Запишување на семестар
Студентите стекнуваат услов за запишување на трети/петти семестар со освоени 14 кредити од вториот/четвртиот семестар. Сите оние кои го исполниле овој услов ќе можат да го запишат третиот/петтиот семестар од 15 септември до 30 септември во студентски прашања.
Потребни документи:
- Пријавен лист за упис со 50 денари таксена марка, и овие уплатници:
- Прва рата од партиципацијата на Трезор сметка НБРМ 100000000063095, сметка на Правен факултет „Јустинијан Први“ Скопје 160010370078811, повикување на бр.723012-41
- 400 денари за обнова на книжен фонд и солидарна одговорност на Трезор сметка НБРМ 100000000063095, сметка на Правен факултет „Јустинијан Први“ Скопје 160010370078811, повикување на бр.723012-41
- 200 денари штета на Трезор сметка НБРМ 100000000063095, сметка на Правен факултет „Јустинијан Први“ Скопје 160010370078811, повикување на бр.723012-41,
- 750 денари за информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј’’, со назнака ИКСА на УКИМ. Правен факултет Јустинијан Први, жиро сметка 160010368978818, депонент НБРМ, трезорска сметка 100000000063095, приходна шифра 723012-41, даночен бр 4030979223120, цел на дознака Уплата за Правен факултет
- 200 денари за членарина во Сојуз на студенти, на сметка 300000001076057-ССПФПССН, депонент Комерцијална банка АД-Скопје, ЕДБ 4030990249394 повикување на број 723012-41
Презапишување на предмети
Студентот кој ни по трето полагање не го положил предмeтот (преку тестови во поправна сесија и тестови за завршно оценување) должен е истата предмeтната програма повторно да ја запише, согласно распоредот на предметните програми, најдоцна до завршување на VI семестар. Ова значи дека студентот кој има услов, си го запишува третиот петиот семестар и ја следи наставата од третиот/петиот семестар, но во исто време го запишува и предметот од првиот/третиот семестар кој не му е положен и ја следи наставата по тој предмет, при што добива нови поени за присуство, активност, есеј и тестови.
Потребни документи за повторно запишување на предметна програма:
- Пополнета изјава со податоци за студентот и предметот кој се запишува (изјавите се земаат од студентски прашања) со уплатница со следната сума:
- предметна програма што носи 8 кредити – надомест од 67еур
- предметна програма што носи 7 кредити – надомест од 58еур
- предметна програма што носи 6 кредити – надомест од 50еур
- предметна програма што носи 5 кредити – надомест од 42еур
- предметна програма што носи 4 кредити – надомест од 34еур со назнака за повторно запишување на предмет.
Напомена: Студентите во изјавите пишуваат кај кој предметен професор ќе слушаат настава и во која група. Студентот нема да може да ја промени еднаш избраната група каде што ќе слуша настава.
*Преземено од страницата на Правен факултет
1 коментари:
decki me interesira dali mozeme da slusame predmeti samo kaj profesorite sto se na novinarstvo ili mozeme da zapisime predmet kaj nekoja grupa od pravni studii?ako znae nekoj neka pise..
Објави коментар