Поради испуштеното предавање по предметот Политологија од празникот, овој четврток, 06.11.2008, во истиот термин ќе се одржи дополнително предавање од истиот предмет. Пред крајот на предавањето ќе се одржи вториот дел од договореното поставување на по едно прашање за секој студент за еден поен.
На истиот ден од 12 часот, ќе има консултации од предметот Институти на јавно и приватно право, со асистентката на професорот Калајџиев. Листата со програма за учење по овој предмет како и трите скрипти од трите дела за предметот можат да се најдат во книжарницата на Правниот факултет.
Што се однесува за литературата која ни е потребна по предметот Македонски јазик 3, книгата Зборообразување на македонскиот јазик од Кирил Конески ја има на Филолошки факултет во Економатот. Треба да се купи искуцана уплатница за земање книги од книжарата на Филолошки (5 ден.) и само треба да се додадат личните податоци, цел на дознака (името на книгата), цената (250 ден.) и приходната шифра: 212-41. Се уплаќа на пошта и после со уплатеното ливче се оди во Економат на Филолошки факултет да се подигне книгата.
3 Responses to "Неколку информации"
Така така, само пари да се зимало...Ко да сме у банка...
Како и каде се трошат нашите пари???
Во таа насока на 5-ти ноември, во културниот центар Точка да се собереме на трибина за борба против комерцијализација на високото образование.
Ова е акција што симултано се одвива во повеќе држави низ светот, во која е вклучена и нашата. Се однесува на растечките партиципации, задолжителните такси кои се плаќаат на различни структури, а кои одат обратно пропорционално со квалитетот на студиите.
http://www.emancipating-education-for-all.org/
http://unefangers.free.fr/guppy/
http://studentarija.aforumfree.com
http://www.youtube.com/watch?v=v7Luw7CvuXw
Затоа што образованието е човечко право !!!
(мамата мамина....мхммхмммхмх)
ja sum za! bravo Marga. A knigive makedonski bitno da si gi kupime, a toa sto nikogas nemame predavanja po toj predmet, ne e bitno,neli?
haos...
Објави коментар