Мартовската казнена сесија е наменета за полагање на предметите од 1, 3 и 5 семестар. Право на полагање имаат сите редовни и вонредни студенти кои имаат запишано 1, 3 и 5 семестар. Пријавувањето ќе се врши преку електонските досиеа.
Студентите кои ќе полагаат испит должни се да донесат пријава со таксена марка од 50 денари и уплатница со уплатени 1000 денари со дознака „за полагање на испити“ и истите ги доставуваат на одговорните во просторијата каде ќе се врши полагањето. Студентите кои што нема да достават пријава за испит и уплатница нема да можат да го остварат правото да полагаат испит.
Полагањето во мартовска казнена сесија НЕ СЕ БРОИ во вкупниот број на полагања.
Мартовската испитна сесија започнува на 02 .03.2009 по следниот распоред
- од 02.03 2009 до 08.03.2009 полагање за 5 семестар
- од 09.03 2009 до 15.03.2009 полагање за 3 семестар
- од 16.03 2009 до 22.03.2009 полагање за 1 семестар
Пријавувањето ќе се врши од 23.02.2009 до 27.02.2009 за сите испити.
* Преземено од страницата на Правниот факултет
0 Responses to "Мартовска казнена сесија"
Објави коментар