Пребарувај по блогов! (пиши клучен збор + enter)

Група трета за тренинг во НВО Инфо центар

Трета група

  1. Наталија Крстова 2139
  2. Горан Томоски 2332
  3. Сашка Мишевска 2373
  4. Тања Божиќ 2306
  5. Жарко Димитриоски 2288
  6. Весна Јовановска 2327
  7. Игор Стефановски 2302
  8. Онур Тахир
  9. Андријана Тарабунова 2350
  10. Марина Костовска 2170
  11. Христина Николовска 2313
  12. Славица Момировска 2333
  13. Маргарита Василева 2326
  14. Сања Стефанова 2360
  15. Ана Шундоска 2356
  16. Билјана Ивановска 2265
  17. Владо Оцевски 2372
  18. Ѓорѓи Николиќ 2310
  19. Далибор Стојчевски 2285
  20. Ивана Андонова 2307
* студентите кои се со црвено се оние кои се префрлени од претходните списоци

* одговорно лице во НВО Инфо центарот е Павлина Каранфилова

Третата група на студенти од студиите по новинарство ќе одат на тренинг во НВО Инфо центарот на 01.12.2008 (понеденик) во 13-16 часот.

Полуфинале на ораторска вечер „Иво Пухан“

Во понеделник, 01.12.2008 во 12 часот, во свечениот амфитеатар (амф.1) на Правниот факултет, ќе се оддржи полуфинале на Ораторката вечер „Иво Пухан“.

Ова воедно е покана за сите оние студенти кои сакаат да присуствуваат.

МладиИнфо

http://www.mladiinfo.com е портал каде на еден куп можете да најдете корисни информации за стипендии, грантови, семинари, размени на студенти, пракса и се она кое може да ви помогне да се изградите професионално.


Покрај тоа што е забавен, посветен на сите млади луѓе, порталот овозможува да се поврзете со слични портали и веб сајтови каде би можеле дополнително да ископате информации кои ќе ви користат.

Се надевам ќе го погледнете и ќе пронајдете барем нешто што ќе ви фати око, но секако може да го следите континуирано бидејќи податоците постојано се освежуваат и се објавуваат нови. 


Извор: www.mladiinfo.com

mladiinfo.com provides the service information about scholarships, studies, masters phd, trainings, conferences, grants, internships and jobs for young people.

 

Есеј Англиски јазик 3

На 28.11.2008 (петок) на часот по предметот Англиски јазик 3 ќе се полага есеј.  Студентите ќе бидат поделени во две групи и тоа, прва група сите чии презимиња почнуваат со буквите од А- М, а во втората група сите оние чии презимиња почнуваат со буквите од Н- Ш. 

Темите на кои студентите треба да размислуваат се:

1. Persons in public life have no right to privacy

2. Smart people should govern

3. What shouldn't be printed?

4. Every person has his own interpretation of religion


* Фала Сашка Д.

Група за тренинг

Како што се договоривме на час со асистентката Маја Бајалска (според она кои денови ни се слободни без настава), така се договорени термините и со тренинзите во НВО- Инфо центарот.

* групите со мали измени... додадена и трета група која треба да се дополни наскоро

За првата група студенти кои се ставени на списокот, тренингот ќе се одржи во понеделник 24.11.2008, од 13h до 16h, со половина час пауза.

 Прва група

  1. Моника Ристеска
  2. Марина Костовска 2170
  3. Христина Николовска 2312
  4. Емилија Стаматоска 2348
  5. Славица Момировска 2333
  6. Лина Симеонова 2129
  7. Габриела Петковска 2325
  8. Олгица Арсовска 2351
  9. Марија Главчева
  10.  Сашка Додевска 2305
  11.  Александра Маневска 2375
  12.  Викторија Милановска 2328
  13.  Ивана Соколович 2342
  14.  Фросина Здравеска 2303
  15.  Марија Велковска 2297
  16.  Ивана Златевска 2298
  17.  Мартина Јованова 2282
  18.  Александар Јовановски
  19. Марија Димишкова
  20.  Маргарита Василева 2326

За втората група студенти, тренингот ќе се одржи во среда 26.11.2008, во истиот термин од 13h до 16h, со половина час пауза.

Втора група 

  1. Ивана Цветановска 2337
  2. Игор Смилевски 2300
  3. Петар Ацев
  4. Јована Печијаревска 2320
  5. Јана Јосифовска 2290
  6. Филип Пецевски 2317
  7. Небојша Данески 2294
  8. Наташа Јорданова 2341
  9. Ивана Момироска 2344
  10. Ивана Јариќ 2345
  11.  Елена Петковска 1876
  12. Деспина Георгиевска 2316
  13. Ивона Петрова 2343
  14. Сандра Стојановска 2289
  15. Ана Кукоска 2293
  16. Сања Тодевска
  17. Елена Ристевска 2336
  18. Симона Симионова
  19. Елена Тарчуговска 2301
  20. Елена Романова 2338
За третата група студенти, тренингот ќе се одржи во понеделник 01.12.2008, во истиот термин од 13h до 16h, со половина час пауза.

