Пребарувај по блогов! (пиши клучен збор + enter)

Кратко потсетување

До крај пополнетите работни тетратки по Англиски јазик, треба да се предадат на часот во петок (19.12.2008).

Инфо

Сепак по реакцијата на колегите останува дека, следниот вторник 23.12.2008 од 13:00 до 16:00 (значи пред часот по предметот Комуникациски теории) ќе се одработува пропуштениот час по Јавно и приватно право што студентите го изгубија минатата недела.

За следниот час по Јавно и приватно право студентите треба да подготват домашна- објасниње на некој пример од весник поврзан со облигационо право, текст напишан во word и да се подготват (да прочитаат) за Законот за авторски и сродни права во однос на медиумите.

*фала Моник

* нешто ново и малце освешително- новиот блог на нашата колешка Моника е http://monique-polska.blogspot.com/

Материјали по Казнено право

Со оглед на тоа што материјалите од делот Казнено право беа и претходно закачени на блогот во еден од постовите, колегите имаа шанса да ги симнат во електронска форма материјалите за учење. Скриптата од Казнено право беше во .ppt формат, па материјалите можеа да се разгледуваат како презентација и слајд по слајд.

Еве го сега истиот материјал само сумиран како word документ, така што тие кои сакаат може да го симнат, па дури и да го испринтаат во hard copy.

Казнено право .doc

**линкот е поправен и ќе биде обновуван по секои 10 симнувања на фајлот

* фала Ивана

Литература за предметот Македонски јазик

Дел од литературата потребна за предметот Македонски јазик 3, т.е. книгата Фразеологија може да се најде во копирницата на Бит пазар. Напомена дека за студентите по новинарство е потребен делот од 9-57 страна, а не целата книга, и тоа чини 20 денари.

Другиот дел од литературата потребна за овој предмет мора да се подигне од економатот на Филолошки факултет (кај чичко Бранко), а претходно треба да се уплати за истата. Книгата се вика Зборообразување во Македонскиот јазик, а уплатницата се пополнува со следниве информации:

назив на примач - Филолошки факултет- Скопје
банка на примачот - НБРМ
трансакциска сметка - 100000000063095
сметка на буџетски корисник 1600104235 788 10
приходна шифра и програма - 723212 41
цена - 250 денари
цел на дознака - „Зборообразување во Македонскиот јазик“ - Кирил Конески

* фала Ивона