Пребарувај по блогов! (пиши клучен збор + enter)

ВАЖНО, известувања и потсетувања

*Предавањата по предметот Институции и право на ЕУ од утре започнуваат во 9:30

*Во понеделник(22.12) ќе го правиме вториот есеј по предметот Новинарски информативни жанрови кој ќе носи 15 поени. Треба да се пишува стандарден извештај на актуелна тема од оние кои ќе ни ги понуди професорот.

*Во вторник(23.12) правиме есеј по предметот Уредување во новинарството. Ќе добиеме неколку замислени ситуации од кои за 2 часа ќе мора да се направи радио, ТВ прилог или текст за весник, интернет издание. Важно е во нашиот текст да се препознае целиот начин на работа од кога сме дознале за приказната до завршувањето на веста (како сме дошле до дадена информација, нашите извори цитирани во изјави). Доколку во текстот неможеме да доловиме како сме дошле до завршниот производ и ако сметаме дека текстот не содржи доволно информации за нашата работа, истото треба да го дообјасниме во посебен дел.

*Во среда(24.12) правиме есеј по Институции и право на ЕУ, а деталите околу истиот ќе ги дознаеме утре на предавање. Исто така во среда, правиме есеј и по Известување во новинарството на истиот начин на кој се одвиваше и првиот по овој предмет.

***СИТЕ КОЛЕГИ кои ќе се пријават за било каква АКТИВНОСТ (предавање, одење во Вест, презентации) се молат ДА БИДАТ ПООДГОВОРНИ, ДА ПРИСУСТВУВААТ или во спротивно ДА ГО ПРИЈАВАТ ОТСУСТВОТО за да бидат заменети со некој друг колега.

0 Responses to "ВАЖНО, известувања и потсетувања"