Среќна Нова година на сите колеги - многу здравје, среќа, љубов и се разбира ДИПЛОМА во 2010.
Најнов распоред за полагање
Распоред на полагања | ||||
Предмет | Датум | Датум | Час | Амфитеатар |
Новинарски и информативни жанрови | 11.01.2010 (Понеделник) | 28.01.2010 (Четврток) | 10:00 | / |
Институции и право на ЕУ | 13.01.2010 (Среда) | 30.01.2010 (Сабота) | 14:00 | / |
Односи со јавност | 15.01.2010 (Петок) | 02.02.2010 (Вторник) | 15:00 | / |
Новинарство во печатени и електронски медиуми | 25.01.2010 (Понеделник) | 03.02.2010 (Среда) | 10:00 | / |
Известување во новинарството - практикум | 26.01.2010 (Вторник) | 04.02.2010 (Четврток) | 16:00 | / |
Уредување во новинарство - практикум | 27.01.2010 (Среда) | 06.02.2010 (Сабота) | 10:00 | / |
испити, презакажани испити, распоред 420 Macedonia вторник, 29 декември 2009 г. 6 коментари
Сликање за апсолвентското табло
На 25.01 студентите од нашата група треба да отидат во фото студио "Јасмина" во трговскиот центар Лептокарија, каде ќе се сликаме за апсолвентското табло. Пакетот кој од таму ќе го добиеме чини 750 денари, а содржи неколку големини на слики, снимка на dvd од апсолвентската вечер, мини табло со голема резолуција и друго.
*IVANCE* понеделник, 28 декември 2009 г. 5 коментари
Важно соопштение за пријавување на колоквиуми и испити
Редовните студенти кои ќе ги полагаат вторите колоквиуми истите не треба да ги пријавуваат
За студентите кои имаат право да полгаат втори колоквиуми одјавен е
Список на студенти кои имаат право да полагаат втори колоквиуми
Вонредните студенти кои ќе полагаат испити во КОЛОКВИУМСКАТА СЕСИЈА, истите ќе ги полагаат во компјутерската училница, а треба да ги пријават од 8 до 10 јануари 2009 година преку електронското досие
Термините за пријавување на поправите колоквиуми и испити во февруарска испитна сесија ќе бидат дополнително објавени.
* Преземено од Огласна табла за студенти (страната на Правен факултет „Јустинијан Први“ - Скопје)
испити, колоквиуми, пријавување испити, соопштение 420 Macedonia сабота, 26 декември 2009 г. 4 коментари
Страни за учење по „Институции и право на ЕУ“
Требаат:
* ЗНБП на ЕУ од Проф. д-р татјана Петрушевска
* Договорите од Мастрихт и Амстердам
* ПВР од Проф. д-р татјана Петрушевска
* Други европски органи и тела на ПВР
* Договор за ЕУ (само член 6 и член 49)
Не требаат:
* ЗНБП од Дејан Мицковиќ и Александар Матовски
* Примена на правото на внатрешниот пазар од Европскиот суд на правдата (Видови постапки пред ЕСП)
Само да се прочита:
* Четирите слободи (на почетокот)
* Случаите
- Останатото што не е споменато, треба да се учи.
Институции и право на ЕУ, материјали 420 Macedonia четврток, 24 декември 2009 г. 10 коментари
Поени од есејот по „Институции и право на ЕУ“
0 поени
Марија Димишковска 2357
Марија Главчева 2311
Мартин Насковски 2232
3 поени
Тања Божиќ 2306
4 поени
Цветанова Ивана 2337
5 поени
Романова Елена 2338
Тарчуловска Елена 2301
7 поени
Момировска Славица 2333
Печијаревска Јована 2320
Додевска Сашка 2305
Тарабунова Андријана 2350
Смилевски Игор 2300
8поени
Димитриоски Жарко 2288
10 поени
Ѓорѓиевска Деспина 2316
Стефановски Круме 2315
13 поени
Маневска Александра 2375
14 поени
Јариќ Ивана 2345
Николовска Христина 2312
15 поени
Симоновска Симона 2281
18 поени
Тодевска Сања 2346
Јосифоска Јана 2290
20 поени
Јорданова Наташа 2341
Ристеска Моника 2296
Соколовиќ Ивана 2342
* Од Асистентката Илина Ценевска
есеј, Институции и право на ЕУ, поени, резултати 420 Macedonia 0 коментари
ЕСЕИ
Утре (25.12.09) во 12:00 часот, ќе се одржи есејот по предметот „Новинарство во печатени и електронски медиуми“ кај Проф. д-р Љубомир Јакимовски.
