Пребарувај по блогов! (пиши клучен збор + enter)

Земање оценки

Оценките по предметот Јавно мислење кај проф. д-р Љубомир Јакимовски ќе се впишуваат во индексите на 04.03.2009 (среда) во 16.30 часот. Со оглед на тоа што во тој термин ние сме на предавање, ќе ги собереме индексите заедно со пријавите за овој предмет и ќе ги оставиме за да бидат напишани.


Поените од активност, есеј и збирните поени по предметот Јавно мислење, се доставени на маил до сите колеги од страна на асистентката Маја Бајалска.

Запишување четврти семестар

Студентите стекнуваат услов за запишување на втор / четврти / шести семестар со освоени 14 кредити од првиот / третиот / петтиот семестар. Сите оние кои го исполниле овој услов ќе можат да го запишат вториот / четвртиот /шестиот семестар во долунаведените термини во студентски прашања.

Потребни документи за запишување:

  • пријавен розев лист за упис и семестрален лист со по 50 денари таксени марки и уплатна:

  • втора рата од партиципацијата на Трезор сметка НБРМ 100000000063095, сметка на Правен факултет- Скопје 1600161387788Б3,

повикување на бр. 723012-41 за партиципација


ТЕРМИНИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ДОКУМЕНТИ ВО СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА ЗА 2 ГОДИНА:

05.03.2009 (четврток) ПОЛИТИЧКИ СТУДИИ, НОВИНАРСТВО И СИТЕ ВОНРЕДНИ СТУДЕНТИ


* Преземено од страницата на Правниот факултет- преземање на целиот документ ТУКА

Земање оценки

Оценките по предметот Комуникациски теории кај проф. д-р Томе Груевски ќе се впишуваат во индексите на 20.02.2009 (петок) во 12 часот во кабинетот на професорот. Важно е сите колеги да дојдат бидејќи професорот нема дополнително да внесува оценки.


Меѓудругото ќе ги замолам сите колеги кои имаат земено книга од овој предмет, а кои не платиле за истата да го направат тоа во текот на овие неколку дена. Цената на книгата е 460 денари.

Форум Скопје

Форум Скопје се одржува на 06.03. и 07.03.2009, во Домот на армијата во Скопје. Форумот е културно-политичка манифестација со интернационален карактер и со посебен акцент на културата.

Оваа година ќе бидат одржани повеќе панел дискусии на различни теми и ќе учествуваат повеќе гости од Македонија и странство. Меѓу позначајните теми на Форумот се дијалогот и начинот на комуникација меѓу цивилното општество и креаторите на политики, дефинирање на политика и стратегија во културата, улогата на медиумите во, креативноста како корисна алатка во процесот на развој на секторите и други.

Особено интересна за студентите по новинарство ќе биде онаа која се однесува на новинарите и нивната улога во информирањето за културата. Според програмата, дискусијата ќе се одвива на 07.03.2009 во 14 часот. Модератор на панелот ќе биде Michael Zeeman, новинар од Холандија. Освен интересната дискусија за теми кои ги засегаат новинарите, ова е одлична можност да се воспостават контакти со колеги од странство и носители на одлуки кои ќе ви користат во понатамошната работа како новинари.

За да ја погледнете целата програмата за Форумот преземете ја од следниов линк.

Ако сакате да се информирате подетално за Форум Скопје, посетете ја нивната страница.