Пребарувај по блогов! (пиши клучен збор + enter)

Есеи

Есеј по предметот Македонски јазик

Теми за есеј
1. Напишете репортажа во која ќе опишете еден ден од Вашиот живот (користете само сегашно, идно, минато- идно и идно прекажано време)

2. Направете интервју со Вашиот омилен актер (-ка) (користете сегашно време, минато неопределено свршено и несвршено време)

3. Направете патеписна репортажа од Италија (користете сегашно време и конструкции со има + глаголска придавка/има - конструкции и сум + глаголска придавка за засведочено и прекажано дејство)

4. Направете истражувачки текст на тема „Кожув- новиот рекреациски центар“ (користете сегашно време, имперфект и аорист)

5. Направете анкета за статусот на СМСЈ во рамките на Вашата генерација (користете ги сите времиња)

6. Напишете колумна во која ќе ги изнесете Вашите ставови за хевиметалот (користете односни реченици и сите времиња)

7. Направете интервју со најпознатата личност што ја познавате или замислете ја таа личност; разговарајте за неговите/нејзините планови во кариерата (користете сегашно, идно време и условен начин)

8. Направете репортажа за некое не толку познато место во Македонија, каде што би можел да се развие туризмот (користете ги сите времиња и наведете повеќе причински и последични реченици)

9. Изберете вест (од весник) што известува за настан случен во минатото и префрлето го во сегашно време *Забелешка: наведете ги двата текста споредбено

10. Изберете новинарски текст што Ви се допаѓа од каков било жанр и на местото на односните реченици употребете атрибут, глаголска именка и глаголска придавка

11. Изберете новинарски текст што Ви се допаѓа од каков било жанр и на местото на зависните дел- реченици во зависносложените реченици употребете прилошки определби *Забелешка: наведете ги двата текста споредбено

Упатство:

1. Есејот не може да биде пократок од 10.000 знаци што соодвествува на 5 страници до проред 1,5 и големина на буквите 12.

2. Есеите треба да се предадат најдоцна до 17.05.2008, а по овој датум не се примаат.

3. Изберете две од предложените теми и направете два есеја што Ви носат по 5 бода (вкупно 10)?! *Мислам дека овде би требало да стои дека двата есеја ќе носат по 10 бода (вкупно 20) бидејќи подложи на бодувањето кое се спроведува оваа година

4. Придржувајте се строго кон наведените барања, инаку есеите нема да бидат приуфатени.

5. Материјалите и се предаваат на демонстраторката Катерина Митиќ.
-----------------------------------------------------------------------------------------------

Есеј по предметот Англиски јазик

Теми за есеј
Есејот ќе се полага после празниците на вториот час, значи на 16.05.2008

Поделени сме во две групи по број на индекс како и во минатиот семестар.

Од 2281 до 2326 одат во прва група, т.е. ќе полагаат на првиот час.
Од 2327 до 2371 (заклучно со оние студенти кои не се на списокот) ќе полагаат во втората група, т.е. на вториот час.

Есејот треба да содржи 150 зборови.
Начелно темите на кои треба да се размислува се:

1. The dispute between Macedonia and Greece

2. Macedonia in NATO

3. Does our educational system need changes?

Mожеби ќе биде зададена и четврта тема, но таа ќе се прецизира по празниците на оној час кој ќе ни остане за договарање.

16 Responses to "Есеи"

ONUR responded on 22 април 2008 г., во 13:45 #

you are the best mom in the world :>>>>>>>>>>>>>>>>>>

VIKTORIJA responded on 25 април 2008 г., во 04:51 #

go ima li nekoj mailot na bube asistentkata...?

*Jarik* responded on 25 април 2008 г., во 11:44 #

Luge top bese na saem...trebase da dojdete........epa aj ubavo da si go pominete raspustot i SREKNI VELIGDENSKI PRAZNICI..........POZZZZZZZZZZZ

Анонимен responded on 25 април 2008 г., во 16:43 #

do koga sme na raspust???
pozdrav

FRoSEnCE responded on 25 април 2008 г., во 19:02 #

decki cela nedela ni e spoena.duri na 5 maj sme sme na faks.imalo na faks napisano soopstenie...pozz

FRoSEnCE responded on 25 април 2008 г., во 19:09 #

SREKNI VELIGDENSKI PRAZNICI i od mene i TOP da si pominete za 1 i 2 maj..

Анонимен responded on 26 април 2008 г., во 01:27 #

I OD MENE NAJ NAJ SUPER DA SI POMINETE POZDRAV-MARIJA

VIKTORIJA responded on 26 април 2008 г., во 16:05 #

eeeeeeeeej!!!go imate li mailot na bube?HAPPY HOLIDAYS!!!

Анонимен responded on 26 април 2008 г., во 18:08 #

bube ne dala ne dala mail
kolku sto znam

Jovana responded on 26 април 2008 г., во 19:34 #

eve ti go viktorija
lgrozdanovska@gmail.com



Srekni praznici:)))

Анонимен responded on 27 април 2008 г., во 19:10 #

KAZETE SEA KE SE UCI LI VO VTORNIK I SREDA ILI NEMA DA SE UCI ????????

Анонимен responded on 28 април 2008 г., во 11:26 #

Moze nekoj da pise sto se imame makedonski za domasna??
pozz

420 Macedonia responded on 28 април 2008 г., во 11:30 #

ej da... kolku domasni se na broj vkupno?

VIKTORIJA responded on 28 април 2008 г., во 19:17 #

Dobro sega,utre odime na fax ili ne???

420 Macedonia responded on 28 април 2008 г., во 21:52 #

ne odime

Анонимен responded on 28 април 2008 г., во 23:26 #

ne bre kakov fax duri na 5 maj uzivajte pozzz...