Во понеделник (28.12.09) во 13:00 часот, ќе се одржи поправниот есеј по предметот „Институции и право на ЕУ“.
e-mail - от на асистентот Васко Попетревски е:
есеј, попсетување, соопштение 420 Macedonia 2 коментари
теми за втор есеј по „Известување во новинарството“
Колеги, темите за есејот в среда, 23.12.2009, се следниве:
1.) Во Европа без визи;
2.) Снегот и годинава во погрешно време - за (не)подготвеноста на институциите и (не)ангажираноста на граѓаните;
3.) Состојбите во македонскиот фудбал.
Текстот треба да биде нагласено авторски, со критички осврт кон темата, втемелен на аргументи, а не на емоции. Фактите не треба само механички да се лепат еден по друг (што се случи во речиси 90% од текстовите од првиот есеј), туку треба да се вкрстат во прилог на авторската анализа која треба да понуди суд, оценка за прашањето што се опсервира.
Поздрав,
Васко Попетревски
есеј, Известување во новинарството 420 Macedonia недела, 20 декември 2009 г. 25 коментари
PR
Сите што сакаат да предадат семинарска работа по предметот „Односи со јавност“, истото можат да го сторат во електронска форма на маилот на професорот Томе Груевски:
gruevski@srd.org.mk
Испитен материјал:
Прв дел - цел, без глава 7
Втор дел - само глава 6
Трет дел - не треба.
Односи со јавност 420 Macedonia среда, 16 декември 2009 г. 11 коментари
ВАЖНО, известувања и потсетувања
*Предавањата по предметот Институции и право на ЕУ од утре започнуваат во 9:30
*Во понеделник(22.12) ќе го правиме вториот есеј по предметот Новинарски информативни жанрови кој ќе носи 15 поени. Треба да се пишува стандарден извештај на актуелна тема од оние кои ќе ни ги понуди професорот.
*Во вторник(23.12) правиме есеј по предметот Уредување во новинарството. Ќе добиеме неколку замислени ситуации од кои за 2 часа ќе мора да се направи радио, ТВ прилог или текст за весник, интернет издание. Важно е во нашиот текст да се препознае целиот начин на работа од кога сме дознале за приказната до завршувањето на веста (како сме дошле до дадена информација, нашите извори цитирани во изјави). Доколку во текстот неможеме да доловиме како сме дошле до завршниот производ и ако сметаме дека текстот не содржи доволно информации за нашата работа, истото треба да го дообјасниме во посебен дел.
*Во среда(24.12) правиме есеј по Институции и право на ЕУ, а деталите околу истиот ќе ги дознаеме утре на предавање. Исто така во среда, правиме есеј и по Известување во новинарството на истиот начин на кој се одвиваше и првиот по овој предмет.
***СИТЕ КОЛЕГИ кои ќе се пријават за било каква АКТИВНОСТ (предавање, одење во Вест, презентации) се молат ДА БИДАТ ПООДГОВОРНИ, ДА ПРИСУСТВУВААТ или во спротивно ДА ГО ПРИЈАВАТ ОТСУСТВОТО за да бидат заменети со некој друг колега.
соопштение *IVANCE* вторник, 15 декември 2009 г. 0 коментари
Промена во распоредот за полагање
СТУДИИ ПО НОВИНАРСТВО
Новинарски и информативни жанрови 11.01.2010 Пон.10:00
Институции и право на ЕУ 13.01.2010 Сре.14:00
Односи со јавност 15.01.2010 Пет.15:00
Новинарство во печатени и електронски медиуми 18.01.2010 Пон.10:00
Известување во новинарството - практикум 20.01.2010 Сре.16:00
Уредување во новинарство - практикум 22.01.2010 Пет.10:00
Новинарски и информативни жанрови 25.01.2010 Пон.10:00
Институции и право на ЕУ 27.01.2010 Сре.14:00
Односи со јавност 29.01.2010 Пет.15:00
Новинарство во печатени и електронски медиуми 01.02.2010 Пон.10:00
Известување во новинарството - практикум 03.02.2010 Сре.16:00
Уредување во новинарство - практикум 05.02.2010 Пет.10:00
*IVANCE* понеделник, 14 декември 2009 г. 4 коментари
ВЕЖБА ЗА АКТИВНОСТ
Вежба за активност по предметот: „Новинарски информативни жанрови“.
