Пребарувај по блогов! (пиши клучен збор + enter)

Пракса во „ДНЕВНИК“

Потсетување до сите кои се заинтересирани да ја посетуваат редакцијата на весникот „Дневник“.
Потребни се дополнителни информации:
- во коментар, запишете ги вашите податоци (име, презиме и индекс), кој месец сакате да одите, како и рубриката која Ве интересира.
Пожелно е секој да има реализирано посета од 1 месец.

!!!Пријавувајте се до крајот на оваа недела, за да можат да се формираат групи од по 5 студенти, кои ќе почнат со пракса, веќе од наредниот понеделник (07.12.09)!!!

За месец ДЕКЕМВРИ, досега се пријавија:
1.) Славица Момировска 2333 - Спорт
2.) Ивана Момироска 2344 - Култура


За останатите месеци веќе пријавени се:


ФЕВРУАРИ:

1.) Ана Кукоска 2293 – Култура

2.) Александар Јакимовски 2339 - Спорт / Хроника

3.) Ивана Соколовиќ 2342


МАРТ:
1.) Моника Ристеска 2296 – Омнибус / Хроника / Метропола
2.) Сашка Додевска 2305 – (само не економија)
3.) Александра Маневска 2375 – (само не економија)

Домашна задача

За утре на предавањата кај Даниела, треба да имаме припремено 5 прашања во форма на анкета на било која тема и до испитаници по наша желба.

Есеј по „Известување во новинарството“

Еве ги темите (работните наслови) за есејот што ќе се одржи во среда (2 декември) по предметот „Известување во новинарството“ кај професорот Васко Попетревски.
Треба да избереме една од овие три теми:

1.) Свински грип - реална или надувана опасност;

2.) Прашањето за името - пречка за влез во НАТО и во ЕУ;

3.) Македонските медиуми меѓу стандардите и притисоците.

За Вест

Се молат студентите кои веќе беа на посета во Вест, да не се пријавуваат во предвидените термини, бидејќи треба сите колеги да дајдат на ред. Иако бројот на посети не е ограничен, нека поминат сите колеги по еднаш со посетата, па потоа нека оди кој и кога сака.

Бидејки дојде до недоразбирање со студентите кои требаше да го посетат Вест овој четврток истите и останатите кои се пријавија ќе одат наредниот четврток. Колегите кои сакаат да одат во петок нека се пријавуваат тука.

Посета на редакција- Вест

Список за посета, четврток 25.11.2009
1. Игор Смилевски 2300
2. Онур Тахир
3. Моника Ристеска 2296
4.
5.
6.
7.


Список за посета, петок 26.11.2009
1. Лина Симеонова 2129
2. Ана Кукоска 2293
3. Габриела Петковска 2325
4. Марија Велковска 2297
5. Иванка Златевска 2298
6. Олгица Арсовска 2351
7. Катерина Величковска 2248

Литература за студенти од 2 година на новинарски студии

Во прилог е линк од кој може да го симнете учебникот на Проф. д-р Томе Груевски, а кој се однесува на студентите по новинарство од втора година на Правниот факултет во Скопје.

Теорија на новинарство

5 прашања за интервју

Како домашна работа за вежбите кај асистентот Сашо Кокаланов, по предметот „Новинарски информативни жанрови“ (кај проф. д-р Веле Смилевски) секој студент треба да подготви по 5 прашања за ексклузивно интервју со Михаил Горбачов (Берлински Ѕид) и Хари Хаџи Ристески (ФФМ).
Подготвените прашања, треба да се пратат на e-mail кај асистентот, до следниот час (30.11.09):
s.kokalanov@dnevnik.com.mk


Сите колеги што беа и се заинтересирани за волонтерство во „Дневник“ во коментар на блогов или кај мене на e-mail.
Нека се доискажат во врска со рубриката што ги засега, како и месецот во кој би сакале да волонтираат.

Изгубен индекс

Изгубен е електронскиот индекс на колегата Круме со бр. 2315. Се молат колегите кои имаат повеќе картички убаво да проверат дали овој индекс е во нив.

Соопштение за есеи и семинарски

***Есеј по предметот Известување во новинарството ќе правиме на 02.12(среда), а темите за истиот ќе ги добиеме на предавање оваа недела кај Васко Попетревски.

***На 28.12(понеделник) ќе се полага есеј по предметот Новинарство во печатени и електронски медиуми кај професор Љ. Јакимовски. На предавањето по истиот предмет кое ќе се оддржи на 14.12 асистентката ќе ни посочи на некои правила во врска со есејот, а темата ќе биде од изучениот матријал. На пр. Агресија, Насилство во медиумите.... во кои е најважно да се истакне сопствениот стил на пишување.

***По предметот Односи со јавноста кај проф. Томе Груевски треба да се направи семинарска работа која носи 20 поени, наместо стандардниот есеј. Темите и правилата за семинарската, можете да ги погледнете во силабусот по истиот предмет.

***Оние студенти кои НЕМА да учествуваат во проектот за МОБИНГ во кој сме веќе поделени во групи, можат да направат семинарска работа и по предметот Новинарство во печатените и електронски медиуми на тема избрана од книгата по тој предмет.

Тест по „Институции и право на ЕУ“

Во среда (25.11.09) по предметот „Институции и право на ЕУ“ ќе се одржи стрес-тест за проверка на досегашното знаење.
Вклучен ќе биде пред се институционалниот дел од материјата, како и изворите на правото на ЕУ.
На овој начин ќе се добиваат поени за активност.

