Ова е распоредот за полагање на испитите во јунска испитна сесија.
Понеделник, 16.06.2008- Историја на новинарство (15:30- 17:00)
Вторник, 17.06.2008- Англиски јазик 2 (13:00- 15:30)
Среда, 18.06.2008- Медиуми и општество (13:00- 15:30)
Четврток, 19.06.2008- Информатика во новинарство (15:00- 17:30)
Петок, 20.06.2008- Македонски јазик 2 (15:00- 17:30)
Сабота, 21.06.2008- Современа европска и македонска историја (10:00- 12:30)
Јунска сесија
Ristevska вторник, 3 јуни 2008 г. 16 коментари
Предиспитно освежување
Малку да ве освежам и да ви посакам многу среќа на сите... и без солзи иако знам дека е тажно!!!
Ве сака, Мама
Ristevska понеделник, 2 јуни 2008 г. 13 коментари
Пријавување
Преземено од сајтот на Правен факултет...
Поради рутинска контрола на системот за пријавување, се молат студентите од прва година повторно да ги пријават испитите и колоквиумите, најдоцна до 02.06.2008 година. Потврдувањето на пријавата е услов за успешно пријавување. Им се заблагодаруваме на студентите за соработката.
Ова важи за сите и оние кои пријавија и оние кои не пријавија до сега. Инаку мислам дека со ова ќе се реши проблемот со пријавување.
Ristevska сабота, 31 мај 2008 г. 12 коментари
Измени во распоредот за полагање
Сесијата за пријавување е активна и сите можете да пријавувате. Гледам дека некој има проблеми со пријавување на испитот Македонски јазик 2 па затоа ќе видиме како ќе стојат работите и ќе интервенираме во ЕКТС.
За пријавувањето уште оваа информација... Предметите што се полагаат на цел испит во колоквиумска недела, треба да се пријават како ПРВ колоквиум. Доколку досега го имате пријавено како втор колоквиум, истата пријава не ви важи, така што ќе треба повторно да го пријавите како прв колоквиум. Ова НЕ се однесува на полагањето во поправната сесија каде предметите кои треба да ги полагате како цел испит ги пријавувате како цел испит во определениот термин.
Распоредот за полагање е малку изменет, претежно во термините во кои ќе се полага. Новиот распоред е овој...
Понеделник, 02.06.2008- Историја на новинарство (13:30- 15:00)
Вторник, 03.062008- Англиски јазик 2 (15:00- 16:00)
Среда, 04.06.2008- Медиуми и општество (11:00- 12:00)
Четврток, 05.06.2008- Информатика во новинарство (11:00- 12:00)
Петок, 06.06.2008- Македонски јазик 2 (15:00- 16:00)
Среда, 11.06.2008- Современа европска и македонска историја (11:00- 12:00)

И уште еднаш да му честитам на Онур што денес стана вујко и да му посакам на малиот Кузеј од сите нас, да расте голем, да биде паметен и што е најважно убав како вујко му :)
Ristevska четврток, 29 мај 2008 г. 31 коментари