Трета група

  1. Наталија Крстова 2139
  2. Горан Томоски 2332
  3. Сашка Мишевска 2373
  4. Тања Божиќ 2306
  5. Жарко Димитриоски 2288
  6. Весна Јовановска 2327
  7. Игор Стефановски 2302

* одговорно лице во НВО Инфо центарот е Павлина Каранфилова

При тоа важно е да се напомене дека

- Во една група максимум може да има 20 студенти, затоа што толкав е капацитетот на училницата во НВО-инфо центарот. Затоа асистентката замолувам колегите да не одат таму, без претходно да се пријават на нејзниниот маил или на предавање. Затоа, не замолува да не отстапува од листата која е објавена за двете групи.

- Со оглед на тоа што досега се имаат пријавено вкупно 38 студенти од цела група новинарство втора година, немам доволно пријавени студенти за да формирам и трета група која би одела во НВО-Инфо центарот на 01.12.2008 (понеделник), и цетврта група. Затоа потребно е што побрзо да се пријавувате за да се формираат групите, затоа што со тренинзите ќе треба да се заврши до половината на декември. Имајте предвид дека сето ова го организираме со надворешна институција која мора да го планира своето време и ресурси.

Локација на НВО- Инфо Центар: ул. Никола Тримпаре бр. 18, влез 1, кат 2, стан 5 (во близина на школото Ј.Х. Песталоци)

(Како најлесно да стигнете до таму: од сендвичара “Седмица” право покрај Грчка амбасада, продолжувате право, ја пресекувате ул. Ленинова и одите кон ОУ “Ј.Х. Песталоци”. Ќе поминете низ дворот на школото и ќе излезете од другата страна- на улица. На излезот вртите лево и излегувате на друга улица, паралелна со дворот на школото и одите право околу 100 метри. Од десна страна има станбени згради, во еден од влезовите ќе видите табла- НВО-Инфо Центар и ќе се качите во зградата. Долу е одбележан катот.)   

Повелете и линк:

http://www.nvoinfocentar.org.mk

Поени за есеј

Поените од семинарските трудови кои ги работевме по предметот Институти на јавно и приватно право се внесени во електронските досиеја во графата есеи. Со оглед на тоа што тие треба да бидат системски процесирани сеуште не се достапни за наш убид, но асистентот Мисоски се надева дека наскоро ќе бидат.

Проблеми при внесувањето имало со досието на колешката Марија Велковска, нема број на индекс и Билјана Ивановска во чие досие системот не прифаќал внесување на поени. Овие колешки нека контактираат со асистентот на неговата маил адреса bmisoski@yahoo.com.

Ораторка вечер „Иво Пухан“


Студентите кои се заинтересирани да учествуваат 12-тата ораторска вечер "Иво Пухан" да се пријават најдоцна до 18.11.2008 (вторник) на следниов е- мејл danielablazevska@gmail.com

Дополнително- сите оние кои сакаат да учествуваат на ораторска вечер да дојдат во понеделник 17.11.2008 во 11 часот во амфитеатар 4.

Back

Еве ме мене назад... и веднаш една интересна вест за да ви ги тргнам мислите од колоквиумот барем за миг. Настан кој вреди да се посети.


По повод Меѓународниот ден на студентите 17 Ноември, студентската асоцијација AEGEE Скопје, ќе организира промотивна интерактивна работилница на тема "Стереотипите и нивните можни решенија". Темата ја рефлектира идејата на прославувањето на Меѓународниот ден на студентите, преку неполитично одбележување на мултикултурализмот. Работилницата завршува со коктел- забава на која студентите ќе имаат можност да разменат искуства и да се забавуваат.


AEGEE Скопје Ве поканува заедно да го одбележиме Меѓународниот ден на студентите!!!

Датум:
17 ноември 2008
Време:
19:00 - 22:00
Локација:
Културен Центар Точка
Каде е Точка? 
позади Соборен Храм

Пријавувањето е задолжително на маил адресата sofijazov@gmail.com.

***

За идејата:

На пример, ако се шетаме навечер во паркот сами и случајно бидеме пресретнати од тројца пензионери, кои одат со бастун и се облечени во крзнени палта, ние можеби нема да се чувствуваме толку исплашени, доколку би биле пресретнати од тројца средношколци кои носат кожни јакни, пушат, зборуваат гласно употребувајќи пцости и недолични зборови. Зошто е тоа така??????????

