Пребарувај по блогов! (пиши клучен збор + enter)

Се прикажуваат објави со етикета истражување. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета истражување. Прикажи ги сите објави

МОБИНГ - истражување

Истражувањето по предметот „Новинарство во печатени и електронски медиуми“ кај Проф. д-р Љубомир Јакимовски, предводено од асистентката Билјана Петровска, ќе се работи на темата МОБИНГ.

Проектот ќе се реализира во 4 групи:
1.) Истражување на ИНТЕРНЕТ (координатор - Ивана Милосковска+ Викторија Милановска)
2.) Истражување на ниво на МАКЕДОНИЈА (координатор - Ивана Соколовиќ)
3.) Монтажа од снимени ИЗЈАВИ на експерти (координатор - Марија Главчева)
4.) Спроведување АНКЕТА (координатор - Моника Ристеска)

Секој што е заинтересиран да се приклучи кон некоја од групите, задолжително нека се обрати до недела 11.10.2009 кај координаторите, бидејќи конечните списоци треба да и бидат предадени на асистентката во понеделник!
* Вклучување во групите после овој термин не е дозволено!
Координаторите ќе Ви дадат подетални информации во врска со задачите кои секоја група треба да ги сработи.

Станува збор за истражување кое бара тимска работа, во текот на целиот семестар. Секој член е должен навремено да ги исполнува своите обврски, бидејќи координаторите секоја недела треба да даваат извештај кај асистентката, за текот на истражувањата во секоја од групите.
Истражувањата треба да се готови на 14.12.2009, бидејќи токму на тој час ќе се презентира крајниот резултат од целокупниот проект (ќе се спојат презентациите од сите 4 групи).

Сите на кои не им се допаѓа темата „Мобинг“ имаат шанса да направат индивидуално истражување (не обична семинарска работа!) на тема која самите ќе ја одберат (тема што не е дневна политика).