Пребарувај по блогов! (пиши клучен збор + enter)

Почетен курс по астрономија

Не знам колку сте заинтересирани но за негого може ова да е добра шанса да го запознае соларниот систем и астрономијата воопшто, а што е најважно курсот не е скап... епа дечки навалете...

Скопското астрономско друштво со задоволство би сакало да го најави јубилејниот, 10 по ред, почетен курс по астрономија. Друштвото уште од 1999 година, својата прва година на постоење, секоја пролет организира курсеви по астрономија за почетници.
Целта на курсот е посетителите да можат да ги добијат основните знаења од областа на астрономијата, без да им бидат потребни какви било предзнаења од оваа наука. Низ секојдневни примери и со многу слики, но со многу малку равенки, ќе се обидеме да ви ги доближиме астрономските термини и нивните тајни... Курсот е така концепиран, да ги следи темите кои ги обработува кој било учебник по астрономија.

Предавањата ќе се одржуваат секој четврток во просториите на Електротехничкиот факултет, со почеток од 20:00 часот, почнувајќи од 27 март. Предвидени се 8 предавања, од кои едно ќе се одржи во Планетариумот во Скопје. Предавањата ќе завршат на 15 мај, по што ќе следи опционен тест, а потоа и доделување на дипломи за успешните слушатели.

Програмата на курсот е следнава:

27.03.2008 Сонце;
03.04.2008 Ѕвезди и ѕвездена еволуција;
10.04.2008 Сончев Систем - планети, џуџести планети и мали тела;
17.04.2008 Соѕвездија;
24.04.2008 Координатни системи и астрономски инструменти;
по договор Посета на планетариумот;
08.05.2008 Основни закони во астрономијата;
15.05.2008 Космологија;
22.05.2008 Тест;
26.05.2008 Доделување дипломи за успешните посетители;

Цената за целокупниот курс (заедно со посетата на планетариумот) е 500 денари.

За повеќе информации слободно пишете на kontakt@astronomija.com.mk, или јавете се на 070/300899.


0 Responses to "Почетен курс по астрономија"