целиот тој прв дел, освен лекциите кои е потенцирано дека се наменети за студентите по Политички науки. како што разбрав јас дека прашањата ќе се составуваат комјутерски, а и асистентот нагласи дека треба да се учат и години и имања на минатиот час.... така што повелете.... поклонете се и почнете :)

Kолоквиум по Вовед во право

Дечки.... имаше некоја фрка денеска околу тоа кога ќе се полага колоквиумот кој го договоривме по Вовед во право па затоа пишувам. Му пратив маил на асистентот и тој одговори да ве известам дека колоквиумот ќе се оддржи на 30.11 како што се договоривме со професорот, а исто така асистентот ќе интервенира да се промени датумот и на страната на Правниот факултет. За времето ќе треба да се договориме дополнително.

Ви посакувам пријатно и плодно учење, а доколку има некакви измени ќе ве известам благовремено. Од сега сите информации ќе може да ги најдете на блогов, бидејќи видовме дека информирањето по маил знае и да потфрли (едни го добиваат други не).... Исто така ова е попрактично бидејќи ќе може да поставувате коментари и прашања.