Проектот кој треба да го сработиме по предметот Медиуми и општество треба да биде готов за првото предавање од вториот дел на семестарот, значи по колоквиумската недела на 16.04.2008.
Темата е „сексуалните злоупотреби, табуа и проблеми кај младите”. Поделени сме во 7 групи на различни области по следниов распоред:
1. група од 2281 - 2291 и броевите 2371, 2360 и 2361
Најголемите проблеми и опасности (кои се најкритичните моменти, која е таргет групата која страда најмногу и причини за нивно случување, значи станува збор и за сексуално преносливите болести и другата проблематична област, а тоа е сексуалното злоупотребување - силувањата)
2. група од 2292 - 2302 и броевите 2362, 2363 и 2364
Сексуалното образование во училиштата (кога конечно ќе се во воведе сексуално образование, што досега се презема на тој план, доколку се воведе како ќе изгледа сето тоа, користете информации од министерството за образование, Дрита Мамути- се вика портаролката, 075/252373 е нејзиниот број, цитајте архива од весници и телевизиии...)
3. група од 2303 - 2313 и броевите 2365, 2366 и 2367
Дали ги штити законот младите (истражувајте какви закони има во кривичниот законик за заштита на младите при сексуалните злоупотреби)
4. група од 2314 - 2324 и броевите 2368, 2369 и 2266
Дали се зголемува бројот на случаи на сексуални злоупотреби во Македонија (статистика има на сајтот на МВР www.mvr.gov.mk)
5. група од 2325 - 2335 и броевите 2372, 2373 и 2230
На кој начин помага НВО- секторот во случаите на заштита од сексуално преносливи болести, како и во случаите на сексуални злоупотреби и силувања (на оваа група ќе се приклучи Ивана Јариќ која ќе обезбеди контакт и информации од HERA, исто така можете да ја погледнете страната на невладината ЕСЕ која работи проекти кои се однесуваат на злоупотреба на жени и деца, како и проекти за сексуално преносливи болести или пак да побарате информации од некој од вработените таму)
6. група од 2336 - 2347 и броевите 2359, 2375 и 1876
Какво е влијанието на медиумите во заштитата на младите во овие две области (информирање, кампањи, едукативни програми, колку ги покриваат ваквите теми и сл.)
7. група од 2348 - 2358 и броевите 2370, 2374 и 2139
Последната група ќе треба понуди еден заклучок, решение за тоа како да се унапреди и подобри ситуацијата со младите во овие, претходните 6 области врзани за сексуалните проблеми. Тоа значи дека сите откако ќе ја завршат работата во својата група, треба на 7-та група да и сервираат резултати за потоа таа да може да излезе со решенија за недостатоците во справувањето со овој проблем во сите 6 сектори кои ќе бидат обработени.
Ова е преземено од маилот кој сите го добивте од Искра во кој исто така е наведено дека може во секое време да ја побараме за прашања. Маилот на Искра е
korovesovska@yahoo.comМожеби ви изгледа некако ново и невообичаено, но верувајте нема да ви одземе многу време, единствено малку повеќе интернет, малку повеќе ваша слобода и креативност, нема стеги, нема ограничувања, сработете го онака како што сметате дека е најдобро.
Секоја група ќе го напише своето истражување на лист и ќе ми го предаде на часот кога ќе презентираме, а еден претставник на групата ќе го зборува за истражувањето во името на целата група. Значи 7 претставници ќе зборуваат, а поени си добивате сите кои работеле на проектот, се разбира зависно од квалитетот на сработеното.
Сите оние студенти кои не се распоредени нека ми пишат на маил
e_ristevska@yahoo.com за да можам да ги распоредам во некоја од групите.
Епа дечки пријатна работа и ако за нешто можам јас да ви помогнам... слободно прашајте.