Пребарувај по блогов! (пиши клучен збор + enter)

Апсолвентска вечер

Оваа година апсолвентската вечер за студентите на новинарски и политички студии ќе се одржи во средината на мај, во хотелот Холидеј ин. Цената на билетот за вечерта е 1600 денари, во која влегуваат вечерата (предјадење, главно јадење, десерт) и пијалок (сокови и наливно вино). Жестоките пијачки (водка, коњак, узо и слично) ќе бидат достапни по дистрибутивна цена од 60 денари.

Плаќањето се врши на две рати, по 800 денари во февруари и март, кај координаторот на групата Елена Ристевска. Студентите ќе добијат билет кој ќе послужи како влезница и подоцна при служењето на вечерата на прославата.

Дел од одборот за организирање и одговорни за вечерта се Елена Ристевска и Наташа Јорданова кои може да ве информираат дополнително.

По завршувањето на официјалниот дел од вечерта студентите по избор може да ја продолжат забавата во некоја дискотека.

Досегашната практика апсолвентската вечер на овие две групи апсолвенти, да се слави во ресторанот Имес е прекината оваа година поради пожарот во ресторанот и нивната неможност да дадат понуда.

ВАЖНО: Овој предлог е поддржан од деканатот на Правниот факултет. Сите други евентуални варијанти ќе бидат на товар на некој од студентите кои ќе мораат дополнително да се ангажираат на своја рака да ја организира апсолвентската вечер.

11 Responses to "Апсолвентска вечер"

Jovana responded on 2 февруари 2010 г., во 22:16 #

na mene i na dimiskova ni se dopaga:)

Ristevska responded on 2 февруари 2010 г., во 22:21 #

Новиот дизајн на блогот или предлогот? :)))))

Jovana responded on 2 февруари 2010 г., во 22:22 #

predlogot:))

Ristevska responded on 2 февруари 2010 г., во 22:24 #

... ааа сеа не ме разочарувај, чекав да кренам глава од испити да ви го освежам блогчето... вие ништо :)

Jovana responded on 2 февруари 2010 г., во 23:02 #

i na nebojsa danevski mu se dopaga ponudata:)

*IVANCE* responded on 3 февруари 2010 г., во 00:36 #

Мене ми се допаѓа идејата за апсолвентска и мнооооооооогу ми се допаѓа новиот изглед на нашиот блог. Дополнително, се пријавувам да бидам дел од одборот за организација...
п.с. И на кума ми исто така

*IVANCE* responded on 3 февруари 2010 г., во 00:43 #

Ima nekoja informacija vo vrska so muzikata?

ani responded on 3 февруари 2010 г., во 09:36 #

da ve prasam so goran sto e rabotata ke ima li popraven esej, ako nie cekame do 6ti on sigurno nema da se pojavi na ispit minatiot pat ne se pojavi..... ima li nekoj negov broj?
Inace top e izgledot na blogov, mn bolje od minatiot....

*Nate* responded on 3 февруари 2010 г., во 10:15 #

За музиката се преговара уште ..... бараат некоја што ќе одговара за сите:D

*IVANCE* responded on 3 февруари 2010 г., во 12:44 #

Кога ќе почнеме со предавањата ќе пуштиме списоци и ќе разговараме со сите колеги, очигледно не го отвараат сите нашиот блог.
Размислував за друга опција, ако повеќето ја одбијат оваа. Во ресторан "Бисера" цената е околу 15 евра(900ден.) за неограничено пиење од сите врсти+ предјадење, вечера и десерт.

*Jarik* responded on 3 февруари 2010 г., во 21:15 #

mene mi se sviga se.....