НВО Инфо центар

Пријавувањето за тренинзите во НВО- Инфо центарот на кои ќе се обработува проблематика поврзана со истражување на јавното мислење, исто така се врши на маил кај асистентката Маја Бајалска. Со оглед на тоа што овој еднодневен тренинг ќе се смета во делот на редовните активности, таа ги охрабрува колегите да се пријавувате, за навреме да можам да се формирам групите. Досега оние десет колеги кои доставиле маил ќе бидат распоредени во првата група за посета на центарот.

Како што се договоривме на час, најверојатно денот за тренинг ќе биде понеделник, бидејќи тоа ни е слободен ден без предавања.  Тренинзите секако ќе почнат после овој период за учење и полагање што го имаме во следниве три недели, значи по 17 ноември.

Оваа недела ќе бидеме информирам по маил точно кои денови ќе бидат резервирани во НВО- Инфо центарот за секоја група и во колку часот ќе бидат тие еднодневни тренинзи.

Теми за семинарска по предметот Јавно мислење

Како што беше договорено на часот, семинарската треба да биде минимум 5 страни во word, со фонт 12 (треба да содржи: минимум 5 страни ефективен текст, може да ставите дополнително фотографии и графикони, и задолжително треба да има “содржина”, “вовед”, “заклучок” и “користена литература” односно референци).

Имајте предвид дека ќе треба да ми ги предадете трудовите некаде до средината на декември.

За секакви дополнителни прашања може да и пишете на асистентката Маја Бајалска на маил адресата maja_bajalska@yahoo.com.

Темите се:

  • Хабермасовата “рефеудализирана јавност“ и македонската резонирачка публика. Постои ли критичка јавност во македонското општество?
  • Консензусот и конформноста на актерите и групите на јавната сцена во македонското општество во поглед на најзначајните политички прашања за државата. (Пр. спорот за државното име со Грција, влезот на Македонија во ЕУ и НАТО, односно евроатланските интеграции на Македонија)
  • Сапунските серии како феномен на глобализираната телевизиска публика денес. Зошто т.н. теленовели имаат огромна гледаност насекаде во светот?  (Можете да земете пример од истражување на јавното мислење направено за одредено општество, каде е објаснето зошто сапунските серии се масовно гледани и зошто имаат огромен комерцијален успех)  
  • Политичките партии во Македонија и јавната сфера. Кои се најсилните интересни и лоби групи во македонското политичко-економско општество денес?
  • Комуникациски канали во политичките партии - Шминката на лицата за односи со јавност (Public Relations) и манипулативната моќ на спин –докторите! (Пребарајте на Интернет “spin doctors“)
  • Јавното мислење и моќта/влијанието. Консензусот, согласноста, конформноста и теоријата на “когнитивната дисонанца“ на Леон Фестингер
  • Извори на моќ на јавното мислење. Теоријата на Елизабет Ноел-Нојман наречена “спирала на молкот“
  • Значењето на статистичките истражувања на јавното мислење. (Опишете и објаснете некој глобален општествен феномен по ваш избор, преку релевантни податоци од емпириско истражување. Примери за институции кои работат истражувања на јавното мислење имате во учебникот) 
  • Спецификите на новите видови јавност – т.н. “Интернет јавност и “електронските заедници“ (Одберете некој пример на електронска заедница, на пример: “YouTube“, “Facebook“, “Myspace“, односно на некој нов вид Интернет јавност и опишете ги неговите/нејзините специфики) 
  • Сегментирање на потрошувачката публика во денешното информациско општество, феноменот наречен “communitaintment“ (communication & entertaintment) и разните форми на реклама и продажба преку Интернет. (Направете ја семинарската преку примери од секојдневното искуство при пребарување на Интернет)

Неколку информации

Поради испуштеното предавање по предметот Политологија од празникот, овој четврток, 06.11.2008, во истиот термин ќе се одржи дополнително предавање од истиот предмет. Пред крајот на предавањето ќе се одржи вториот дел од договореното поставување на по едно прашање за секој студент за еден поен.


На истиот ден од 12 часот, ќе има консултации од предметот Институти на јавно и приватно право, со асистентката на професорот Калајџиев. Листата со програма за учење по овој предмет како и трите скрипти од трите дела за предметот можат да се најдат во книжарницата на Правниот факултет.

Што се однесува за литературата која ни е потребна по предметот Македонски јазик 3, книгата Зборообразување на македонскиот јазик од Кирил Конески ја има на Филолошки факултет во Економатот. Треба да се купи искуцана уплатница за земање книги од книжарата на Филолошки (5 ден.) и само треба да се додадат личните податоци, цел на дознака (името на книгата), цената (250 ден.) и приходната шифра: 212-41. Се уплаќа на пошта и после со уплатеното ливче се оди во Економат на Филолошки факултет да се подигне книгата.