Пребарувај по блогов! (пиши клучен збор + enter)

Компјутерско полагање

Сите студенти кои сакаат да извршат обука за компјутерско полагање тоа можат да го сторат во петок 30.10.2009 од 10 до 16 часот во електронската училница на Правниот факултет „Јустинијан Први. Со себе треба да носат индекс и шифрата од електронското досие.

Студентите на Политичките студии и Студиите по новинарство во иднина предвидено е да полагаат во електронската училница.

Известување

Утре (28.10.2009-среда) во 14 часот на нашиот факултет, ќе се оддржи предавање од професор од Америка. Присуството не е задолжително.

***Во петок ќе се оди во кафана. Колегите ме замолија да истакнам дека оние кои сакаат да дојдат треба да се пријават тука за да се знае точниот број.

Пракса во „Дневник“

Сите студенти кои се заинтересирани да одат на пракса во „Дневник“ кај асистентот Сашо Кокаланов, нека се пријават во коментар под овој пост, наведувајќи ја и рубриката во која би сакале да се вклучат.

Материјали по „Односи со јавноста“

Проширената содржина на денешното предавање за „Технологијата на PR“ по предметот „Односи со јавноста“ од Проф. Д-р Томе Груевски, можете да ја симнете кликнувајќи на оваа реченица.

Материјали по „Институции и Право на ЕУ“

Следниот дел од материјалите што ни се потребни за испитот по „Институции и Право на ЕУ“ ги има во копирницата на факултетот, но и во копирниците на Бит Пазар и Мавровка.
Следниот час ќе ја работиме четвртата глава.
Дури ни Асистентот
Михаил Стојаноски не е потполно сигурен каква разлика точно има од нашиот силабус до оној на правните студии.

Силабус по „Односи со јавноста“

Силабусот по предметот „Односи со јавноста“ кај Проф. д-р Томе Груевски, може да го симнете кликнувајќи на текстов.

Содржината на денешното предавање за „Генезата и развојот на Односите со јавноста“, може да ја симнете кликнувајќи тука.


* Доколку има некакви проблеми со симнувањето, пишете во коментар.

Соопштение!

И покрај тоа што се договоривме со асистентот Васко Попетревски, часовите по „Известување во новинарството“ да ги држиме во среда од 12:00 часот и оваа недела терминот останува ист, во петок од 11:00 часот.
За следните часови ќе се усогласуваме со асистентот.

Електронската пошта на Васко е:
vasko_pope@hotmail.com

Промена во распоредот на предавања

Предавањето по предметот „Известување во новинарството“ - практикум, кај Васко Попетревски, ќе се одржува во среда од 12:00, наместо во петок.

Вежба Односи со јавност



На линкот ќе ја најдете вежбата број 2 по предметот Односи со јавноста.
За следниот час, 13.10.2009 - вторник, студентите треба да го прочитаат интервјуто и да размислат за истото и да донесат заклучоци кои ќе ги дискутираат на часот.

Поправна недела февруарска сесија

Новинарски и информативни жанрови 1.02.2010 Пон. 12:00

Институции и право на ЕУ 2.02.2010 Вто. 12:00

Односи со јавност 3.02.2010 Сре. 10:00

Новинарство во печатени и електронски медиуми 4.02.2010 Чет. 12:00

Известување во новинарството - практикум 5.02.2010 Пет. 12:00

Уредување во новинарство - практикум 6.02.2010 Саб. 10:00

Распоред на полагање V семестар

Новинарски и информативни жанрови 12.01.2010 Вто. 12:00

Институции и право на ЕУ 14.01.2010 Чет. 12:00

Односи со јавност 16.01.2010 Саб. 12:00

Новинарство во печатени и електронски медиуми 20.01.2010 Сре. 12:00

Известување во новинарството - практикум 22.02.2010 Пет. 12:00

Уредување во новинарство - практикум 23.01.2010 Саб. 12:00



*** Според распоредот превземен од страната на Правен факултет, презапишаните предмети од прва и втора година се полагаат на цел испит, бидејки во ниту една година новинарски студии, од оваа година не се полагаат колоквиуми.

МОБИНГ - истражување

Истражувањето по предметот „Новинарство во печатени и електронски медиуми“ кај Проф. д-р Љубомир Јакимовски, предводено од асистентката Билјана Петровска, ќе се работи на темата МОБИНГ.

Проектот ќе се реализира во 4 групи:
1.) Истражување на ИНТЕРНЕТ (координатор - Ивана Милосковска+ Викторија Милановска)
2.) Истражување на ниво на МАКЕДОНИЈА (координатор - Ивана Соколовиќ)
3.) Монтажа од снимени ИЗЈАВИ на експерти (координатор - Марија Главчева)
4.) Спроведување АНКЕТА (координатор - Моника Ристеска)

Секој што е заинтересиран да се приклучи кон некоја од групите, задолжително нека се обрати до недела 11.10.2009 кај координаторите, бидејќи конечните списоци треба да и бидат предадени на асистентката во понеделник!
* Вклучување во групите после овој термин не е дозволено!
Координаторите ќе Ви дадат подетални информации во врска со задачите кои секоја група треба да ги сработи.

Станува збор за истражување кое бара тимска работа, во текот на целиот семестар. Секој член е должен навремено да ги исполнува своите обврски, бидејќи координаторите секоја недела треба да даваат извештај кај асистентката, за текот на истражувањата во секоја од групите.
Истражувањата треба да се готови на 14.12.2009, бидејќи токму на тој час ќе се презентира крајниот резултат од целокупниот проект (ќе се спојат презентациите од сите 4 групи).

Сите на кои не им се допаѓа темата „Мобинг“ имаат шанса да направат индивидуално истражување (не обична семинарска работа!) на тема која самите ќе ја одберат (тема што не е дневна политика).