Пребарувај по блогов! (пиши клучен збор + enter)

ВЕЖБА ЗА АКТИВНОСТ

Вежба за активност по предметот: „Новинарски информативни жанрови“.

Во поглед на дополнителните поени за активност, ќе треба да се изработи како домашна задача една едноставна вежба: PRESS CLIPPING.

Избирате еден македонски медиум кој ќе го следите во текот на 5 дена и ќе видите што точно тој известува за евроинтеграциите на Република Македонија (вклучувајќи ги и настаните поврзани со нив). Press clipingot треба да ги има следните податоци:

* Наслов: на кој медиум правите прес клипинг (А1, Канал 5, Бибиси на мак. јазик, Утрински весник и сл.)
* Предмет на анализа: која тема ја анализирате (во случајов евроинтеграциите на Македонија) и зошто таа тема е значајна
* Временски период: од кога до кога анализирате
* Забелешка: доколку нешто посебно анализирате и му давате особено значење
* Табела (со детален опис за секој текст од темата - види пример за само еден текст)
* Заклучоци

Ова е едноставна вежба, а ќе ни помогне да видиме кој новинарски жанр најмногу се користи кога се пишува за евроинтеграциите на Македонија, кои се информативните елементи во останатите жанрови, како се формулираат насловите во зависност од жанрот и кои извори на информации најчесто се користат.
Посветете посебно внимание на новинарските информативни жанрови.
Ќе имате онолку текста колку што ќе има текста во тој медиум на дадената тема. Домашната задача се работи индивидувално.

РОК за изработка на домашната: 21.12.2009 - нареден понеделник (доколку ја праќате по маил (alibegova@gmail.com) нека стои во Subject: PRESS CLIPPING).

* Пример, за тоа како треба да се изработи оваа вежба Демонстраторката Ана Алибегова ни испрати на сите на маил, заедно со забелешките од предходните домашни, за извештаите кои ги работевме во 6 групи.

2 Responses to "ВЕЖБА ЗА АКТИВНОСТ"

Сашка Д. responded on 11 декември 2009 г., во 13:58 #

mene nisto ne mi stiga na mail od asistentkata

Ivana responded on 11 декември 2009 г., во 14:33 #

Резултати од есејот кај Васко П. има?