Пребарувај по блогов! (пиши клучен збор + enter)

Работни обврски

Сите студенти кои подготвуваа или ќе подготват семинарски задачи за предметот Институти на јавно и приватно право треба да се предадат на e-mail адресата на асистентот Бобан Мисоски (bmisoski@yahoo.com) најдоцна до петок 24.10.2008 во 17 часот. Семинарските на оние студенти кои нема да го почитуваат крајниот рок нема да бидат прифатени.


Семинарските кои треба да се подготват ќе бидат како оние примери кои се работеа на предавањата, што значи дека секој студент одбира кривичен случај или случаи кои ги обработи, ги презентира случаите, наведува ставки од Кривичниот законик кои се прекршени, санкции кои следуваат и додава резиме на крајот во кое го пишува своето мислење или заклучок. Оние колеги кои сакаат да пишуваат за кривичната одговорност на новинарите, етичкиот кодекс на новинарите и слично можат да пишуваат и за оваа тема.

Со оглед на тоа колку темелна и обемна ќе биде семинарската работа, таа ќе се вреднува поинаку. Доколку е пократко обработка и нецелосна, таа ќе се вреднува од 1-10 поени кои ќе бидат впишани како активност на студентот, а доколку темата е обемна и комплетирана таа ќе се вреднува од 1-20 поени кои ќе бидат впишана како есеј со што студентот се ослободува од пишување дополнителен есеј по овој предмет.

1 коментари:

Marija responded on 22 октомври 2008 г., во 22:40 #

znaci deka moze i da se izbere edna tema od 2te navedeni za da napiseme namesto za slucaevi taka?pozz....kiss