Во поглед на дополнителните поени за активност, ќе треба да се изработи како домашна задача една едноставна вежба: PRESS CLIPPING.
Избирате еден македонски медиум кој ќе го следите во текот на 5 дена и ќе видите што точно тој известува за евроинтеграциите на Република Македонија (вклучувајќи ги и настаните поврзани со нив). Press clipingot треба да ги има следните податоци:
* Наслов: на кој медиум правите прес клипинг (А1, Канал 5, Бибиси на мак. јазик, Утрински весник и сл.)
* Предмет на анализа: која тема ја анализирате (во случајов евроинтеграциите на Македонија) и зошто таа тема е значајна
* Временски период: од кога до кога анализирате
* Забелешка: доколку нешто посебно анализирате и му давате особено значење
* Табела (со детален опис за секој текст од темата - види пример за само еден текст)
* Заклучоци
Ова е едноставна вежба, а ќе ни помогне да видиме кој новинарски жанр најмногу се користи кога се пишува за евроинтеграциите на Македонија, кои се информативните елементи во останатите жанрови, како се формулираат насловите во зависност од жанрот и кои извори на информации најчесто се користат.
Посветете посебно внимание на новинарските информативни жанрови.
Ќе имате онолку текста колку што ќе има текста во тој медиум на дадената тема. Домашната задача се работи индивидувално.
РОК за изработка на домашната: 21.12.2009 - нареден понеделник (доколку ја праќате по маил (alibegova@gmail.com) нека стои во Subject: PRESS CLIPPING).
* Пример, за тоа како треба да се изработи оваа вежба Демонстраторката Ана Алибегова ни испрати на сите на маил, заедно со забелешките од предходните домашни, за извештаите кои ги работевме во 6 групи.
активност, вежби, домашна работа, Новинарски информативни жанрови 420 Macedonia петок, 11 декември 2009 г. 2 коментари
Посети на Вест за оваа недела
***Четврток
1. Викторија Миланова
2. Елена Петковска
3. Владо Оцевски
4. Филип Печевски
5. Александар Темелковски
6. Александар Јакимовски
7. Ивона Петрова
***Петок
1. Горан Томовски
2. Небојша Даневски
3. Круме Стефановски
4. Сашка Мишевска
5. Горги Николик
6. Александар Јовановски
7. Елена Ристевска
*IVANCE* среда, 9 декември 2009 г. 6 коментари
Утре немаме час!
Колеги!
Утре нема да го одржиме часот по Известување во новинарството.
Ќе се видиме идната среда. Резултати од есејот ќе ви објавам следните денови.
Поздрав,
Васко Попетревски
Известување во новинарството 420 Macedonia вторник, 8 декември 2009 г. 2 коментари
Сменет термин за есеј
Есејот по предметот Новинарство во печатени и електронски медиуми кај проф. Јакимовски е презакажан за 25.12.2009 (петок) во 12 часот. Есејот ќе се оддржи во амфитеатар 3, а темата за истиот ќе биде од досега изучениот матријал, но потребно е и да се истакне сопствениот стил на пишување.
есеј *IVANCE* понеделник, 7 декември 2009 г. 1 коментари
Домашна задача
Обработка на тема по предметот „Новинарски информативни жанрови“ -
Пишување стандарден, коментаторски или репортерски извештај (по 2 извештаја за секоја група).
Прва група: студентски домови
1. Ана Кукоска
2. Лина Симеонова
3. Андриана Тарабунова
4. Марија Главчева
Втора група: Имплементација на ЕКТС
1. Славица Момировска
2. Сашка Додевска
3. Александра Маневска
4. Ивана Јариќ
Трета група: Колку се активни македонските студенти?
1. Елма Алибашиќ
2. Пеце Ацев
Четврта група: Семејно насилство / мобинг (една од темите или двете ако најдете поврзаност)
1. Христина Николовска
2. Ивана Соколовиќ
3. Весна Јовановска
4. Мартин Насковски
5. Моника Ристеска
Петта група: Студентски невладини организации
1. Наталија Крстова
2. Елена Тарчуговска
Шеста група: Стара чаршија и/или стари занаети
1. Јована Печијаревска
2. Игор Смилевски
3. Слободан Ристовски
4. Марија Димишкова
* Оние групи кои немаа подговтено извештаи за вчерашниот час, истите можат да ги пратат на маил кај асистентката Ана Алибегова (alibegova@gmail.com), најдоцна до утре.
