Пребарувај по блогов! (пиши клучен збор + enter)

Домашна бр.2 по „НАЖ“

За следниот час по предметот „Новинарски аналитички жанрови“ треба да се подготви КОМЕНТАТОРСКИ ИЗВЕШТАЈ (НЕ КОМЕНТАР!) кој треба да се однесува на актуелните случувања со поплавите во Република Македонија.

Вестите (од кои треба да се напише извештајот, а кои ги прати асистентката Марија Савиќ) пробајте да ги симнете кликајќи на реченицава, а доколку не успеете, видете дали не ви се стигнати на маил.


Задолжително е извештајот да биде опремен со
  1. наднаслов и наслов;
  2. 40-50 реда;
  3. фонт 12;
  4. проред 1,5.

Коментаторскиот извештај треба да го испратиме најдоцна до среда 3.3.2010 до 10:00, на овој мејл: marijagala@gmail.com
Извештаите покрај во електронска форма, во четврток да ги предадеме и во печатена, но НЕМОЈТЕ да ги ПОТПИШУВАТЕ (печатените).

Известување за мартовска сесија

Се одобрува дополнителна мартовска испитна сесија за полагање испити од I, II, III, IV, V и VI семестар.
Дополнителната мартовска испитна сесија ќе се одвива од 9 март до 31 март 2010 година.
Право на полагање имаат сите студенти (редовни и вонредни) на Правниот факултет кои завериле и запишале II, IV и VI семестар како и апсолвентите кои имаат евидентирано апсолвентски стаж.
Полагањето на испитите се врши со административен надомест од 1000,00 денари по испит.
Со пријавувањето на испитите студентите можат да бираат да полагаат испит, испит и есеј или само есеј.
Пријавувањето се врши преку електронското досие од 1 до 7 март 2010 година.
Студентите кои нема на време да пријават испит нема да се примаат на полагање.
Студентите на полагање задолжително на испитите со себе да носат книжен индекс, уплатница од 1000,00 за секој испит поединечно и да ја знаат својата лозинка. На уплатницата да се наведе кој испит се полага и бројот на индексот.

Силабус по „СПС“

  1. Недела: Политички систем на Англија.
  2. Недела: Политички систем на Англија.
  3. Недела: Политички систем на Англија.
  4. Недела: Политички систем на САД.
  5. Недела: Политички систем на САД.
  6. Недела: Политички систем на САД.
  7. Недела: Политички систем на Франција.
  8. Недела: Политички систем на Франција.
  9. Недела: Политички систем на Франција.
  10. Недела: Политички систем на Швајцарија.
  11. Недела: Политички систем на Швајцарија.
  12. Недела: Политички систем на Швајцарија.

„Новинарски аналитички жанрови“

Во текот на овој семестар за активност кај професорот Веле Смилевски, секој студент треба да напише:

  1. по 5 коментари од по 45 реда и
  2. по 2 интервјуа со вовед (секое по 3 стр.) со конкретни личности и анализа на проблем.
Дозволена е импровизација, со помош на релевантни факти и информации.
*** Присуството на овој предмет е задолжително и многу важно за сумирањето на крајната оценка (како што нагласи самиот професор).

Оцени

Во понеделник 01.03.2010 во 11 часот ќе се зимаат оцени по предметот Односи со јавноста кај проф.Груевски. За секој случај земете си ги и пријавите по Уредување во новинарството. Задолжително е носење на потврдата за положен испит која ја добиваме по полагањето со точниот број на освоени поени.

e-mail адреси

*** Асистент бр. 1 по „Слобода на изразување“ - Милена Апостоловска: apostolovska_mi@yahoo.com
Асистент бр. 2 по „Слобода на изразување“: runceva@gmail.com

*** Истакнат стручњак по „Новинарски аналитички жанрови“ Елена Петреска: elenasimonovska@yahoo.com
и
elena.petreska@icmpd.org

***Нови информации за овој семестар

Ова се работите кои успеав да ги дознаам денес.