Важно соопштение за сите студенти на Правен факултет Јустинијан Први - Скопје

ДО

СТУДЕНТИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ

НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ

„ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“

Почитувани,

Следејќи ги препораките на Меѓународната здравствена организација, Министерството за здравство и Министерството за образование и наука, за спречување на ширењето на новиот грип H1N1, Факултетот Ве информира дека во јавните тоалети треба да се користи течниот сапун, да се користат корпите за отпадоци, како и хартиени шамивчиња.

Доколку почувствувате симптоми на настинка веднаш да се јавите на матичен лекар, а доколку се потврди присуство на грип H1N1 веднаш да известите во деканатот на Факултетот, со податоци за студентот на која година е и во која група.


Д Е К А Н

Проф. д-р Борче Давитковски

* Преземено од страната на Правен факултет „Јустинијан Први“ - Скопје

Семинарска по „Новинарство во печатени и електронски медиуми“

За следниот час (23.11.2009 - понеделник) по предметот „Новинарство во печатени и електронски медиуми“ кај Проф д-р Љубомир Јакимовски, да се изработи семинарска работа од 3 - 5 стр. на тема:

„Како македонските медиуми известуваа за македонската енциклопедија?“

Прв есеј по „Новинарски информативни жанрови“

Следниот час (23.11.09 - понеделник) по предметот „Новинарски информативни жанрови“ кај Проф. д-р Веле Смилевски, ќе се прави ПРВИОТ ЕСЕЈ, во форма на СТАНДАРДЕН - ОБИЧЕН ИЗВЕШТАЈ, на актуелна тема, а ќе носи максимум 5 поени.

Сами одбираме кој од трите модели на стандарден извештај (што ги учевме лани) ќе го користиме. Извештајот да не биде поголем од 1,5 - 2 страни. Се бара креативна и слободна разработка.

За индивидуалниот разговор со професорот, секој студент треба да:
* издвои 2 текста од дневните весници (1 коментар и 1 интервју)
* прочита од 77 до 164 стр. (до „Фељтон“) од книгата „Основи на новинарската теорија и практика“, обрнувајќи внимание на информативните елементи.

Посета на редакција

Во рамки на практикумот Уредување во новинарството, стучниот соработник за овој предмет, Горан Михајловски, предложи посета на редакцијата на дневниот весник Вест.

Посетите ќе се одвиваат во текот на вториот дел од семестарот и тоа во четврток и петок во 9:30 часот. Секоја група ќе се состои од 7-8 студенти кои се пријавуваат на блог или на мојата електронска адреса e_ristevska@yahoo.com. Бројот на посети на редакцијата не е ограничен.

Редакциските посети започнуваат оваа седмица, и тоа во четврток (19.11.2009 во 9:30 часот) и во петок (20.11.2009 во 9:30 часот). Би ги замолила колегите да се пријавуваат само кога ќе бидат апсолутно сигурни дека ќе бидат во можност да присуствуваат. Список на студенти кои ќе го посетат весникот ќе биде објавен на блог најдоцна до утре (за четврток) и задутре (за петок).


Список за посета, четврток 19.11.2009

1. Моника Ристеска 2296
2. Ивана Јариќ 2345
3. Александра Маневска 2375
4. Сашка Додевка 2305
5. Ангела Николовска 2361
6. Симона Симионова 2281
7. Пеце Ацев

Список за посета, петок 20.11.2009
1. Андријана Тарабунова 2350
2. Ана Кукоска 2293
3. Марија Главчева
4. Моника Ристеска 2296
5. Лина Симеонова 2129
6. Габриела Петковска 2325
7. Ивана Соколовиќ 2342

Задача по предметот Односи со јавност

За следниот час по предметот Односи со јавноста, (24.11.2009, вторник) студентите треба да подготват кратко излагање од десетина минути на темите за кои денеска се зборуваше. Материјал за темите може да се искористи од книгата, но исто така потребно е да се најде дополнителен материјал (извори од интернет или друга литература).

Списокот е во прилог. Има теми за кои се уште не се пријавиле студенти, па кој сака (по еден или двајца за секоја тема) нека наведат име и презиме во коментар и тема за која се пријавуваат.

Важно: Колегите кои сакаат да се пријават за тема, нека го направат тоа најдоцна до петок, 20.11.2009.

1. Огласување (Владо Оцески, Филип Печевски)

2. Пропаганда (Наталија Крстова)

3. Маркетинг (Христина Николовска)

4. Реклама ( Моника Ристеска)

5. Лобирање (Жарко Димитриоски, Горан Томоски)

6. Јавни работи - Public Affairs (Ивана Јариќ)

7. Прес- агентура - Press Agentry (Александар Темелковски)

8. Манипулација (Верица Стојанова, Елма Алибашиќ)

9. Публицитет (Марија Главчева)

10. Спин Доктори (Наташа Јорданова, Елена Ристевска)

11. Новинарството и односите со јавност (Сашка Додовска, Александра Маневска)

12. Имиџ (Пеце Ацев)

13. Брендирање (Ивана Соколовиќ)

14. Презентација (Елена Петковска)

15. Маркетиншки комуникации (Славица Момировска, Ивана Момироска)


ВАЖНО: Колегите кои се уште го немаат учебникот по предметот Односи со јавноста од професорот Томе Груевски, истиот може да го симнат тука!!!

Вовед во право

Се известуваат студентите кои го имаат презапишано предметот Вовед во правото,дека истиот наместо кај проф.Тасковска, ќе се слуша кај Д.Бајалџиев.