домашна работа, Новинарски информативни жанрови 420 Macedonia недела, 6 декември 2009 г. 1 коментари
Есеј по „Уредување во новинарството“
2.) На 8.12 не се работи, на 15.12.2009 задолжително да се појавите на час за да се вежба Критериум за избор на вести, Како да се направи приказната со краен рок и Дефинирање на работна задача. Тоа ќе биде темата на Есејот.
3.) Есејот ќе се прави на 22.12.2009. Oбрнете внимание на одделот Како да се направи приказната со краен рок и Дефинирање на работна задача. Ќе добиете неколку замислени ситуации од кои за 2 часа ќе мора да се направи радио, ТВ прилог или текст за весник, интернет издание. Затоа препорачливо е да се појавите на час на 15.12.2009.
4.) Во атачмент во пдф формат ви е прирачникот за предметот од којшто ќе бидат извлечени прашањата за испитот. Обрнете внимание на вежбите и практичните примери. Прирачникот не е обемен, Прочитајте го пред 15.12, па ќе продискутираме на час.
Поздрав
Горан Михајловски
есеј, пракса, Уредување во новинарството 420 Macedonia вторник, 1 декември 2009 г. 18 коментари
Посети на Вест за оваа недела
ЧЕТВРТОК :
1. Онур Тахир
2. Игор Смилевски
3. Кристина Мерџановска
4. Ивана Цветановска
5. Јана Јосифоска
6. Деспина Георгиевска
7. Елена Тарчуговска
8. Елена Романова
ПЕТОК:
1. Ивана Момироска
2. Наташа јорданова
3. Славица Момировска
4. Јована Печијаревска
5. Марија Димишкова
6. Игор Стефановски
7. Тања Божик
8. Наталија Крстова
*IVANCE* 6 коментари
Пракса во „ДНЕВНИК“
Потсетување до сите кои се заинтересирани да ја посетуваат редакцијата на весникот „Дневник“.
Потребни се дополнителни информации:
- во коментар, запишете ги вашите податоци (име, презиме и индекс), кој месец сакате да одите, како и рубриката која Ве интересира.
Пожелно е секој да има реализирано посета од 1 месец.
!!!Пријавувајте се до крајот на оваа недела, за да можат да се формираат групи од по 5 студенти, кои ќе почнат со пракса, веќе од наредниот понеделник (07.12.09)!!!
За месец ДЕКЕМВРИ, досега се пријавија:
1.) Славица Момировска 2333 - Спорт
2.) Ивана Момироска 2344 - Култура
За останатите месеци веќе пријавени се:
ФЕВРУАРИ:
1.) Ана Кукоска 2293 – Култура
2.) Александар Јакимовски 2339 - Спорт
3.) Ивана Соколовиќ 2342
МАРТ:
1.) Моника Ристеска 2296 – Омнибус / Хроника / Метропола
2.) Сашка Додевска 2305 – (само не економија)
3.) Александра Маневска 2375 – (само не економија)
пракса 420 Macedonia понеделник, 30 ноември 2009 г. 7 коментари
Домашна задача
За утре на предавањата кај Даниела, треба да имаме припремено 5 прашања во форма на анкета на било која тема и до испитаници по наша желба.
*IVANCE* 0 коментари
Есеј по „Известување во новинарството“
Еве ги темите (работните наслови) за есејот што ќе се одржи во среда (2 декември) по предметот „Известување во новинарството“ кај професорот Васко Попетревски.
Треба да избереме една од овие три теми:
1.) Свински грип - реална или надувана опасност;
2.) Прашањето за името - пречка за влез во НАТО и во ЕУ;
3.) Македонските медиуми меѓу стандардите и притисоците.
есеј, Известување во новинарството 420 Macedonia недела, 29 ноември 2009 г. 2 коментари
За Вест
Се молат студентите кои веќе беа на посета во Вест, да не се пријавуваат во предвидените термини, бидејќи треба сите колеги да дајдат на ред. Иако бројот на посети не е ограничен, нека поминат сите колеги по еднаш со посетата, па потоа нека оди кој и кога сака.
Бидејки дојде до недоразбирање со студентите кои требаше да го посетат Вест овој четврток истите и останатите кои се пријавија ќе одат наредниот четврток. Колегите кои сакаат да одат во петок нека се пријавуваат тука.
*IVANCE* петок, 27 ноември 2009 г. 11 коментари
Посета на редакција- Вест
2. Онур Тахир
3. Моника Ристеска 2296
4.
