Се одобрува дополнителна мартовска испитна сесија за полагање испити од I, II, III, IV, V и VI семестар.
Дополнителната мартовска испитна сесија ќе се одвива од 9 март до 31 март 2010 година.
Право на полагање имаат сите студенти (редовни и вонредни) на Правниот факултет кои завериле и запишале II, IV и VI семестар како и апсолвентите кои имаат евидентирано апсолвентски стаж.
Полагањето на испитите се врши со административен надомест од 1000,00 денари по испит.
Со пријавувањето на испитите студентите можат да бираат да полагаат испит, испит и есеј или само есеј.
Пријавувањето се врши преку електронското досие од 1 до 7 март 2010 година.
Студентите кои нема на време да пријават испит нема да се примаат на полагање.
Студентите на полагање задолжително на испитите со себе да носат книжен индекс, уплатница од 1000,00 за секој испит поединечно и да ја знаат својата лозинка. На уплатницата да се наведе кој испит се полага и бројот на индексот.
Известување за мартовска сесија
*IVANCE* четврток, 25 февруари 2010 г. 0 коментари
Претплати се на:
Коментари на објава (RSS)
0 Responses to "Известување за мартовска сесија"
Објави коментар