Пребарувај по блогов! (пиши клучен збор + enter)

Земање оценки

Оценките по предметот Јавно мислење кај проф. д-р Љубомир Јакимовски ќе се впишуваат во индексите на 04.03.2009 (среда) во 16.30 часот. Со оглед на тоа што во тој термин ние сме на предавање, ќе ги собереме индексите заедно со пријавите за овој предмет и ќе ги оставиме за да бидат напишани.


Поените од активност, есеј и збирните поени по предметот Јавно мислење, се доставени на маил до сите колеги од страна на асистентката Маја Бајалска.

Запишување четврти семестар

Студентите стекнуваат услов за запишување на втор / четврти / шести семестар со освоени 14 кредити од првиот / третиот / петтиот семестар. Сите оние кои го исполниле овој услов ќе можат да го запишат вториот / четвртиот /шестиот семестар во долунаведените термини во студентски прашања.

Потребни документи за запишување:

  • пријавен розев лист за упис и семестрален лист со по 50 денари таксени марки и уплатна:

  • втора рата од партиципацијата на Трезор сметка НБРМ 100000000063095, сметка на Правен факултет- Скопје 1600161387788Б3,

повикување на бр. 723012-41 за партиципација


ТЕРМИНИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ДОКУМЕНТИ ВО СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА ЗА 2 ГОДИНА:

05.03.2009 (четврток) ПОЛИТИЧКИ СТУДИИ, НОВИНАРСТВО И СИТЕ ВОНРЕДНИ СТУДЕНТИ


* Преземено од страницата на Правниот факултет- преземање на целиот документ ТУКА

Земање оценки

Оценките по предметот Комуникациски теории кај проф. д-р Томе Груевски ќе се впишуваат во индексите на 20.02.2009 (петок) во 12 часот во кабинетот на професорот. Важно е сите колеги да дојдат бидејќи професорот нема дополнително да внесува оценки.


Меѓудругото ќе ги замолам сите колеги кои имаат земено книга од овој предмет, а кои не платиле за истата да го направат тоа во текот на овие неколку дена. Цената на книгата е 460 денари.

Форум Скопје

Форум Скопје се одржува на 06.03. и 07.03.2009, во Домот на армијата во Скопје. Форумот е културно-политичка манифестација со интернационален карактер и со посебен акцент на културата.

Оваа година ќе бидат одржани повеќе панел дискусии на различни теми и ќе учествуваат повеќе гости од Македонија и странство. Меѓу позначајните теми на Форумот се дијалогот и начинот на комуникација меѓу цивилното општество и креаторите на политики, дефинирање на политика и стратегија во културата, улогата на медиумите во, креативноста како корисна алатка во процесот на развој на секторите и други.

Особено интересна за студентите по новинарство ќе биде онаа која се однесува на новинарите и нивната улога во информирањето за културата. Според програмата, дискусијата ќе се одвива на 07.03.2009 во 14 часот. Модератор на панелот ќе биде Michael Zeeman, новинар од Холандија. Освен интересната дискусија за теми кои ги засегаат новинарите, ова е одлична можност да се воспостават контакти со колеги од странство и носители на одлуки кои ќе ви користат во понатамошната работа како новинари.

За да ја погледнете целата програмата за Форумот преземете ја од следниов линк.

Ако сакате да се информирате подетално за Форум Скопје, посетете ја нивната страница.

Мартовска казнена сесија

Мартовската казнена сесија е наменета за полагање на предметите од 1, 3 и 5 семестар. Право на полагање имаат сите редовни и вонредни студенти кои имаат запишано 1, 3 и 5 семестар. Пријавувањето ќе се врши преку електонските досиеа.

Студентите кои ќе полагаат испит должни се да донесат пријава со таксена марка од 50 денари и уплатница со уплатени 1000 денари со дознака „за полагање на испити“ и истите ги доставуваат на одговорните во просторијата каде ќе се врши полагањето. Студентите кои што нема да достават пријава за испит и уплатница нема да можат да го остварат правото да полагаат испит.

Полагањето во мартовска казнена сесија НЕ СЕ БРОИ во вкупниот број на полагања.

Мартовската испитна сесија започнува на 02 .03.2009 по следниот распоред

  • од 02.03 2009 до 08.03.2009 полагање за 5 семестар

  • од 09.03 2009 до 15.03.2009 полагање за 3 семестар

  • од 16.03 2009 до 22.03.2009 полагање за 1 семестар

Пријавувањето ќе се врши од 23.02.2009 до 27.02.2009 за сите испити.

* Преземено од страницата на Правниот факултет

Распоред на предавања за четврти семестар



Понеделник

Применета економика 12- 15 часот (амф. 8)
Проф. д-р С. Тодорова


Интеркултурна комуникација и медиуми 16- 19 часот (амф. 5)
Проф. д-р А. Петковска

Вторник
Политички систем 08- 11 часот (мал амф. 8)
Проф. д-р С. Климовски

Среда
Теории на новинарството 16:30-20 часот (амф. 8)
Проф. д-р В. Смилевски

Четврток
Права и слободи на човекот во РМ
13- 16 часот (амф. 1)
Проф. д-р Р. Дескоска

Етика во новинарството 1 16- 19:30 часот (мал амф. 2)
Проф. д-р И. Атанасовски

Измени

Испитот по предметот Јавно мислење кој беше закажан за утре, 04.02.2009 во 14 часот, ќе се помести за подоцна во текот на утрепниот ден и ќе се оддржи во 16 часот.


Испитот има 70 прашања и ќе трае час и половина. По испитот ќе се полага и есејот по овој предмет, па оние студенти кои не го полагале и оние кои сакаат да го преполагаат треба да останат.

Асистентаката Маја Бајалска ги достави резулатите од полагањето на есејот до студентите на маил. Доколку некој од вас не го добил овој маил нека се консултира со колегите за неговите поени, а може и да се обрати на блог.

Есејот по предметот Вовед во политичките науки ќе се полага во петок, 06.02.2009 во 15 часот.