***За утре(четврток) имаме домашна задача за кај проф. Смилевски. Треба да се напише коментаторски извештај на тема Проектот Скопје 2014. Нема да ни замери ако имаме одредени грешки туку преку нив ќе научиме како треба.
***Предметот Слобода на изразување ќе ни го предава проф.Фрчковски наместо проф. Јакимовски.
***Книгата "Слобода на изразување" од проф. Фрчковски може да се купи во фотокопирницата карши Битпазар.
***Книгата "Жанрови во медиумите" ја има во фотокопирницата на факултет. Откако ќе ја купиме книгата треба да се пронајде лекцијата за тоа Што треба-а што не треба да се објавува низ медиумите. Истата треба да се прочита и за неа да се најдат примери низ нашите медиуми. Оваа домашна задача треба да се предаде во понеделник.
***Студентите кои овој семестар положија Вовед во право кај проф.Астеруд, оценки ќе зимаат на 3 март(среда), од 14 - 15.30 часот. Студентите/тките ЛИЧНО со уреден индекс и пријава треба да се појават во кабинетот на асс. м-р Каролина Ристова-Астеруд во закажаните термини;

СЕ МОЛАТ СИТЕ КОЛЕГИ КОГА ЌЕ ДОЈДАТ ДО БИЛО КАКВА КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ФАКУЛТЕТ, ДА ЈА СПОДЕЛАТ НА БЛОГОТ ВО КОМЕНТАРИ, ИЛИ ДА МЕ ИСКОНТАКТИРААТ ДА ОБЈАВАМ СЕ ШТО ТРЕБА!!!

Теми за „Печатени и електронски медиуми“

  1. Телевизијата како медиум и зависноста од неа (Елма и Верица)
  2. Македонските ТВ канали и партиското влијание врз нив (Ивана Ц. и Деспина)
  3. Споредба на македонскиот јавен сервис со балканските, европските и светските. (Весна, Ивана М. и Славица)
  4. On-line новинарство (Ристевска и Наташа)
  5. Религијата и медиумите
  6. Споредба на македонските приватни медиуми со балканските, европските и светските (Игор и Кика)
  7. Интернет новинарство (Моника, Ивана Ц. и Деспина - втора тема)
  8. Македонски јавен сервис (Елена Т.)
  9. Глобализација и медиуми (Јана и Наталија)
  10. Медиумско третирање на ХИВ и СИДА (Ивана Ј.)
  11. Цензура (Ана и Андриана)
  12. Слобода на мислење и изразување (Моника)
  13. Радио (Андриана и Ана)
  14. Медиуми и маркетинг (Главчева и Пеце)
  15. Медиумска манипулација и односи со јавност (Сашка Д. и Александра)
  16. Креирање на сопствениот имиџ преку медиумите (Ивана Ц.)
Секоја семинарска (3-5 или 5-10 стр.) исцрпно треба да се изработи со наведување на детални референци од каде што се извадени податоците.

Семинарските може да бидат индивидуални или групни.не мора строго да се придржуваме кон овие теми (можеме да предложиме и наша).

За секоја предадена семинарска треба да се состават по 10 прашања со по 5 можни одговори и да и се испратат на професорката (за да направи селекција од истите) и на мене за да бидат закачени на блогов.

Пожелно е секој да изработи по 2 теми.

Маилот на проф. д-р Mаја Мишковска е: kristiico@yahoo.com
Мојот маил е: monika.risteska@gmail.com

конечна табела со поени по „Уредување во новинарството“

Тука се влезени и поените од поправниот есеј и поени од активност на тие што во меѓувреме дојдоа во редакцијата.
На тие што им фалат поени за активност нека дојдат слободно во редакција да одработат еден настан деновиве околу 9:30.

