Се надевам дека сите оние кои имаат дел од историјата во своите катчиња, предмети поврзани со интересни несекојдневни приказни од нашето минато, би можеле да ги извадите, да ги забришете и да ги споделите.
Преземено од блогот на Илина Етно
Во контекст на конференцијата “Социјални и духовни аспекти на материјалната култура“ во потрага сум по интересни предмети кои се во индивидуална или семејна сопственост, кои иако можеби имаат музејска вредност не се “институционализирани“, со кои се поврзаниности или настани, или со зборовите на Пруст, кои се поврзани со некакво сеќавање.
Она што вообичаено се пренесува по генерациска линија е најчесто накит, делови од облека, фотографии. Но во овој случај ме интересираат некои понеобични предмети, кои можат но и не мораат да имаат висока материјална вредност - она што ми е позначајно е нивната приказна. Ве молам доколку вие или некој ваш пријател или роднина има вакви предмети и би сакал да ми биде “информатор“, да учествува во создавањето на текстот и придружниот видео запис, оставете коментар или пишете ми на приватната адреса. Благодарам!
Епа дечки почнете да копате, а на Илина може да и пишете на vezzbi@yahoo.com или на нејзиниот блог.
0 Responses to "Во потрага по заборавените предмети"
Објави коментар