Пребарувај по блогов! (пиши клучен збор + enter)

Одобрена октомвриска сесија!!!!!!

Врз основа на член 255 од Статутот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и член 37 од Правилникот за внатрешните односи и работењето на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, Наставно-научниот совет на седницата одржана на 24.09.2010 година ја донесе следнава



О Д Л У К А


1. Студентите кои евидентирале апсолвентски стаж во учебната 2010/2011 година и презапишале неположени предметни програми имаат право да ги полагаат предметните програми во втор испитен рок во рамките на есенската испитна сесија (есенски испитен рок) во 2010 година.
2. Вториот испитен рок во рамките на есенската испитна сесија (есенски испитен рок) во 2010 година ќе се спроведе во период од 1-8 октомври 2010 година.
3. Одлуката стапува во сила со денот на нејзиното донесување.


Д Е К А Н,
Проф.д-р Борче Давитковски

***СО СРЕЌА КОЛЕГИ!!!!

Интернаципнален Фестивал за Филмска Камера „Браќа Манаки“

Во склоп на Интернаципналниот Фестивал за Филмска Камера „Браќа Манаки“, кој ќе се одржи од 16-22 октомври во Битола, работилница ќе одржи филмскиот критичар и уредник на светски познато списание Варајети, Кирстин Вајлдер. 

Работилницата ќе трае четири дена (17 – 20 октомври), a поканети се сите заинтересирани новинари и студенти по новинарство. Работилницата е на англиски јазик. 

Ве известуваме дека на седум студенти ќе им обезбедиме сместување во студентски дом (за сите четири дена) и акредитација, со која ќе можат да ги проследат и сите останати програми во склоп на фестивалот.

Доколку сте заинтересирани пишете на monika.risteska@gmail.com и дополнителните информации во врска со аплицирањето ќе ги добиете по маил.

Своите апликации може да ги испратите најдоцна до петок 24.09.2010 на мејловите:
М-р Билјана Петровска: bile_pet@yahoo.com
М-р Даниела Блажевска: danielablazevska@gmail.com 

Оцени по НАЖ и ТОМ

Оцени по предметот Аналитички жанрови во новинарството и Технологија и организација во новинарството кај проф. Д-р Веле Смилевски ќе се впишуваат на 21. 09. 2010   вторник во 16:15 часот во кабинетот на професорот. 

Од проф. Д-р Веле Смилевски


Доколку не ви одговара терминот, пишете.

ЗАПИШУВАЊЕ НА СЕМЕСТАР ЗА СТУДЕНТИ КОИ ИСЛУШАЛЕ ШЕСТИ СЕМЕСТАР

Студентот кој заклучно со септемвриска испитна сесија нема да дипломира евидентира семестар.

На овие студенти при запишувањето на семестар за 2010/2011 година во индексот им се евидентира семестар (Е-2 семестар) и ги поднесуваат следните документи:

-ПРИЈАВНИ ЛИСТОВИ ЗА УПИС СО 50,00 ДЕНАРИ ТАКСЕНА МАРКА;

-1000,00 ДЕНАРИ ЗА ЕВИДЕНЦИЈА, на сметка на
Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје
Депонент: НБРМ
Сметка: 100000000063095
Буџетска сметка: 1600103700-788-11
Приходна шифра: 723012 програма 41


Студентот кој запишува апсолвентски стаж треба преостанатите испити кои ќе ги полага во тековната учебна година да ги презапише.
Редовните студенти преостанатите испити кои ќе ги полагаат во тековната учебна година можат да ги презапишат и како вонредни.
Презапишаните испити кои нема да се положат заклучно со септемвриската испитна сесија 2011 година ќе треба повторно да се презапишат.

Потребни документи за повторно запишување на предметна програма:
- Пополнета изјава со податоци за студентот и предметот кој се запишува (изјавите се земаат од студентски прашања) со уплатница со следната сума:
6. предметна програма што носи 8 кредити – надомест од 67еур
7. предметна програма што носи 7 кредити – надомест од 58еур
8. предметна програма што носи 6 кредити – надомест од 50еур
9. предметна програма што носи 5 кредити – надомест од 42еур
10. предметна програма што носи 4 кредити – надомест од 34еур

со назнака за повторно запишување на предмет.

Есеј по СПС

Есејот по „Современи политички системи“ ќе се прави на 17.09.10 во петок во 10:00 со асистентката Јелена Трајковска.

(Потврдено од Проф. Рената).

Оценки по „Слобода на изразување“

Утре во 11:30 пред компјутерски центар сите што ќе земаат оценка по „Слобода на изразување“.