Пребарувај по блогов! (пиши клучен збор + enter)

15 години Макфакс

Дечки утре има отворање на изложба и тркалезна маса за улогата на новинските агенции по повод 15 години од постоењето на агенцијата Макфакс. Настанот е отворена за јавност, а посебно за новинари како вас :)

Поради ограничениот простор во Клубот на новинари сите кои сакаат да учествуваат треба да го потврдите учеството
, најдоцна до понеделник, 5 мај.
Контакт:
maja@makfax.com.mk Тел: 02 31 10 125 / 02 32 27 127

Преземено од соопштението за јавност на Макфакс.

Датум: 6 мај 2008

Време: 11:00 - 14:30

Место: Клуб на новинарите, Скопје

Распоред на настани:

11.00 - 12:45 Тркалезна маса: Улога на новинските агенции во системот на информирање

Поздравен говор на амбасадорот на Република Словенија во Македонија Алан Брајан Бергант

Теми

- Новинските агенции база на системот на информирање

- Улога на независните новински агенции во информирањето во регионот

- Влијание на агенциите / медиумите за здрава бизнис средина.


Учесници во дискусијата се претставници на новински агенции од регионот, од Атина, Белград, Приштина, Софија, Тирана и Скопје

Модератор Роберт Поповски, претседател на Здружението на новинари на Македонија

13:00 - 13:20 Отворање на изложбата

- Обраќање на Ристо Поповски, основач и директор на Макфакс

- Обраќање на Н.Е амбасадорот Ерван Фуере, шеф на мисијата на

Европската Унија во Македонија

13:20 - 14:30 Коктел во изложбениот салон

06 - 11 мај Изложбата на фотографии е отворена за јавност

0 Responses to "15 години Макфакс"