број Име и презиме есеј активност




1876 Елена Петковска 18
2049 Иван Кузмановски 20 10
2129 Лина Симеонова 12 10
2139 Наталија Крстова 7 10
2203 Дина Стојковска 7 10
2232 Мартин Насковски 5 10
2248 Катерина Величковска 3 10
2265 Билјана Ивановска 13
2266 Дарко Стојчевски 10 10
2281 Симона Симонова 16 10
2282 Мартина Јованова 18 10
2286 Верица Стојанова 15 10
2287 Елма Алибашиќ 3 10
2288 Жарко Димитриоски 18 10
2289 Сандра Стојановска
10
2290 Јана Јосифоска 18 10
2293 Ана Кукоска 10 10
2294 Небојша Даневски 2 10
2295 Александар Јовановски 4 10
2296 Моника Ристеска 12 10
2297 Марија Велковска 3 10
2298 Иванка Златевска 3 10
2299 Пере Ацев 13
2300 Игор Смилевски 2 10
2301 Елена Тарчуловска 2 10
2303 Фросина Здравеска 1 10
2305 Сашка Додевска 5 10
2306 Тања Божиќ 12 10
2307 Ивана Вангелова 2 10
2308 Александар Темелковски
10
2310 Ѓорѓи Николиќ 2
2311 Марија Главчева 4 10
2312 Христина Николовска 19 10
2315 Круме Стефановски 2 10
2316 Деспина Ѓорѓиевска 16 10
2317 Филип Печевски 5 10
2318 Онур Тахир 5 10
2319 Кристина Мерџановска 14
2320 Јована Печијаревска 20 10
2324 Ивана Милошовска 5
2325 Габријела Петковска 6 10
2327 Весна Јовановска 8
2328 Викторија Милановска 10 10
2330 Борче Трајковски 12
2332 Горан Томоски 8
2333 Славица Момировска 3 10
2336 Елена Ристевска 20 10
2337 Ивана Цветановска 7 10
2338 Елена Романова 10 10
2339 Александар Јакимовски 10 10
2341 Наташа Јорданова 18 10
2342 Ивана Соколовиќ 15 10
2343 Ивона Петрова 12
2344 Ивана Момировска 9 10
2345 Ивана Јариќ 20 10
2346 Сања Тодевска 1 10
2350 Андриана Тарабунова 16 10
2351 Олгица Арсовска 5 10
2356 Ана Шундоска 12
2357 Марија Димишкова 10 10
2361 Ангела Николовска 8 10
2362 Борис Куноски
14
2370 Слободан Ристовски
10
2372 Владо Оцевски 7 10
2373 Сашка Мишевска 18 10
2375 Александра Маневска 14 10

ПРОМЕНА НА ТЕРМИН ЗА ПОПРАВЕН ЕСЕЈ УРЕДУВАЊЕ ВО НОВИНАРСТВОТО

ПРОМЕНА НА ТЕРМИН ЗА ПОПРАВЕН ЕСЕЈ „УРЕДУВАЊЕ ВО НОВИНАРСТВОТО“


Поради комеморативната седница за колешката Валентина Велевска поправниот есеј од Уредување во новинарството се презакажува од 11.30 за 13.00 истиот ден - вторник 23.02.2010.
Ве молам проверете со службите дали ќе биде слободен малиот амфитеатар, или ќе ни најдат друга просторија и известете ме, на маил или на блогот.

Поздрав
Горан Михајловски

Оценки по „Новинарски информативни жанрови“

Во петок, 19.02, ќе се земаат оцените по предметот „Новинарски информативни жанрови“ и по предметот „Извесрување во новинарството“, во 8:00 часот, во кабинетот на проф. д-р Веле Смилевски.

Поправен есеј

Поправниот есеј од предметот „Уредување во новинарството“ ќе се одржи во вторник 23 февруари од 11.30 до 12.30 часот.


Oбрнете внимание на одделот Како да се направи приказната со краен рок и Дефинирање на работна задача. Ќе добиете неколку замислени ситуации од кои ќе мора да се направи радио, ТВ прилог, текст за весник, или интернет издание.

- При изработката на темата држете се до следниве правила:
1. Што знам и што треба да дознаам за темата?
2. Што е интересно за читателот/гледачот/слушателот?
3. Кој извор треба да даде одговор на моите прашања (институција, личност...)?

Горан Михајловски

СООПШТЕНИЕ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА VI СЕМЕСТАР

TЕРМИНИ ЗА УПИС И ЗАВЕРКА НА СЕМЕСТАР :
од 22.02.2010 до 5.03.2010


Потребни документи:

1.) Пријавни листови за упис со по 50,00 денари таксени марки, и
2.) Семестрален лист сo по 50,00 денари таксени марки и следните уплати:

- Втора рата од партиципацијата на Трезор сметка НБРМ 100000000063095, сметка на Правен факултет - Скопје 160010370078811
- Повикување на бр.723012-41 за партиципација
- Повикување на бр. 723012-41 за испити, уверенија, презапишани предмети
- Повикување на бр. 723012-41 за постдипломци

* ПОЧИТУВАЊЕ НА ТЕРМИНИТЕ ЗА УПИС НА СЕМЕСТАР Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО!
* ЗАПИШУВАЊЕ ИЛИ ЗАВЕРКА НА СЕМЕСТАР ПО РОКОТ Е СО АДМИНИСТРАТИВЕН УПИС СО УПЛАТА ОД 500,00 ДЕНАРИ.


*** Преземено од страната на Правен факултет „Јустинијан Први“ - Скопје.

Промена на термин на предавање

Предавањата по предметот „Печатени и електронски медиуми“ кај Проф. д-р Маја Мишковска ќе започнуваат во 16:45 (секој понеделник).

