Пребарувај по блогов! (пиши клучен збор + enter)

Неофицијално

Неофицијално дознав дека на факултет ќе се почне од 05.05.2008 (понеделник), така што ако некој оди случајно на факултет утре и ако констатира дека сепак ќе имаме предавања... нека каже :P
Поздрав и пријатни празнични денови, се надевам дека се забавувате...
Мама ви посакува се најубаво...

p.s. што се однесува за домашните работи по Македонски јазик... Наташа ми прати скенирани страници и ќе ви ги пратам на сите на mail... имам и неколку текстови кои јас ги најдов, па не мора да ги прекуцувате... и ќе имате увид во она што е за домашна

Есеи

Есеј по предметот Македонски јазик

Теми за есеј
1. Напишете репортажа во која ќе опишете еден ден од Вашиот живот (користете само сегашно, идно, минато- идно и идно прекажано време)

2. Направете интервју со Вашиот омилен актер (-ка) (користете сегашно време, минато неопределено свршено и несвршено време)

3. Направете патеписна репортажа од Италија (користете сегашно време и конструкции со има + глаголска придавка/има - конструкции и сум + глаголска придавка за засведочено и прекажано дејство)

4. Направете истражувачки текст на тема „Кожув- новиот рекреациски центар“ (користете сегашно време, имперфект и аорист)

5. Направете анкета за статусот на СМСЈ во рамките на Вашата генерација (користете ги сите времиња)

6. Напишете колумна во која ќе ги изнесете Вашите ставови за хевиметалот (користете односни реченици и сите времиња)

7. Направете интервју со најпознатата личност што ја познавате или замислете ја таа личност; разговарајте за неговите/нејзините планови во кариерата (користете сегашно, идно време и условен начин)

8. Направете репортажа за некое не толку познато место во Македонија, каде што би можел да се развие туризмот (користете ги сите времиња и наведете повеќе причински и последични реченици)

9. Изберете вест (од весник) што известува за настан случен во минатото и префрлето го во сегашно време *Забелешка: наведете ги двата текста споредбено

10. Изберете новинарски текст што Ви се допаѓа од каков било жанр и на местото на односните реченици употребете атрибут, глаголска именка и глаголска придавка

11. Изберете новинарски текст што Ви се допаѓа од каков било жанр и на местото на зависните дел- реченици во зависносложените реченици употребете прилошки определби *Забелешка: наведете ги двата текста споредбено

Упатство:

1. Есејот не може да биде пократок од 10.000 знаци што соодвествува на 5 страници до проред 1,5 и големина на буквите 12.

2. Есеите треба да се предадат најдоцна до 17.05.2008, а по овој датум не се примаат.

3. Изберете две од предложените теми и направете два есеја што Ви носат по 5 бода (вкупно 10)?! *Мислам дека овде би требало да стои дека двата есеја ќе носат по 10 бода (вкупно 20) бидејќи подложи на бодувањето кое се спроведува оваа година

4. Придржувајте се строго кон наведените барања, инаку есеите нема да бидат приуфатени.

5. Материјалите и се предаваат на демонстраторката Катерина Митиќ.
-----------------------------------------------------------------------------------------------

Есеј по предметот Англиски јазик

Теми за есеј
Есејот ќе се полага после празниците на вториот час, значи на 16.05.2008

Поделени сме во две групи по број на индекс како и во минатиот семестар.

Од 2281 до 2326 одат во прва група, т.е. ќе полагаат на првиот час.
Од 2327 до 2371 (заклучно со оние студенти кои не се на списокот) ќе полагаат во втората група, т.е. на вториот час.

Есејот треба да содржи 150 зборови.
Начелно темите на кои треба да се размислува се:

1. The dispute between Macedonia and Greece

2. Macedonia in NATO

3. Does our educational system need changes?

Mожеби ќе биде зададена и четврта тема, но таа ќе се прецизира по празниците на оној час кој ќе ни остане за договарање.

Предавање историја

Предавањето по Современа европска и македонска историја кое беше презакажано ќ се одджи во петок во 14 часот, по предавањето од Англиски јазик, во просторијата на стариот наставнички совет.

Потсетување за проектот

Дечки сите вие кои работите на проектот за Медиуми и општество, знаете дека тој треба да се предаде до следната среда, 23.04. Со оглед на тоа што 7. група работи на сумирање на сите останати проекти и треба да понуди заклучок во врска со истите, би ве замолила кога ќе завршите да им ги доставиме темите на mail за да имаат време да се подготват за часот.

Исто така ќе ги замолам сите од 7 група т.е. 2348 - 2358 и броевите 2370, 2374 и 2139 да се искоординираат и да кажат на чиј mail да ги пратиме проектите или пак треба да им ги пратиме на сите (ова е важно!!!).

Уште нешто... ќе ја замолам сите од група 6 да ми ги прати нa mail информациите кои ги нашла, па заедно со мојот материјал да го комплетираме нашиот дел.

За се што не е јасно ќе се договориме накнадно.

p.s. Ивана фала на потсетувањето за денешниот час... „za denes zemete tabaci kaj bube ke pravime nesto kako esej (ona ke ni dade tema a nie da napiseme nesto) kako kaj vele sto pravevme“

Промена

Дечки, предавањето кои треба да се оддржат утре по предметот Современа европска и македонска историја ќе биде одложено за некој друг ден во текот на неделата. Кога ќе имам информација кој ден и во кое време ќе се помести предавањето, ќе објавам.

Колоквиум

Првиот колоквиум од предметот Современа европска историја ќе се полага во среда на 09.04.2008 од 15:00 - 16:00 часот.
Колоквиумот се пријавува од 04 април од 20 часот до 8 април до 12 часот.