Пребарувај по блогов! (пиши клучен збор + enter)

Теми за семинарска по предметот Јавно мислење

Како што беше договорено на часот, семинарската треба да биде минимум 5 страни во word, со фонт 12 (треба да содржи: минимум 5 страни ефективен текст, може да ставите дополнително фотографии и графикони, и задолжително треба да има “содржина”, “вовед”, “заклучок” и “користена литература” односно референци).

Имајте предвид дека ќе треба да ми ги предадете трудовите некаде до средината на декември.

За секакви дополнителни прашања може да и пишете на асистентката Маја Бајалска на маил адресата maja_bajalska@yahoo.com.

Темите се:

  • Хабермасовата “рефеудализирана јавност“ и македонската резонирачка публика. Постои ли критичка јавност во македонското општество?
  • Консензусот и конформноста на актерите и групите на јавната сцена во македонското општество во поглед на најзначајните политички прашања за државата. (Пр. спорот за државното име со Грција, влезот на Македонија во ЕУ и НАТО, односно евроатланските интеграции на Македонија)
  • Сапунските серии како феномен на глобализираната телевизиска публика денес. Зошто т.н. теленовели имаат огромна гледаност насекаде во светот?  (Можете да земете пример од истражување на јавното мислење направено за одредено општество, каде е објаснето зошто сапунските серии се масовно гледани и зошто имаат огромен комерцијален успех)  
  • Политичките партии во Македонија и јавната сфера. Кои се најсилните интересни и лоби групи во македонското политичко-економско општество денес?
  • Комуникациски канали во политичките партии - Шминката на лицата за односи со јавност (Public Relations) и манипулативната моќ на спин –докторите! (Пребарајте на Интернет “spin doctors“)
  • Јавното мислење и моќта/влијанието. Консензусот, согласноста, конформноста и теоријата на “когнитивната дисонанца“ на Леон Фестингер
  • Извори на моќ на јавното мислење. Теоријата на Елизабет Ноел-Нојман наречена “спирала на молкот“
  • Значењето на статистичките истражувања на јавното мислење. (Опишете и објаснете некој глобален општествен феномен по ваш избор, преку релевантни податоци од емпириско истражување. Примери за институции кои работат истражувања на јавното мислење имате во учебникот) 
  • Спецификите на новите видови јавност – т.н. “Интернет јавност и “електронските заедници“ (Одберете некој пример на електронска заедница, на пример: “YouTube“, “Facebook“, “Myspace“, односно на некој нов вид Интернет јавност и опишете ги неговите/нејзините специфики) 
  • Сегментирање на потрошувачката публика во денешното информациско општество, феноменот наречен “communitaintment“ (communication & entertaintment) и разните форми на реклама и продажба преку Интернет. (Направете ја семинарската преку примери од секојдневното искуство при пребарување на Интернет)

5 Responses to "Теми за семинарска по предметот Јавно мислење"

*Jarik* responded on 3 ноември 2008 г., во 00:24 #

темиве се....................вауууууууууууууууу

420 Macedonia responded on 3 ноември 2008 г., во 00:33 #

дечки а кога треба да пријавуваме колоквиум?? пишува дека има моментално активна колоквиумска сесија???
???!!! а не сака да пријави

*Nate* responded on 3 ноември 2008 г., во 17:43 #

Јас успешно го пријавив сега пробав.А за темиве немам коментар со господ напред:S

Ivana responded on 1 декември 2008 г., во 23:42 #

Леле многу добри теми ејјјј!!!!

Unknown responded on 13 јуни 2019 г., во 08:58 #

Ubavi i mladi luge,pozdrav.
Jas sum edna 44 godisna zena koja zivee vo Svedska.Pokraj rabotnite obvrski ucam svedski jazik na povisoko nivo.
Prebaruvajki temi i instrukcii naidov na ovoj forum.Bi ve zamolila ako saka nekoj da mi doveri tekst na bilo koja od dadenive temi pa jas da mozam da go prevedam na svedski.
zagorkajovanovic1975@gmail.com
Blagodarna od srce