Оцени

Оценките по предметите Односи со јавност, Комуникациски теории 1, Историја на новинарството, Уредување во новинарството и Дизајн и огласување во новинарството – практикум ќе се внесуваат во индекс на 18.02.2010 во 12 часот.

Проф. д-р Томе Груевски

ТАБЛО =]

Распоред на предавања во VI семестар

*Понеделник
Жанрови во медиуми - практикум*Т. Груевски* 13:00-15:30*Мал амф.1
Печатени и електоронски медиуми*Д-р. М. Мишковска*16:00-19:30*Амф.10

*Вторник
Современи политички системи*Р.Дескоска и Т.Каракамишева*8:00-11:00*Мал амф.1

*Среда
Слобода на изразување*Д-р. Љ.Јаќимовски и Д.Тасковска*12:30-15:30*Мал амф.1

*Четврток
Новинарски аналитички жанрови*Д-р. В.Смилевски*08:00-11:30*предавална 4
Технологија и организација во медиуми - прктикум*В. Смилевски*13:00-15:30*мал.1

***Петок
-СЛОБОДЕН ДЕН

Поправен есеј

Поправниот есеј по предметот „Новинарство во печатени и електронски медиуми“ кај професорот Љубомир Јакимовски, ќе се одржи на 04.02.2010 во 17:30 часот. Есејот ќе биде спроведен од страна на м-р Билјана Петровска Митревска, така што сите студенти кои ќе го полагаат есејот да бидат пред просторијата за демонстратори на Правниот факултет во 17:30 часот.

Со почит
Проф. Д-р Љубомир Јакимовски
Соработник: м-р Билјана Петровска Митревска

Поправен есеј по „Уредување“

Поправниот есеј за „Уредување во новинарството“ ќе се одржи на почетокот на следниот семестар. Предложете кој ден сакате, само да не е петок.
Тие што не добиле поени за активност нека дојдат во Вест кога сакаат во периодот од 16 до 28 февруари, било кој работен ден, освен петок во 9:30 часот. Тоа важи и за тие што наводно биле, а не се регистрирани на списоците од редакција. И да биле - ништо нема да им фали ако дојдат уште еднаш.

Сите поени, активности, жалби и поплаки ги затворам на 1 март. Тогаш ќе ги испратам конечните списоци на факултет за оценка.

Поздрав
Горан Михајловски

Апсолвентска вечер

Оваа година апсолвентската вечер за студентите на новинарски и политички студии ќе се одржи во средината на мај, во хотелот Холидеј ин. Цената на билетот за вечерта е 1600 денари, во која влегуваат вечерата (предјадење, главно јадење, десерт) и пијалок (сокови и наливно вино). Жестоките пијачки (водка, коњак, узо и слично) ќе бидат достапни по дистрибутивна цена од 60 денари.

Плаќањето се врши на две рати, по 800 денари во февруари и март, кај координаторот на групата Елена Ристевска. Студентите ќе добијат билет кој ќе послужи како влезница и подоцна при служењето на вечерата на прославата.

Дел од одборот за организирање и одговорни за вечерта се Елена Ристевска и Наташа Јорданова кои може да ве информираат дополнително.

По завршувањето на официјалниот дел од вечерта студентите по избор може да ја продолжат забавата во некоја дискотека.

Досегашната практика апсолвентската вечер на овие две групи апсолвенти, да се слави во ресторанот Имес е прекината оваа година поради пожарот во ресторанот и нивната неможност да дадат понуда.

ВАЖНО: Овој предлог е поддржан од деканатот на Правниот факултет. Сите други евентуални варијанти ќе бидат на товар на некој од студентите кои ќе мораат дополнително да се ангажираат на своја рака да ја организира апсолвентската вечер.

Резултати од есеј

Резултати од поправниот есеј по „Известување во новинарството - практикум“:

2362 - 17
2203 - 17
2314 - 16
2356 - 7
2370 - 8
2311 - 9
2350 - 8
2338 - 8
2289 - 7
2310 - 7
2129 - 9
2361 - 7
2265 - 8

Темата за есеј на 4ти февруари е:
„Меѓуетничките односи во Мекедонија во светлината на последните настани“.

Пирамида

Се молат студентите кои се во можност вечерва да бидат во публиката на емисијата Пирамида, каде ќе гостува професорката Тања Каракамишева, да се пријават со коментари на овој пост.