Пребарувај по блогов! (пиши клучен збор + enter)

Колоквиум Економика

Здраво дечки. Како оди учењето Економика? Тања Божиќ ме прашала кога се полага колоквиумот. Во распоредот кој беше објавен на страната на Правен факултет пишува дека се полага на 22.11. (четврток) од 11- 12 часот.

Последното известување во врска со Економика исто така може да го последнете на web страницата.... а во него го има следново....
Поглавија за учење за новинари се 1, 2, 3, 4, 7, 8, 9, 10, 11.
Неколку примери како изгледаат прашањата...

ТРИ ПРИМЕРИ НА ИСПИТНИ ПРАШАЊА

1) Кое од следниве тврдења е нормативно? (1б)

а)

Емпириските истражувања потврдуваат дека повисокиот буџетски дефицит негативно влијае на стапката на економски растеж.

б)

Повеќето граѓани сметаат дека побогатите домаќинства треба да плаќаат многу повисоки даноци.

в)

Според економските истражувања за земјите во транзиција, влезот на странски банки придонесува за намалување на каматните стапки.

г)

Поновите економски студии укажуваат дека институционалните реформи се мошне значаен фактор на економскиот раст.

д)

Државниот завод за статистика објави дека стапката на економски раст во првиот квартал од 2007 година изнесува 7%.

2) Која од следниве опции е карактеристика на командната економија? (1б)

а)

Изложеност на големи економски флуктуации (осцилации) во производството;

б)

Релативно рамномерна распределба на националниот доход;

в)

Интензивен економски растеж;

г)

Профитна мотивација на производството;

д)

Неприкосновена заштита на приватната сопственост.

3) Ако поседуваме капитал, земјиште и претприемнички способности и со нивното ангажирање во производството остваруваме доход, тогаш треба да се очекува дека ќе оствариме: (1б)

а)

наемнина, рента и профит

б)

камата, рента и профит

в)

камата, наемнина и профит

г)

камата, рента и наемнина

д)

рента, наемнина и монополски профит

Јована фала на брзата реакција.... и ви посакувам уште поуспешни денови на учење кои следат.

0 Responses to "Колоквиум Економика"