Пребарувај по блогов! (пиши клучен збор + enter)

Теми за есеј

Темите за есеј по предметот Македонски јазик 3 се следните:

Егзотизмите во македонскиот јазик

Фразеолошките изрази од насловите во дневниот печат

Есеите треба да се помеѓу 5-10 страници, фонд 12, проред 1,5, а треба да се предадат најдоцна до 01.12.2008.

Дополнителни предавања

Предавањата од 24.10.2008 кој беше неработен ден ќе се одржат по следниот распоред:

Македонски јазик 3, 30.10.2008 (четврток) 16-19 часот, амф. 5
Англиски јазик 3, 31.10.2008 (петок) 16-18:30 часот, амф. 7

* преземено од огласна табна на Правен факултет

Семинарски

За да не пишува секому поединечно асистентот Мисоски пренесува дека семинарските кои беа испратени до вчера до 17 часот се примени и поените ќе бидат истакнати на огласна табла и на интернет.

Работни обврски

Сите студенти кои подготвуваа или ќе подготват семинарски задачи за предметот Институти на јавно и приватно право треба да се предадат на e-mail адресата на асистентот Бобан Мисоски (bmisoski@yahoo.com) најдоцна до петок 24.10.2008 во 17 часот. Семинарските на оние студенти кои нема да го почитуваат крајниот рок нема да бидат прифатени.


Семинарските кои треба да се подготват ќе бидат како оние примери кои се работеа на предавањата, што значи дека секој студент одбира кривичен случај или случаи кои ги обработи, ги презентира случаите, наведува ставки од Кривичниот законик кои се прекршени, санкции кои следуваат и додава резиме на крајот во кое го пишува своето мислење или заклучок. Оние колеги кои сакаат да пишуваат за кривичната одговорност на новинарите, етичкиот кодекс на новинарите и слично можат да пишуваат и за оваа тема.

Со оглед на тоа колку темелна и обемна ќе биде семинарската работа, таа ќе се вреднува поинаку. Доколку е пократко обработка и нецелосна, таа ќе се вреднува од 1-10 поени кои ќе бидат впишани како активност на студентот, а доколку темата е обемна и комплетирана таа ќе се вреднува од 1-20 поени кои ќе бидат впишана како есеј со што студентот се ослободува од пишување дополнителен есеј по овој предмет.

Неработни денови

Четврток 23 октомври 2008 година, Денот на македонската револуционерна борба е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија

Соопштение - Петок 24 октомври 2008 година е неработен ден 
(*преземено од страната на Правниот факултет)

Материјали и предавање

Овде можете да го преземете материјалот кој е потребен за првиот дел од предавањата по предметот Институти на јавно и приватно право.




----------------------------------------------------------------------------------
Дополнителното предавање (она кое треба да се надомести) по овој предмет ќе се оддржи на 21.10.2008 (вторник) во 13 часот.

Измена

Ова е измената на распоредот за ден петок.


Петок

Македонски јазик 3 08:30- 11 часот (мал амф. 1)
Проф. д-р К. Велјановска


Англиски јазик 3 11:00- 13:30 часот (амф 10)
Проф. д-р Д. Цветановска

Учебник Комуникациски теории

Со оглед на тоа што оваа учебна година нема да добиеме бесплатни учебници од предметот Комуникациски теории I, тие ќе мора да се купат. Сите студенти кои сакаат да земат учебник ќе треба да се запишат на список кој ќе го направиме, а учебникот чини 460 денари и ќе го подигнеме кај предметниот професор.

Запишување на III семестар

Ова се информациите и документите кои ви се потребни за запишување на третиот семестар: 

Студентите стекнуваат услов за запишување на трети / петти семестар со освоени 14 кредити од вториот / четвртиот семестар. Сите оние кои го исполниле овој услов ќе можат да го запишат третиот/петтиот семестар од 06 октомври во студентски прашања.

Потребни документи:

  • Пријавен лист за упис со таксена марка од 50 денари и овие уплати:

  • прва рата од партиципацијата на Трезор сметка НБРМ 100000000063095, сметка на Правен факултет Јустинијан Први -Скопје 160010370078811, повикување на бр.723012-41,

  • 400,00 денари за обнова на книжен фонд и солидарна одговорност на Трезор сметкаНБРМ 100000000063095, сметка на Правен факултет- Скопје 160010370078811, повикување на бр.723012-41,

  • 200,00 денари штета на Трезор сметкаНБРМ 100000000063095, сметка на Правен факултет- Скопје 160010370078811, повикување на бр.723012-41,

  • 750,00 денари за информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј’’, со назнака ИКСА на УКИМ. Правен факултет Јустинијан Први, жиро сметка 160010368978818, депонент НБРМ, трезорска сметка 100000000063095, приходна шифра 723012-41, даночен бр 4030979223120, цел на дознака Уплата  за Правен факултет,

  • 200,00 денари за членарина во Сојуз на студенти, на сметка 300000001076057-ССПФПССН, депонент Комерцијална банка АД-Скопје, ЕДБ 4030990249394 повикување на број 723012-41 

* информацијата е преземена од страната на Правниот факултет 

Покана

Емисијата EXPLOSIVE сака да ги покани студентите од втора година на новинарските студии при Правниот факултет во Скопје како публика во својата наредна емисија. Гостите ќе присуствуваат на снимањето на емисијата, со можност да поставуваат прашања и секако добро да се забавуваат. Снимањето е во петок од 18 до 20:30 часот, а сите кои сакаат да се пријават нека исконтактираат со Искра Коровешовска.

Инфо

Сите колеги кои го положиле, а се уште немаат впишани оценките од предметот Медиуми и општество во индексите, ќе можат да земат оценка на 07.10.2008 (вторник) во 12 часот. За повеќе информации може да контактирате со Искра Коровешовска на маил korovesovska@yahoo.com