5.
6.
7.
Список за посета, петок 26.11.2009
1. Лина Симеонова 2129
2. Ана Кукоска 2293
3. Габриела Петковска 2325
4. Марија Велковска 2297
5. Иванка Златевска 2298
6. Олгица Арсовска 2351
7. Катерина Величковска 2248
Уредување во новинарството Ristevska среда, 25 ноември 2009 г. 4 коментари
Литература за студенти од 2 година на новинарски студии
Во прилог е линк од кој може да го симнете учебникот на Проф. д-р Томе Груевски, а кој се однесува на студентите по новинарство од втора година на Правниот факултет во Скопје.
Теорија на новинарство
литература Ristevska 1 коментари
5 прашања за интервју
Како домашна работа за вежбите кај асистентот Сашо Кокаланов, по предметот „Новинарски информативни жанрови“ (кај проф. д-р Веле Смилевски) секој студент треба да подготви по 5 прашања за ексклузивно интервју со Михаил Горбачов (Берлински Ѕид) и Хари Хаџи Ристески (ФФМ).
Подготвените прашања, треба да се пратат на e-mail кај асистентот, до следниот час (30.11.09):
s.kokalanov@dnevnik.com.mk
Сите колеги што беа и се заинтересирани за волонтерство во „Дневник“ во коментар на блогов или кај мене на e-mail.
Нека се доискажат во врска со рубриката што ги засега, како и месецот во кој би сакале да волонтираат.
домашна работа, Новинарски информативни жанрови 420 Macedonia понеделник, 23 ноември 2009 г. 0 коментари
Изгубен индекс
Изгубен е електронскиот индекс на колегата Круме со бр. 2315. Се молат колегите кои имаат повеќе картички убаво да проверат дали овој индекс е во нив.
*IVANCE* 1 коментари
Соопштение за есеи и семинарски
***Есеј по предметот Известување во новинарството ќе правиме на 02.12(среда), а темите за истиот ќе ги добиеме на предавање оваа недела кај Васко Попетревски.
***На 28.12(понеделник) ќе се полага есеј по предметот Новинарство во печатени и електронски медиуми кај професор Љ. Јакимовски. На предавањето по истиот предмет кое ќе се оддржи на 14.12 асистентката ќе ни посочи на некои правила во врска со есејот, а темата ќе биде од изучениот матријал. На пр. Агресија, Насилство во медиумите.... во кои е најважно да се истакне сопствениот стил на пишување.
***По предметот Односи со јавноста кај проф. Томе Груевски треба да се направи семинарска работа која носи 20 поени, наместо стандардниот есеј. Темите и правилата за семинарската, можете да ги погледнете во силабусот по истиот предмет.
***Оние студенти кои НЕМА да учествуваат во проектот за МОБИНГ во кој сме веќе поделени во групи, можат да направат семинарска работа и по предметот Новинарство во печатените и електронски медиуми на тема избрана од книгата по тој предмет.
есеј, Семинарска работа *IVANCE* 1 коментари
Тест по „Институции и право на ЕУ“
Во среда (25.11.09) по предметот „Институции и право на ЕУ“ ќе се одржи стрес-тест за проверка на досегашното знаење.
Вклучен ќе биде пред се институционалниот дел од материјата, како и изворите на правото на ЕУ.
На овој начин ќе се добиваат поени за активност.
Институции и право на ЕУ, ТЕСТ 420 Macedonia недела, 22 ноември 2009 г. 2 коментари
Важно соопштение за сите студенти на Правен факултет Јустинијан Први - Скопје
ДО
СТУДЕНТИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ
НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ
„ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“
Почитувани,
Следејќи ги препораките на Меѓународната здравствена организација, Министерството за здравство и Министерството за образование и наука, за спречување на ширењето на новиот грип H1N1, Факултетот Ве информира дека во јавните тоалети треба да се користи течниот сапун, да се користат корпите за отпадоци, како и хартиени шамивчиња.
Доколку почувствувате симптоми на настинка веднаш да се јавите на матичен лекар, а доколку се потврди присуство на грип H1N1 веднаш да известите во деканатот на Факултетот, со податоци за студентот на која година е и во која група.
Д Е К А Н
* Преземено од страната на Правен факултет „Јустинијан Први“ - Скопје
Вирус H1N1, соопштение 420 Macedonia петок, 20 ноември 2009 г. 4 коментари