Пребарувај по блогов! (пиши клучен збор + enter)

Распоред за полагање на колоквиуми и есеи

Еј дечки, ми пишала Искра дека за есејот што треба да се полага утре, 26.05.2008, ќе се одржи со мало задоцнување во 14:30 наместо во 14 часот. Темате ќе биде зададена на часот.

По есејот во 15 часот имаме консултации со демонстраторката Ина, за колоквиумот од предметот Современа европска и македонска историја, за делот Македонска историја кој треба да го полагаме.

Есејот по предметот Историја на новинарство се уште не е закажан.

Распоредот и инфромациите кои се поврзани со полагањето колоквиумите во колоквиумската недела е објавен на страната на Правен факултет и е следниов:

Право да полагаат и да пријават втор колоквиум имаат само студентите кои исполниле услов за втор заклучно со февруарска сесија. Студентите кои исполнија услов за втор семестар со априлска сесија, ќе можат да ги полагаат предметите на цел испит во јунската испитна сесија.

Пријавувањето на вторите колоквиуми за студентите од прва година ќе биде од 26 до 31 мај. Сите пријави пред и после тој рок нема да се прифаќаат.



Понеделник, 02.06.2008- Историја на новинарство (15:30- 17:00)


Вторник, 03.062008- Англиски јазик 2 (15:00- 16:00)

Среда, 04.06.2008- Медиуми и општество (15:30- 17:00)

Четврток, 05.06.2008- Информатика во новинарство (15:30- 17:00)

Петок, 06.06.2008- Македонски јазик 2 (15:00- 16:00)

Сабота, 07.06.2008- Современа европска и македонска историја (11:00- 12:00)


Со оглед на тоа што се договоривме испитот по Македонски јазик 2 најверојатно ќе содржи 70 прашања, мора да интервенираме во текот на неделата кај професорот, асистентката и во ЕКТС, да ни дадат термин од час и половина за полагање, бидејќи термин од само еден час не е доволен за полагање на овој предмет кој е обемен.

15 Responses to "Распоред за полагање на колоквиуми и есеи"

VIKTORIJA responded on 25 мај 2008 г., во 18:28 #

Sekoj den polaganje!Pa i sabota!!!:-(

VIKTORIJA responded on 25 мај 2008 г., во 18:40 #
Авторот го отстрани коментаров.
VIKTORIJA responded on 25 мај 2008 г., во 18:43 #

elence,imas mala greska:esej po mediumi i opstestvo na 26.05,ne na 23.05

Ristevska responded on 25 мај 2008 г., во 22:11 #

Викторија, фала, грешката е исправена!!!

Ivana responded on 26 мај 2008 г., во 00:55 #

Значи кога ќе пријавуваме испити, ja одбираме опцијата прв колоквиум или втор? И бидејќи се ни е во колоквиумска недела,дали во случај на паѓање на некој од испитиве, ќе имаме шанса за полагање покасно, т.е. она што би требал да е jунска сесија?
Ај нека пише некој у збунка сум. :S
Фала однапред :)

Ristevska responded on 26 мај 2008 г., во 10:15 #

Ивана, значи се си е како во минатиот семестар. Си пријавуваш втор колоквиум и си одиш на полагање. А ако не положиш во колоквиумска недела (бидејќи нели тоа се смета како колоквиум иако е цел) си го пријавуваш испитот и си го полагаш во јунска испитна сесија.

Како и да е добиваш две шанси за полагање, како и во првиот семестар.

Saska D. responded on 26 мај 2008 г., во 11:53 #

a ako voopsto ne ideme sega vo kolokviumska po nekoj predmet ne treba sega da se prijavi tuku posle koga ke pocne ispitna sesija?
sega treba samo tie sto ke si gi polagas , a posle ke imadrug rok za tie vo ispitna?
ako mi go razbravte prasanjeto, moze nekoj sto znae da odgovori :)))))

Ivana responded on 26 мај 2008 г., во 11:59 #

Фала Елена, ми потврди тоа што сакав. Инаку Сашка Д, јас те разбирам тотално, ама немам одговор и мене ме интересира тоа да знам дали све да пријавам сега и некој што го планирам за јунска,покасно да го пријавам.Нема везе, во секој случај од денес се пријавува.

420 Macedonia responded on 26 мај 2008 г., во 12:54 #

ne postoi se uste aktivna sesija? zasto?

Ristevska responded on 26 мај 2008 г., во 12:58 #

Сашка, значи си пријавуваш во колоквиумска тоа што мислиш да го полагаш во колоквиумска. Нормално не мора се да полагаш во колоквиумска, бидејќи имаш право да полагаш тоа што ќе одлучиш во испитна.

Така, ако воопшто не одиш сега на некој предмет, после во јунска испитна можеш да си го пријавиш и тогаш да одиш да го полагаш.

Ristevska responded on 26 мај 2008 г., во 12:59 #

Не знам точно зошто не постои активна сесија Моника, но претпоставувам дека е веројатно затоа што не ни се внесени поени од активност и присуства.

VIKTORIJA responded on 26 мај 2008 г., во 21:39 #

Elence,nema li rezultati od esejot po istorija?

aleksandra responded on 26 мај 2008 г., во 21:47 #

Elena, ili bilo koj ako znaete, sakam da prasam dali posle kolokviumskata nedela doaga ispitnata nedela odma ili pak imame pauza od edna nedela slobodna znaci, pa posle ide ispitnata?
Jas mislam deka e taka, samo mi treba i vtoro mislenje :):):)

Ristevska responded on 27 мај 2008 г., во 11:15 #

Нема резултати од ништо, кога ќе има ќе ги објавам.

Мислам дека меѓу колоквиумската и испитната недела има една недела за учење.

Ivana responded on 27 мај 2008 г., во 13:17 #

Елена, уште нема рез. есејот историја,блоговите и медиуми? Да ги чекаме на маил или се ќе има тука кај тебе?